Контакт

Крвав четврток

Кацарска до обвинетиот Трајковски: Ќе ве исфрлам од судницата

Објавено пред

Kacarska Кацарска

Судијката Добрила Кацарска за време на сведочењето на пратеникот Мухамед Зеќири за 27 април остро реагираше на однесувањето на обвинетиот Влатко Трајковски по што му рече дека доколку не престане со недоличното однесување ќе го исфрли од судницата.

„Последен пат ве опоменувам, престанете да го нарушувате редот во судницата, во спротивно ќе ве исфрлам од судницата и целото судење ќе бидете надвор“, рече Кацарска.

Претседателката на Судечкиот совет отфрли голем број од прашањата на одбраната по приговор на обвинителството дека не се во согласност со исказот на сведокот.

По Зеќири, сведочење за 27 април ќе има и градоначалникот Петре Шилегов.

Виктор Јованов

 

Крвав четврток

До крајот на мај, обвинение за организаторите на крвавиот четврток

Објавено пред

Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, рече дека најдоцна до крајот на мај очекува да биде подигнато обвинение за организаторите на упадот во Собранието од 27 април 2017.

„Најдоцна до крајот на мај очекувам да биде подигнато обвинение за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Но, не очекувам дека во скоро време ќе ми се укаже можност да го сослушам и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство“, рече Рускоска.

„Добар дел од сведоците кои планирав да ги сослушам ги сослушав. Оваа недела тече распитот на обвинетите. Следната недела веројатно ќе се договорам со одбраната да извршат увид во доказите, а ќе видам и дали треба да се сослуша уште некој сведок по што ќе ја привршам истрагата“, изјави Рускоска по промоцијата на Twinning Light проектот Стандардизација и хармонизација според ИСО17025 стандардот на лабораториите на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

Обвинителката кажа дека се во фаза на преведување на потребните документи за екстрадиција на последниот обвинет во првиот процес за настаните во Собранието Дејан Давидовски, кој е во бегство во Шведска. „Вчера ги дадовме доказите на превод и кога ќе биде готов преводот на доказите и сè она што се бара во постапка за екстрадиција веднаш ќе биде испратено до Министерството за правда“, рече шефицата на обвинителството.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

(Видео) Вељаноски: Се одѕвав на поканата на обвинителството

Објавено пред

По неполн час, експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски излезе од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Се одзвав на поканата на обвинителството. Не направив увид во доказите“, рече Вељаноски по излегувањето од обвинителството.

Тој е еден од петтемина осомничени организатори и осмислувачи на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. За него во февруари обвинителството побара, но судот не определи притвор бидејќи Собранието не му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Вештачењето на телефонот на Вељаноски, што беше дел од судењето за крвавиот четврток, покажа дека од неговиот телефон се испратени 4 пораки до Никола Груевски пред и на денот на крвавиот четврток.

Во моментите кога е избран Талат Џафери за претседател на Собранието, Вељаноски побарал од Илија Димовски пратеници да му го чуваат кабинетот. На Никола Тодоров, пак, му испратил порака да се собере народ. По настаните Вељаноски интензивно комуницирал со пратеникот Крсто Мукоски и со шефот на обезбедувањето, Горан Ѓошевски Леви, и двајцата неправосилно осудени.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Вељаноски на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал

Објавено пред

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, утрово се појави на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Тој не влезе низ официјалниот влез на обвинителството туку низ еден од споредните влезови во зградата.

Тој е еден од петтемина осомничени организатори и осмислувачи на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. За него во февруари обвинителството побара, но судот не определи притвор бидејќи Собранието не му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Вештачењето на телефонот на Вељаноски, што беше дел од судењето за крвавиот четврток, покажа дека од неговиот телефон се испратени 4 пораки до Никола Груевски пред и на денот на крвавиот четврток.

Во моментите кога е избран Талат Џафери за претседател на Собранието, Вељаноски побарал од Илија Димовски пратеници да му го чуваат кабинетот. На Никола Тодоров, пак, му испратил порака да се собере народ. По настаните Вељаноски интензивно комуницирал со пратеникот Крсто Мукоски и со шефот на обезбедувањето, Горан Ѓошевски Леви, и двајцата неправосилно осудени.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 20197 часа

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија9 часа

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Македонија10 часа

Од утре теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал утре ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Избори 201910 часа

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија11 час

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија13 часа

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет14 часа

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет15 часа

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет17 часа

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија17 часа

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет17 часа

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа17 часа

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Свет1 ден

(Видео) Светските знаменитости во боите на Франција

Многубројни светски споменици минатата ноќ светнаа во боите на Франција како знак на поддршка и солидарност по повод трагичниот пожар...

Македонија1 ден

Вклучен аларм во училиштата по случаите на деца што се самоповредувале поради интернет-игри

Во врска со информациите поврзани со учеството на ученици во игри објавени на глобалната интернет-мрежа, кои се карактеризирани како ризични...

Македонија1 ден

(Видео) Антикорупциската ќе поднесе прекршочни постапки против градоначалниците Бочварски и Георгиевски

ДКСК делумно ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ против општините Гази Баба и Штип и одлучи да поведе прекршочни постапки за...

Македонија2 дена

Епидемија на морбили има, вакцини во Кичево нема

Речиси цел месец во Здравствениот дом во Кичево нема вакцини против морбили. Родителите реагираат бидејќи иако сакале да ги вакцинираат...

Македонија2 дена

(Видео) Фазлиу: Градоначалниците да објават како ги трошат парите на нивните веб-страници

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, им порача на градоначалниците дека ќе бара одговорност доколку парите ги трошат недомаќински и...

Македонија2 дена

(Видео) Франција треба да каже како да ѝ помогнеме

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека сè уште нема конечна одлука на кој начин ќе ѝ се помогне на Франција...

Крвав четврток2 дена

До крајот на мај, обвинение за организаторите на крвавиот четврток

Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, рече дека најдоцна до крајот на мај очекува да...

Македонија2 дена

(Фото) Барокниот летниковец на плоштадот стана нужник

Барокниот летниковец од проектот „Скопје 2014“ стана нужник. Околу летниковецот, кој чинеше 350 илјади евра и се наоѓа меѓу недоизградените...

Досие