Контакт

Македонија

Кенгурите во скопската зоолошка добија живеалиште со нов изглед

Објавено пред

Живеалиштето за кенгурите, односно реонот на скопската зоолошка градина познат како „Австралија“ доби нов изглед.

Белите кенгурчиња од скопската зоолошка беа масовно пренесувана вест во сите светски медиуми, а покрај Пикси и Арчибалд, фамилијата има трет бел член, малото кенгурче Квики.

Како што информираат од зоолошката, благодарение на донацијата од компанијата „Подравка“, кенгурите добија нов реновиран дом, со нови поилки, ограда и придружни елементи, а просторот пред живеалиштето е збогатен со нови интерактивни содржини и игри за деца.

Македонија

Јане Велковски ќе учествува на самитот на УНИЦЕФ за Светскиот ден на детето

Објавено пред

На овогодишниот Светски ден на детето, Јане Велковски, единаесетгодишен застапник за деца со попреченост од Северна Македонија, ќе му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк каде деца и млади ќе побараат да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата.

Самитот на УНИЦЕФ е дел од прославата за одбележување на Светскиот ден на детето кој се поклопува со 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, најшироко ратификуваната спогодба за човекови права во историјата.

„Навистина сум многу возбуден затоа што ова е огромен настан. Но истовремено сум многу среќен затоа што ќе можам да му кажам на целиот свет дека сите се еднакви и дека луѓето со попреченост може да ги прават истите работи како и сите други. И дури и да не може да ги прават сите работи, тоа не значи дека не треба да уживаат во животот,“ рече Јане Велковски.

Јане ќе учествува во интерактивниот дел во кој ќе бидат претставени деца застапници, ќе има креативни елементи, музички настапи и учество на амбасадори на добра волја. Тој ќе зборува заедно со други четири деца за време на панел дискусијата насловена како „Да не изостане ниедно дете: за секое дете, сите права“.

„Јане е инспирација за сите нас и пример што може да постигнат децата ако им се даде фер шанса. Многу сме горди што токму тој ќе ја сподели својата порака со светските лидери. Тој ни покажува дека, како и секое дете, децата со попреченост со себе носат потенцијал за среќен, исполнет живот, витално учество во заедницата и давање свој придонес за да изградиме инклузивни и одржливи општества за сите“, рече Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ.

Заедно со Владата и во партнерство со Делегацијата на Европската унија, УНИЦЕФ во Северна Македонија организира низа активности за да ја одбележи 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето. Училиштата низ целата земја се вклучени во активностите околу „Најголемата лекција на светот“ и ја пишуваат „Иднината на детството“. Над 1300 деца испратија свои креативни дела кои ќе бидат дел од настанот на високо ниво во Владата „За децата, од децата“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Објавен конкурсот за наградата Жан Моне 2019

Објавено пред

Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми го објавуваат 17-тото издание на конкурсот за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”.

Наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории: 1. Најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми и/или на интернет); 2. Најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет); 3. Најдобра аматерска фотографија.

Крајниот рок за пријавување е 27 ноември 2019 година, до 18.00 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Антикорупциската го затвори предметот против Мицкоски за хидроцентралите

Објавено пред

По кратка постапка, за само пет минути, Антикорупциската комисија го затвори предметот против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се однесуваше на добивање концесија за изградба на хидроцентрали додека бил директор на ЕЛЕМ и советник на поранешниот премиер Никола Груевски.

Антикорупционерите утврдија дека во случајот не постои судир на интереси бидејќи кога бил распишан тендерот, Мицкоски не извршувал никаква функција, па така предметот беше експресно затворен и архивиран.

„Наводите во јавноста и медиумите за средствата и финансирањето на неговите компании се неточни. Тој дојде во ДКСК и имавме многу конструктивно интервју. Во април 2015 тој е избран за советник на тогашниот премиер Никола Груевски. Во моментот кога се распишува тендерот, тој не извршува никаква функција“, рече Катица Николовска, член на ДКСК.

Предметите за Мицкоски беа отворени по допрен глас, односно по прес-конференција на СДСМ, на која беше повикана антикорупциска комисија да ја испита сопственоста на хидроцентралата во која Мицкоски имал удел како сопственик на фирмата „Енерготек“ ДОО Скопје.

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Антикорупциската го затвори предметот против Мицкоски за хидроцентралите

По кратка постапка, за само пет минути, Антикорупциската комисија го затвори предметот против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се...

Македонија2 часа

(Видео) Царовска: Речиси 700 фантоми, кои немаат документи, ќе добијат граѓански статус

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од Матичната книга на родените и не се запишани никаде во...

Македонија2 часа

Антикорупционерите бараат одговорност од Анѓушев поради судир на интереси

На дневен ред на седницата на антикорупциската комисија се два предмета поврзани со вицепремиерот Кочо Анѓушев – едниот поврзан со...

Македонија3 часа

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа3 часа

Снежна бура во Франција: еден загинат, 300.000 дома останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет3 часа

Полската полиција евакуира училиште и зграда по пронаоѓањето експлозив во стан

Според полското радио РМФ ФМ, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани кога полицајците откриле...

Свет4 часа

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион5 часа

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет5 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет6 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Македонија18 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура20 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија21 час

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион21 час

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија24 часа

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет1 ден

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија1 ден

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија1 ден

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија1 ден

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Досие