Контакт

Македонија

Клиниката за хематологија апелира до граѓаните редовно да одат на преглед

Објавено пред

Раното дијагностицирање на хематолошки малигни заболувања може да спаси живот.

Пред повеќе од една година новиот коронавирус започна да се шири низ светот и предизвика пандемија, а со тоа и кризна состојба на светско ниво.

Она што навистина загрижува, велат од Клиниката за хематологија, е тоа што што поради стравот и мерките на претпазливост пациентите одбегнуваат да одат на рутински прегледи кај своите матични лекари и сè почесто одлучуваат да останат дома дури и кога имаат симптоми и нарушено здравје.

Ваквата состојба, велат од таму, е особено загрозувачка за лицата кои имаат хематолошки заболувања.

Токму поради тоа, директорката на Универзитетската клиника за хематологија, проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис, апелира до граѓаните кои имаат потреба за преглед или лекарска консултација да не го одложуваат одењето на лекар бидејќи раното дијагностицирање и соодветниот третман на хематолошките малигни заболувања имаат клучно значење за излекување и успешен клинички исход од третманот.

Ако пациентите се третираат навремено, вели таа, многу од нив може да се излекуваат и да имаат долг и квалитетен живот.

„Пандемијата со Ковид-19 има големо влијание врз времето потребно за поставување на финалната дијагноза кај пациентите кои страдаат од хематолошки малигни заболувања. Дисконтинуитетот во патот на дијагностика на пациентот со малигна лимфаденопатија доведе и до намален број на новодијагностицирани пациенти. Голем дел од пациентите од страв од самата пандемија остануваат дома, самите не можат да ги препознаат симптомите на малигна лимфаденопатија и сето ова води кон задоцнето поставена дијагноза, а со тоа и полош клинички исход за пациентите. Ги советувам пациентите да не се плашат од евентуална зараза со коронавирусот затоа што на клиниката строго се почитуваат и спроведуваат сите здравствени протоколи. Со цел прегледите да бидат побрзи и безбедни, со пократок ред на чекање и да се запази социјалната дистанца, а притоа пациентите да добијат современа и комплетна услуга, по принципот еден пациент во една ординација, работата на клиниката се одвива во две смени. Апелирам и до матичните лекари да ја користат новата е-амбуланта, дел од ‘Мој термин’ (телефонска консултација со матични лекари) која овозможува закажување на консултативен термин со одреден специјалист за своите пациенти за кои сметаат дека имаат потреба од специјалистичка консултација“, вели проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис.

Таа додава дека бидејќи и психофизичкото здравје на пациентите кои веќе имаат поставена дијагноза малигнен лимфом е многу важно подготвена е и соодветна брошура на тема „Водич запациентите со не-хочкинов лимфом“.

Имајќи ја предвид важноста на навременото дијагностицирање на ваквите заболувања, Здружението за хематологија на Македонија изработи и нов Алгоритам за дијагностика на зголемени лимфни јазли во тек на пандемија. Новиот алгоритам веќе е достапен за сите матични лекари и општи болници на ниво на целата држава.

„Во изминатиот период беа организирани и неколку едукативни вебинари за стручната јавност, како и гостувања во телевизиски емисии од областа на здравството, на тем ‘Што претставува лимфомот’ со цел да ја зголеми јавната свесност за оваа болест, нејзините рани симптоми, како и кој е најбрзиот пат до соодветна дијагностика, затоа што смртноста на недијагностицираните и нетретирани малигни болести е поголема од смртноста предизвикана од Ковид-19“, велат од Клиниката за хематологија.

Македонија

Николовски и Груби за Пауновски: Неприфатливо е да не се почитуваат одлуките на Владата

Објавено пред

Пауновски знае дека инспекторатите добиваат 104 вработувања, од кои 15 се за Државниот пзарен инспекторат и се надвор од оние според правична застапеност неприфатливо е да не се почитуваат одлуките на Владата, се наведува во заедничко соопштение на вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, и на вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

Во него се наведува дека административците се распоредуваат во друга институција од јавен сектор на соодветно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува.

„Овие лица се веќе вработени, за нив не се потребни дополнителни финансии и во согласност со планот, по распределбата во конкретните институции, нивната работа ќе биде оценувана според критериумите на мерит-системот. Административните службеници што се распоредуваат не се замена за редовните побарувања за кадрите што ги имаат институциите, како, на пример, побарувањата што ги имаат инспекторатите. Побарувањата за нови вработувања одат преку засебна, целосно одвоена процедура, врз која никако не влијаат овие распоредувања“, се наведува во соопштението.

Во согласност со тоа, се додава во него, Владата на 43-тата седница има донесено и одлука за 104 нови вработувања на инспектори во инспекторатите, при што ги има задолжено министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за политички систем да ги одобрат годишните планови за вработување на инспекциските служби, а особено за Државниот пазарен инспекторат. Груби и Николовски велат дека станува збор за нови вработувања, кои никако не се поврзани со распределбата на веќе вработените според правична застапеност.

„Владата нема очекувања ниту побарувања распределените лица во Инспекторатот да ги вршат работите на инспекторите, но Владата знае дека во сите институции има потреба од дополнителен ангажман на разни нивоа, особено ако за тоа институцијата нема дополнителен финансиски трошок. Затоа, не треба да се манипулира јавноста дека ова распоредување, кое е во согласност со усвоен закон и во согласност со одлуките на Владата, ја заменува потребата од нови кадри“, се наведува во соопштението.

Груби и Николовски во заедничкото соопштение наведуваа дека за секое несогласување за владини одлуки постоеле и постојат јасни механизми тоа да се оствари со институциите преку соодветната организациска поставеност, преку службени белешки, преку работни состаноци, на кои се аргументираат спроведувањето на политиките и одлуките во реализацијата на програмите на Владата.

Тие исто така ја известуваат јавноста дека премиерот Зоран Заев вчера имал обид за директна комуникација со директорот Пауновски со цел изнаоѓање заедничко решение, но Пауновски не одговорил на повикот.

„Со истапувањето од јасно утврдени канали за комуникација во рамките на владините институции, експлицитно се прекршуваат членот 4 и членот 6 од Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата“, се наведува во соопштението.

Претходно, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, објасни дека одбил вработување на рамковните административци бидејќи, според систематизацијата на Државниот пазарен инспекторат, тие не ги исполнувале критериумите. Тој побара рамковните, кои ѝ се доделени на институцијата со која раководи, да ги земе друга, каде што ќе може да работат според образованието.

По ова, премиерот Зоран Заев изјави дека очекува Пауновски да биде разрешен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно време со врнежи од дожд

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно, околу пладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен правец. Минималната температура ќе биде околу 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Oд недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мешовитата комисија не постигна договор за учебниците, темата за Гоце Делчев не дојде на ред

Објавено пред

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања не постигнаа договор за учебниците во Бугарија, а темата за заедничко чествување на Гоце Делчев не беше воопшто дискутирана.

„Откако на претходните средби беа дискутирани учебници во Р. Бугарија по историја за 6 клас, членовите на Комисијата водеа исцрпна дискусија за забелешките на колегите од Република Бугарија за македонските учебници по историја за седмо одделение. Дискусијата во најголем дел се водеше за пристапот и формата на препораките за учебниците. Остануваат големите разлики во пристапот и погледите како да се формулираат препораките за учебниците по историја“, соопшти македонското Министерство за надворешни работи по состаноците на Комисијата, што се одржаа вчера и денеска.

Од македонска страна биле предложени неколку идеи како да се надминат точките во учебниците што имаат потенцијал да ја политизираат историјата и со тоа да поттикнуваат нови или ги одржуваат во живот политичките спорови.

„Македонската страна ќе продолжи да инсистира на почитување на принципите и препораките на УНЕСКО, Советот на Европа и други релевантни меѓународни и академски институции како најсоодветен начин за надминување на историските спорови и деполитизирање на историјата и историското образование и исполнување на договорот за пријателство и добрососедство потпишан помеѓу Република Македонија и Република Бугарија во 2017 година“, се наведува во соопштението.

Од МНР додаваат дека поради долгата и исцрпна дискусија за учебниците, темата за заедничко чествување на Гоце Делчев не била воопшто дискутирана.

Следната редовна средба на Комисијата ќе се одржи на 10 и 11 јуни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Николовски и Груби за Пауновски: Неприфатливо е да не се почитуваат одлуките на Владата

Пауновски знае дека инспекторатите добиваат 104 вработувања, од кои 15 се за Државниот пзарен инспекторат и се надвор од оние...

Македонија4 часа

Мешовитата комисија не постигна договор за учебниците, темата за Гоце Делчев не дојде на ред

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања не постигнаа договор за учебниците во Бугарија, а темата за заедничко чествување на...

Македонија5 часа

33 починати пациенти и 489 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 2.841 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи...

Македонија6 часа

Заев: Има основа за разрешување на Пауновски, тој ми е пријател но станува збор за принцип

Премиерот Зоран Заев очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа. Ова доаѓа откако претходно...

Македонија6 часа

Вакцинираните од следната недела ќе добиваат потврда која служи како ковид-пасош

Од следната недела ќе почне издавањето на потврдата за вакцинирање која сè уште нема официјален статус на ковид-пасош, но ќе...

Македонија7 часа

Николовски: Законот за потекло на имот ќе спречи незаконско богатење врз грбот на граѓаните

Студијa подготвена од домашни и странски експерти која се однесува на подготовка на предлог-закон за потекло на имот денеска беше...

Регион8 часа

Партијата на Борисов не може да добие мнозинство, кандидатот го врати мандатот

Кандидатот за премиер на бугарските партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Унија на демократски сили (УДФ), Даниел...

Македонија9 часа

Вакцини од „Фајзер“ секој понеделник, а со кинеската вакцина имунизацијата ќе почне по Велигден, најави Филипче

Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на „Фајзер“ следниот месец. Министерот Венко...

Македонија9 часа

Пратениците се вакцинираат со „спутник“, Џафери очекува Собранието во мај да се врати во нормала

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во...

Европа10 часа

Суперзаразниот индиски вид коронавирус пристигна во Европа, откриен во Белгија

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале од...

Свет10 часа

Треба ли вакцинираните да носат маски на отворено?

Дали вакцинирано лице кое оди на отворено сè уште треба да носи маска? Дали е потребно да се носи маска...

Свет10 часа

Сè помалку надеж за екипажот на исчезнатата подморница, се стравува дека е смачкана од притисокот на водата

Во морето недалеку од Бали во тек е очајна трка со времето. Бродови на индонезиската морнарица, како и од низа...

Регион10 часа

Вучиќ: Не сакаме голема Србија

Нe сме заинтересирани за создавање голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра...

Свет11 час

Студија: Една доза од „астразенека“ и „фајзер“ значително го намалува ризикот за зараза со коронавирусот

Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на „Астразенека“...

Македонија11 час

Од коронавирус почина д-р Сенат Грбовиќ

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ објави дека од компликации од коронавирус починал 53-годишниот лекар д-р Сенат Грбовиќ....

Македонија12 часа

Денеска се вакцинираат пратениците

Во „А1 арената Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот...

Македонија1 ден

Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со...

Топ1 ден

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана. Според твдењето...

Македонија1 ден

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека...

Регион1 ден

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за...

Досие