Контакт

Македонија

(Видео) Километарска колонa возила на патарината кај Велес

Објавено пред

Колона од неколку километри е формирана на патарината кај Велес, во правец кон Скопје.

Ваквата слика е вообичаена на патиштата во земјава кога има продолжен викенд. Голем број граѓани кои заминаа од главниот град за Велигденските празници сега се соочуваат со метеж на пат кон дома.

Според очевидци, колоната пред патарината во Велес е долга десетина километри.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Алтернатива за „Рекет“: Да не дозволиме од успешна приказна да се претвориме во септичка јама

Објавено пред

„Очекуваме да се изнајде некој во оваа држава кој ќе има државна свест и совест и кој ќе посакува Северна Македонија да не се претвори од успешна приказна, која се одвиваше овие две години, во ‘септичка јама’, во која ќе цути организираниот криминал и корупцијата“. Ваков е ставот на политичката партија Алтернатива на Африм Гаши, од каде денеска се осврнаа на случувањата со аферата „Рекет“.

Независно од нивната моментална политичка позиција, нагласуваат од Алтернатива, тие остануваат на ставот дека селективната правда е уривање на државата.

„Почитувајќи ја презумпцијата на невиност, не си даваме за право да присвоиме улога на судија, но затоа го повикуваме Основното јавно обвинителство за случајот ‘Рекет’ да има најголема посветеност и, притоа, никој да не биде амнестиран, кој и да бил тој и каква и да е функција да има. Криминалците и рекетарите имаат само еден заеднички идентитет на криминал и рекет“, нагласуваат од партијата на Гаши.

Алтернатива ја потврди поддршката за Законот за Јавното обвинителство, со што се предвидува и СЈО да стане дел од Основното јавно обвинителство и нагласи дека остануваат на ставот оти со новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да раководи Албанец.

Прикажи повеќе...

Македонија

За изземање на Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“ ќе одлучува Јанева

Објавено пред

Судијката Марија Клетничка даде нова пауза до 14 часот, во која шефицата на СЈО, во оставка, Катица Јанева, треба да одлучи дали ќе ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во предметот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал.

Предлогот на адвокатот на Исмет Гури, Еленко Миланов, за изземање и на шефицата на СЈО, Катица Јанева, судијката го отфрли како неоснован.

Предлозите за изземање на обвинителите до судот утрово ги поднесе Миланов по што беше дадена пауза.

Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ – Ејуп Аљими и Исмет Гури, заменик-директорот на УЈП Скопје. Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Според обвинението, Аљими и Гури влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. Првото рочиште за предметот се одржа на 16 март 2018 година.

Предметот е пред завршни зборови и пресуда.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се чистат диви депонии во општина Аеродром

Објавено пред

Општина Аеродром во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ деновиве спроведува голема акција за чистење на дивите депонии на повеќе локации во општината.
Целосно се исчистени депониите во непосредна близина на амбулантата во населба Лисиче, како и на просторот меѓу Лисиче и Реонски центар – Аеродром.

Службите денеска работат на расчистување на дивата депонија во местото познато како Бановина во Горно Лисиче, а за наредните денови се планира расчистување на Усјанскиот Канал, како и диви депонии во Долно Лисиче.

Општина Аеродром истовремено ги охрабрува граѓаните доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации, да пријават на телефонскиот број ‎075-316-515. Комуналните инспектори на Општина Аеродром работат во две смени и за викенди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

За изземање на Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“ ќе одлучува Јанева

Судијката Марија Клетничка даде нова пауза до 14 часот, во која шефицата на СЈО, во оставка, Катица Јанева, треба да...

Македонија2 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ3 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија3 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Свет3 часа

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија3 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа4 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет5 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија16 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет17 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет17 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија18 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет18 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт20 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион1 ден

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Досие