Контакт

Daily news

Конзулов: Да ми кажеа дека сакаат фигара за 8 Март, ќе одобрев тендер, ама сега нема

Објавено пред

Тендерот на Општина Радовиш за набавка на подароци за 8 Март е поништен, но градоначалникот Герасим Конзулов за „Макфакс“ вели дека би дозволил да се спроведе ако одговорното лице го известило дека ќе распише оглас за набавка на фигарa за жените од општината. Конзулов тендерот го правда со тоа што станува збор за, според него, незначителна сума пари,  40 илјади денари, а од државата се однесени 10 милијарди. Тој потврди дека го потпишал тендерот и не е фалсификат, но се правда дека не го видел документот за кој тврди дека му бил подметнат.

„Што сте се фатиле за 40 илјади денари? Од државава се однесени 10 милијарди, па никому ништо. Во општинава има комплетна вмроизација. Јас потпишувам по 500 акти дневно, ми го подметнале, не сум видел, сум потпишал. Не знам што е спорно. Да ми кажеа дека сакаат да набавуваат фигара, јас ќе им дозволев, а сега нема. Тие средства ќе останат слободни“, вели градоначалникот Конзулов.

Првиот човек на Радовиш пред два месеца кажа дека општината е задолжена за 37 милиони денари, а секојдневно пристигнувале извршни судски решенија за наплата. На прашањето зошто Радовиш издвојува пари за подароци,  ако е општината задолжена, Конзулов го обвини неговиот претходник, Сашко Николов, за кој кажа дека не наплаќал даноци со цел да има повеќе гласачи.

„Општината е оправена. Претходниот градоначалник со години не наплаќал даноци од радовишани за да гласаат за него. Јас ги собрав даноците и општината не е повеќе задолжена“, вели Конзулов во телефонскиот разговор.

Лицето кое го распишало тендерот, потпишан од градоначалникот Конзулов, кој негираше дека го распишал, ќе биде казнето со дваесет проценти од плата наредните два месеца.

К. Ландов

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Во Јужна Африка запленета голема количина на лажни вакцини против Ковид-19

Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на...

Македонија8 часа

Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство...

Македонија9 часа

Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред...

Македонија10 часа

Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија11 час

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го...

Македонија11 час

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што...

Регион14 часа

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион15 часа

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет15 часа

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион15 часа

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет16 часа

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа16 часа

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет17 часа

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија1 ден

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет1 ден

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ2 дена

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија2 дена

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа2 дена

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет2 дена

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Досие