Контакт

Македонија

Конкурс за студенти „Со европско знаење до европската престолнина“

Објавено пред

„Со европско знаење до европската престолнина“ е насловен конкурсот за избор на есеи, кој ќе одведе во Брисел 12 студенти од додипломските студии на факултетите за општествените науки при државните универзитети во Република Северна Македонија – „Св. Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, Универзитет во Тетово и Универзитет на Југоисточна Европа.

Конкурсот е дел од активностите кои Секретаријатот за европски прашања (СЕП) ги организира по повод одбележувањето на 9 мај,  Денот на Европа, и ќе трае до 19 мај. Целта на натпреварот е да се поттикне критичкото размислување кај студентите во однос на европската интеграција на земјава, како и нивно подобро запознавање со политиките на ЕУ преку учење и истражување.

Студентите кои ќе изразат интерес да учествуваат на конкурсот ќе треба да напишат есеи на теми од областа на европските студии, а комисии составени од професори ќе ги изберат најдобрите меѓу нив. За авторите на најдобрите есеи, Секретаријатот за европски прашања обезбеди награда во вид на тридневна студиска посета во Брисел, каде што студентите ќе ги посетат европските институции, како и мисијата на Република Северна Македонија во Брисел, со цел да се запознаат со нивното функционирање и практично да ја доживеат европската престолнина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно, а претежно во западните делови од земјата ќе има повремен дожд. Локално се очекуваат услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Во западните делови ќе дува западен ветер, додека долж Повардарието ќе преовладува северен ветер, кој на места повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Според прогнозата, и во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски

Објавено пред

Од

Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Нападот го извршил поранешен ученик, а повредениот е ученик во деветто одделение.

„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од деветто одделение. Во разговор со членови на семејството на повредениот ученик информиран сум дека детето е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување“, објави Стефковски.

Лицето кое го извршило нападот е уапсено. Според информации во јавноста, нападот се случил во основното училиште „25 Мај“. Од МВР известија дека 15 годишник вчера со остар предмет влегол во училиштето и повредил ученик.

Стефковски го осуди нападот и вели дека насилството не може да се оправда со ништо.

„Општина Гази Баба, останува во постојана координација со надлежните институции кои превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, вели градоначалникот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола.

Центарот за спорт и спортски активности е еден од шеснаесетте проекти финансирани од Владата на Македонија преку Министерството за спорт со вкупна вредност од над 43 милиони денари.

Надвор во завршна фаза е довршувањето на фасадата на објектот, а во внатрешноста на објектот се довршува подот.

Објектот е на два ката со површина од околу 930 метри квадратни. Има сала за тренинг со боксерски ринг и фитнес справи. Објектот има и соблекувални машки и женски со сопствени тоалети и бањи и тоалет за лица со посебни потреби. На источната страна се просториите за спортско качувачки клуб идентични како на боксерскиот клуб, со сала за тренинг и соблекувални.

Околината на објектот ќе биде партерно уредена и ќе има паркинг.

„Ова ќе биде место за тренинг и подготовка на битолските и македонските боксери. Битола има своја боксерска историја, а во сегашноста и свои шампиони, кои ќе добијат современи и модерни услови за нивните предизвици“, велат од Општината.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Времето утре ќе биде променливо облачно, а претежно во западните делови од земјата ќе има повремен дожд. Локално се очекуваат...

Свет48 минути

Трамп: Иранците рекоа дека ќе добиеме нуклеарен прав

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе престане да збогатува ураниум и ќе се откаже од...

Свет52 минути

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Американската војна во Иран досега чинела 29 милијарди американски долари, изјави денес висок функционер на Пентагон, што е зголемување од...

Македонија1 час

Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски

Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот...

Економија1 час

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди,...

Македонија2 часа

Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола. Центарот за спорт...

Македонија2 часа

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и...

Свет2 часа

Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена

Кремљ денес го повтори тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина е речиси завршена, откако украинскиот претседател...

Македонија2 часа

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и...