Македонија
Кај пациент извршена трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри: „Дарувањето органи е највисока форма на човекољубие и хуманост“

Кај 69-годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псевдоартроза, објави Министерство за здравство.
„Пациентот е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализантот по анестезија д-р Ерхан Салкоски, инструментарка Татјана Дукадиновска, помошник-инструментаркаѕа Билјана Троановиќ, сестрата анестетичар Мерита Рамадами, болничарот Дардан Сељмани и радиолошкиот техничар Крешник Шеху“, напишаа од Министерството во објава на „Фејсбук“.
„Изразувам благодарност и почит до сите здравствени работници вклучени во процесите на трансплантација. Дарувањето органи е највисока форма на човекољубие и хуманост во моменти на лична и семејна загуба. Самиот чин на дарување да се спасат неколку други животи или да се подобри квалитетот на животот кога семејството е во голема болка од загубата секогаш ме остава без здив од нивната хуманост и величина“, вели проф. д-р Билјана Кузмановска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.