Контакт

Македонија

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Објавено пред

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да ѝ се јави за да ѝ каже како да одлучи за некој предмет. Коментирајќи ги критиките од ВМРО-ДПМНЕ дека за претседателка е избрана поради затворските пресуди што ги донела за осудените во предметот за упадот во Собранието на 27 април, Кацарска вели дека тие не допираат до неа бидејќи се невистини, но допираат до нејзините мајка и ќерка.

„Критика што не е заснована на факти не допира до мене. Зарем по 34 години судиски стаж, некој може да го оспорува мојот избор во Уставниот суд? Имаше од кого да учам. Критиката од опозицијата е секојдневна. Жалам што тоа допира до мојата ќерка и до мајка ми, до мене не. Сѐ додека чесно си ја вршам мојата работа, до мене тоа не допира. Во поглед за предметот за 27 април, криво ми е што се изнесуваат такви невистини. Не може да станува збор за уставобранители, луѓе што влегле насилно во Собранието, кои поставиле експлозивна направа, кои тепале пратеници, новинари, полицајци. Жалам што не се направи план за тоа судење да оди во живо постојано. Два месеца по 10 часа во судница гледавме снимки од кои се згрозуваме. Политиката врз мене не може да влијае. Ви ветувам дека ниту еден политичар, никогаш, не може да влијае врз мене“, рече Кацарска.

Коментирајќи за изборот на нови уставни судии, таа рече дека се надева оти ќе се изберат професионални и чесни судии.

„Не постои политичар што може да ми се јави и да ми каже како да одлучам по некој предмет. Кои судии ќе ги изберат политичарите, тоа можете да разговарате со претставниците на политичките партии. Се надевам дека ќе изберат професионалци и чесни судии. Се надевам ќе имаат сенс за тоа кого ќе го предложат и изберат за судии во Уставниот суд“, додаде Кацарска.

Таа смета дека Уставниот суд е затворена институција и дека ќе работи на тоа новинарите да имаат пристап до сите информации. Кацарска рече дека веднаш им кажала на службите новинарите, за разлика од порано, да бидат пуштани во просториите со мобилни телефони.

„Јас бев изненадена кога дознав дека вам новинарите ви е забрането да влегувате со мобилни телефони. Од наредната седница ќе влегувате слободно со мобилни телефони. Барав да ми се даде одлука, заклучок, за ова од судиите, но ми кажаа дека нема нешто такво. Рекоа само дека било кажано од таа и таа дата новинарите да не влегуваат со телефони. Новинарите ми кажаа дека не можете да знаете за кој предмет станува збор, сѐ што е спорно – ќе се средува. Судот максимално ќе се отвори за јавноста. Ќе има многу новини во Уставниот суд. Сѐ она што е според законот мора да го спроведуваме. Јас прва го отворив Кривичниот суд во 2005 година. Кога дојдов во Уставниот суд, не ми беше јасно тоа што е целосно затворен. Сакам максимално да го отворам судот, тука нема да има никакви проблеми“, рече Кацарска.

Македонија

Oд денес аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Објавено пред

Од денес започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, во месечен износ од 2400 денари за 9 месеци во годината.

Министерството за образование и наука информира дека за субвенциониран студентски оброк можат да аплицираат сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Северна Македонија. Притоа, апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови:

-да не се во редовен работен однос;

-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и

-да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Аплицирањето за субвенциониран студентски оброк се врши исклучиво електронски, преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, каде пополнети и потпишани се прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. При аплицирањето, студентите задолжително да го погледнат и документот – Насоки за внесување на трансакциска сметка при пријавување за субвенциониран студентски оброк.

МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, а кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите.

Рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 31 август 2021 година. За кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2021/2022 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 31 октомври 2021 година.

По истекувањето на роковите за пријавување, Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат, а средствата ќе им се префрлаат на трансакциските сметки на студентите чии апликации се прифатени, на почетокот на секој месец.

Прикажи повеќе...

Македонија

Портокалова фаза и денеска со температури до 43 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 35 до 43 степени. УВ= 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 42 степена.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Прикажи повеќе...

Македонија

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 40 минути

Објавено пред

Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Милиони луѓе во Австралија во строг карантин

Австралиските држави на источниот брег, Нов Јужен Велс (НЈВ) и Квинсленд, денеска се соочија со ново ширење на делта-сојот. Милиони...

Спорт2 часа

Дресел е првата ѕвезда на Олимпијадата со пет златни медали!

Американскиот пливач Кејлеб Дресел стигна до своето петто злато на Олимпијадата во Токио комплетирајќи едно од најголемите спортски остварувања во...

Регион13 часа

(Видео) Евакуирани четири села во Грција поради пожари

Шумските пожари што избија денеска на западниот дел на Пелопонез ги принудија грчките власти да евакуираат четири села, како и...

Свет16 часа

Британскиот премиер го очекува своето седмо дете

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена по втор пат. Таа објави на Инстаграм дека двојката...

Свет17 часа

(Видео) Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши. Планирани се...

Топ18 часа

Нападната вработена во Ургентниот центар во Куманово

Вработена во Ургентниот центар во Куманово пријавила дека додека била на работното место ја нападнало едно лице. Инцидентот се случил...

Македонија20 часа

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.315...

Македонија22 часа

Две дози вакцина во Македонија примиле над 390.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583...

Свет23 часа

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Спорт24 часа

Ѓоковиќ поразен – пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит...

Македонија1 ден

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија1 ден

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија1 ден

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион2 дена

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион2 дена

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија2 дена

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија2 дена

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија2 дена

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија2 дена

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија2 дена

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Досие