Македонија
Ковачевски – Донкел: Соработката со Луксембург се интензивира, силна поддршка за евроинтеграциите

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со Филипе Донкел, нерезидентен амбасадор на големото војводство Луксембург за земјава, придружуван од Петар Арсовски, почесен конзул на Луксембург во нашата држава.
Како што информираат од владината прес-служба, на состанокот биле потврдени добрите пријателски односи на Северна Македонија со Луксембург и заедничката определба за унапредување на соработката на сите нивоа.
Оценето било и дека нашата држава во пракса применува европски вредности, што го покажала и со имплементацијата на политиките на линија на Европската Унија, на кои се постави во однос на ситуацијата во Украина.
Воедно, соговорниците констатирале дека почетокот на преговорите на Северна Македонија и на Албанија со Европската Унија е во функција на стабилноста на Западен Балкан и дека сега е моментот за тоа.
„Владата е посветена кон потребите на граѓаните и предизвиците по војната во Украина. Северна Македонија се постави стопроцентно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ во однос на војната во Украина и со тоа на вистинската страна на историјата. Разговорите со бугарскиот премиер Петков се водат на принципиелно ниво. Во голем дел го хармонизиравме домашното законодавство со европското. Тоа сега треба да се валоризира од ЕУ бидејќи е значајно и за регионот и за ЕУ“, истакнал Ковачевски.
На средбата станало збор и за можностите за унапредување на економската соработка со Луксембург, при што премиерот посочил на предностите за инвестирање во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Спасовски во посета на реконструираните спортски терени во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски денеска ги посетија реконструираните спортски терени во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.
Како што информираат од ресорното министерство, станува збор за ново игралиште за мал фудбал со вештачка трева, големото фудбалско игралиште, како и систем за наводнување на игралиштето, наменети за потребите на припадниците на Единицата за брзо распоредување при МВР, донација од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
„Градежните и реконструкциски активности на спортските терени опфаќаат обновување на тревната површина на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа на фудбалскиот стадион со црева и прскалки за наводнување и одржување на тревната површина, фудбалскиот стадион, поставување на 4 столбови со 16 рефлектори на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа за малите фудбалски игралишта, поставување на вештачка трева со силикатна подлога на игралиштето за мал фудбал, поставување на фудбалски мрежи за головите на големото и малото фудбалско игралиште, како и донирање на фудбалски топки и делови од спортска опрема наменети за работните и спортски активности на припадниците на оваа Единица“, се наведува во соопштението на МВР.
Македонија
СДСМ: Арсовска спротивно на законoт поставилa Генерален секретар на Град Скопје

Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го именувале за секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски, актуелен советник во општина Чаир од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.
„Ова освен што е неетички, туку е и спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Надлежните ограни се веќе известени и овој случај мора да има разрешница“, реагираат од партијата.
Според СДСМ, Арсовска одново докажува дека освен груба партизација на Град Скопје ништо друго и не прави.
„Одамна е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје“, се наведува во реакцијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Што зборувал Џафери со контроверзните Чеченци кои се верни следбеници на Путин?

Собранискиот спикер Талат Џафери влегува од скандал во скандал, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„После примитивизмот и пцуењето на вработени во Собранието, дојде нов скандал за негови врски и средби со лица од Чеченија кои се верни следбеници на Владимир Путин“, посочуваат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека додека Џафери и владата на СДСМ и ДУИ имаат полна уста за прозападна ориентација, остваруваат контакти со контроверзни ликови блиски до режимот во Кремљ.
„Џефери на 10. јули 2021 година имал средби со Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во Думата и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”. Како е возможно ваков лик да остварува средби со високи државни функционери на земја-членка на НАТО. Зарем и во други земји-членки вакви лица блиски до Кремљ слободно се шетаат во нивните парламенти“, прашуваат од партијата од каде се во дилема и за тоа што разговарал Џафери со Чеченците.
„Според информациите во странски медиуми, гостите од Чеченија биле во посета на општина Тетово и со тогашните локални власти разговарале за изградба на споменик на Ахмат Кадиров, по кого се нарекуваат и чеченските единици кои сега ги спроведуваат најбруталните акции во Украина“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.