Контакт

Македонија

Комисијата за заразни болести предлага нова методологија за следење на епидемиолошкиот ризик

Објавено пред

Со зголемување на нивото на имунизирано население поради вакцини и прележана болест, поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми. Затоа во последните недели фокусот околу Ковид-19 во светот се поместува од вкупни бројки на новооткриени случаи кон број на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем.

dobivaj vesti na viber

Во овој контекст, Комисијата за заразни болести предлага прифаќање на нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик врз основа на следните индикатори: број на новооткриени случаи во последните седум дена на 100.000 население, број на хоспитализации во последните седум дена на 100.000 население и процент на исполнетост на здравствени капацитети во последните седум дена.

Се предлага, според овие параметри, епидемиолошкиот ризик да биде класифициран како низок, среден или висок. За секоја од проценетите состојби се предвидува сет од мерки на индивидуално и општествено ниво. На ваков начин, од Комисијата за заразни болести сметаат дека според објективни показатели ќе може навремено да се проценува ризикот и да се реагира соодветно во двете насоки, и за олабавување и за заострување на мерките.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова е нивна втора средба во само неколку недели.

dobivaj vesti na viber

Како што информираа од Министерството за надворешни работи, централна тема на разговорите била руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко. Соговорниците се согласиле дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност.

„Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина и таа ја заслужува целата почит, но помош и поддршка поради тоа“, изјави Османи појаснувајќи дека државата од почеток се приклонила кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација.

Станало збор и за европската перспектива на двете земји, влијанието на украинската војна врз овој контекст и потребата процесот да го добие своето зголемено внимание во согласност со новата геополитичка и безбедносна динамика.

За време на својата посета во Киев, министерот Османи ја реотвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Украина, со што таа е ставена во полна функција.

„Ова не е само симболичка порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава“, изјави Османи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кирил Лазаров: Престанете со корупција во политиката и политика во корупцијата

Објавено пред

Став на Кирил Лазаров – сопственик на Никоб групацијата

dobivaj vesti na viber

„Последната корупциска афера на малверзациите со плацевите во Делчевско во кои биле вклучени и неколку луѓе, високо позиционирани во ЕВН, a во исто време и високо позиционирани партиски пајташи во ВМРО – ДПМНЕ, е само уште еден доказ дека корупцијата ги пуштила метастазите од туморот во секоја клетка на општеството, на најјако.

Дрскоста на пајташите одела до таму, што нивните апетити биле во насока да се збогатат за 1,5 милиони евра за само неколку дена, (што за чесен бизнисмен во Македонија би му требале едно 10 години) и за таа цел го довеле во заблуда целиот управен одбор на ЕВН, кој е еден од поголемите странски инвеститори во Македонија.

Но, суштината е дека корупцијата не би метастазирала до секоја клетка ако барем една политичка елита во овие 30 години не се обиде да аплицира некаков лек во организмот и да му помогне на системот барем да почне да се бори.

Тенденциозно користам медицинска терминологија во објаснувањето, затоа што корупцијата навистина почна да ја убива државата, системот, бизнисот и граѓаните. Буквално ги разболува и убива луѓето кои се во немоќ во рацете на ова чудовиште.

Корупцијата и криминалот се чудовиштето во Македонија веќе 30 години.

Тврдам дека она што го покажа пописната статистика оваа година е дека егзодусот што ни се случува во најголема мера е заради корупцијата, зошто? Едноставно, нема бизнис и економија кога има корупција, кога нема бизнис, нема ни пари ни работа. Толку!!

Каде најмногу се всади корупцијата како метастаза? Како и каде се храни чудовиштето овие 30 години? Секако од политиката и партиите кои како организми се гладни за пари и моќ. Затоа во овој период ќе гледаме радикализации, протести, лажен патриотизам во партиите. Буквално се ќе се прави за парите и моќта да останат. Партиите во Македонија опстојуваат со пари и моќ, не со знаење и мудрост.

А, кој ги води партиите овие 30 години?! Со, чесен број на исклучоци, луѓе кои не направиле ништо во животот, не создале ништо од нула, туку разгалени детишта кои татковците или чичковците или пак партијата им дале се во животот. На пример оние двајца од ЕВН кои се дел од криминалната шема ако не била партијата да ги реализира, која вредност би ја имале? Штом партија ти дава вредност и те факторизира, а не личниот труд, образование и работа, тогаш не вредиш ни пет пари, и таквите како нив треба да се искоренат од партиите и општеството.

Како понатаму и кога да кренеме глас?

Или ние бизнисмените, оние чесните да ставиме клуч на бизнисите и оставиме илјадници фамилии на улица и пребегнеме во Будимпешта, барем со законски стекнат имот (да ја оставиме иронијата на страна) или за да не бидеме соучесници и да кренеме глас, да размислиме кои алатки ги имаме на

располагање. Плаќаме даноци, вработуваме луѓе, купуваме технологии, но со вакво иселување за неколку години ќе пропаднеме, нема кој да работи.

Да почнеме да размислуваме како да почнеме да се бориме против коруптивното општество и коруптивните политички елити. Имаме должност кон семејствата и фамилиите кои работат во нашите фирми, а се повеќе бараат билет во еден правец. Бизнисмени и индивидуи, кренете го гласот и оставете ги партиите!!“, наведе Лазаров.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Јаревски: Каде завршуваат парите од пластичните кеси, кои влегуваат во фондот за животна средина?

Објавено пред

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски на вчерашната собраниската седница за поставување на пратенички прашања, постави прашања за што се трошат парите од пластичните кеси кои влегуваат во фондот за животна средина, нагласувајќи дека законот се применува неколку месеци а никој не знае каде одат парите, односно како што рече тој само 1 или 2 денари остануваат во маркетите, останатите одат во фондот за животна средина.

dobivaj vesti na viber

„ Првото прашање е до премиерот какви се фондовите за животната средина. Она што многу малку се дискутира е како се делат тие 15 денари? Од тие 15 денари 1 или 2 се за маркетите, остатокот влегува во фондот за животна средина. На месечно ниво тоа се 200.000 евра, а законот се применува веќе неколку месеци што значи дека влегуваат неколку милиони евра во фонд за кој што не знаеме како се трошат парите. И ова не го велам јас како пратеник од опозицијата туку луѓе навлезени во оваа проблематика кои кажуваат дека не можат да добијат информации како се трошат парите, згрозени од нетранспарентноста на владата и министерството. Затоа каде одат парите, како се искористуваат истите пари, праша Јаревски.

Во однос на безбедноста, Јаревски истакна дали граѓаните може да се чувствуваат безбедни на улиците кога две униформирани лица односно заменик началник се пука по улиците со началник.

„ Второто прашање ми е по однос на нашата безбедност. Дали премиерот или министерот за внатрешни работи се чувствува безбеден. Дали ние се чувствуваме безбедни кога имаме во 20 часот 200 повици кои ни кажуваат дека на километар два или три од местото на нашето живеалиште се пука, дали се чувствувате безбедно кога ќе ви кажат дека се пукал заменик началник со началник, две униформирани лица, праша Јаревски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет1 час

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини западните земји дека водат „тотална војна“ против Русија и рускиот народ...

Македонија2 часа

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија3 часа

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион3 часа

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет4 часа

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...

Македонија4 часа

Османи во Украина: Она што го видов ме убеди колку е оправдан нашиот став за агресијата

Во рамките на својата работна посета на Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада,...

Македонија5 часа

Земјотрес утрово регистриран во Тетовско

Земјотрес од 3,6 степени утрово го стресе Тетовскиот Регион, а беше почувствуван и во Скопје. Според податоците, земјотресот се случил...

Свет6 часа

Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што му ги постави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за примирје не се остварливи....

Свет7 часа

САД подготвуваат досега најмоќно оружје против Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми оружјето на Украина. Администрацијата има намера да го направи...

Свет19 часа

Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е чекор кон неприфатлива ескалација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија...

Економија20 часа

Ковачевски: Во ребалансот на буџетот направиме намалување на непродуктивните трошоци, нè oчекува тешка зима

„Ребалансот на буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, реконструирање на буџетските расходи, зачувување...

Спорт21 час

РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и...

Економија23 часа

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија24 часа

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија1 ден

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...

Топ1 ден

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...

Европа1 ден

Кадиров ѝ се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ се закани на Полска. Тој на својот канал на „Телеграм“ објави видео во кое вели...

Европа1 ден

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор...