Македонија
Ковачки: Спасовски и СДСМ вршат партизација на МВР

Социјалдемократскиот сојуз и Оливер Спасовски, бесрамно, без никаква претходна квалификација, голем дел од поранешните градоначалници ги вработи во МВР, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски директно врши партизација на полицијата, што ќе придонесе уште повеќе Министерството за внатрешни работи наместо да биде гарант за законите и безбедноста на граѓаните, да биде извор на криминалот и корупцијата. По губењето на изборите во Министерството за внатрешни работи поранешните градоначалници Борис Георгиевски од Гази Баба, Сашо Јанковски од Вевчани, Благој Илиев од Конче, Горан Крстев – Грга од Чешиново Облешево, сите градоначалници од СДСМ коишто ја загубија трката за втор мандат беа вработени. Исто така Драги Тренчовски од Пехчево и Аднан Џаферовски, поразени кандидати од СДСМ за градоначалници, се дел од оние со коишто се врши брутална партизација на полицијата“, вели Ковачки.
Според него, тие по изборите експресно биле вработени во полиција на позиции од виш полициски советник за стратешко планирање како што бил случајот со Џаферовски.
„Дополнително се поставува прашањето кога и како овие лица го имаат поминато законски предвидениот тест за интегритет. Ако на оваа листа ги додадеме Сунчица Алексовска во БЈБ, Емилија Александрова, началник на АНБ во Берово, Дафина Гешковска виш инспектор во АНБ, Прилеп, како и Славјанка Петровска и Славица Грковска, сега министерки, а до вчера директно вработени во МВР, јасно е дека МВР и полицијата служи за вдомување партиски членови без соодветни квалификации на високи позиции. Со ова се кршат сите правила, закони и меѓународни препораки. Ова е спротивно на препораките на ГРЕКО со кои директно се дадоа насоки за МВР и полицијата да се департизира“, вели Ковачки.
„Ако на ова се додадат и промените со кои на министерот му се дозволува да унапредува по три места одеднаш станува јасно дека во МВР се поттикнува корупција и е класичен пример за партизација на институциите. Ова ли е теркот и за пополна на МВР со огласот за 600 нови вработувања?“, прашува Ковачки.
МВР, како што додаде, мора да биде гарант на сигурноста на граѓаните, а не да биде партиска подружница на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Од ЕВН Македонија информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. Иван Манолев. ( општина Бутел )
во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од ул. Ордан Чопела од бр.110 до бр.140, како и дел од корисниците од ул. Јајце. ( општина Чаир )
во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Струшка. ( општина Карпош )
во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул.21 во Сопиште ( општина Сопиште ) како и корисниците од ул. Шидска бр.10, бр.12 – влезови 2, 3 и 4, и бр.42. ( општина Ѓорче Петров )
во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од
ул. Румена Хаџи Панзова. ( општина Кисела Вода )
во периодот од 13.30до 16.00 часот, корисниците од место викано Осојница во Сопиште. ( општина Сопиште )
Македонија
Сончево и топло време со температури до 36 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=9
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, попладне со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 35 степени.
Продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Македонија
Мицкоски: Власта веднаш да престане да преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја

Власта да престане со преговори за македонскиот идентитет, јазик историја, да се вратат од Софија и да кажат дека преговори ќе продолжат само кога ќе има услови да се сочува нашето достоинство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.
Мицкоски истакна дека очекува од власта веднаш да престане да ги распродава македонските државни и национални интереси.
– Јас очекувам да престанат да ги распродаваат македонскиот идентитет, култура, наследство, историја, тоа очекувам од овие ако можам така да ги наречам македонски официјални лица, тоа очекувам. Веднаш да престанат, да се вратат од Софија и да кажат дека работата не бива, престануваме во овој момент, кога ќе се создадат услови тогаш ќе продолжиме, во овој момент очигледно не постојат услови со кои што можеме да го сочуваме нашето достоинство. Ете тоа очекувам, потенцираше Мицкоски.