Контакт

Македонија

Конте: На Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа

Објавено пред

На Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите, изјави премиерот на Италија, Џузепе Конте, на средбата со македонскиот премиер, Зоран Заев, во Рим.

„Северна Македонија водена од Заев е пример за сите балкански земји. Со храброст ги решава сите понуди. Има голема подршка од Италија. Благодарение на оваа храброст Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Затоа дозволивме земјата да се зачлени во НАТО. Затоа на Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите“, рече Конте.

Тој додаде дека Италија секогаш ќе биде покрај Северна Македонија. „Ја поддржуваме земјата, поддржуваме одлука за почеток на преговорите. Сакам на вашиот народ, Зоране, да му кажам дека нема да дозволиме да се почувствува несигурен. Се работи за историска грешка што мора да ја исправиме“, рече Конте.

Заев, пак, му се заблагодари на италијанскиот премиер за поканата за посета на Рим.

„Ги негуваме и развиваме пријателските односи и соработката меѓу нашите две земји и нашите граѓани потврдувајќи дека Европа е нашиот заеднички дом“, напиша Заев на „Фејсбук“.

Македонија

Левица: Владата доцни три недели со конкурсот за студентски легла

Објавено пред

На само три дена од одложениот почеток на учебната година, не се знае изборот на студентите кои би добиле место во редуцираните капацитети на студентските домови, иако според најавите на Владата истиот требаше да биде објавен пред три недели, велат од политичката партија Левица додавајќи дека стотици студенти се во неизвесност и стрес заради можното отсуство од наставата.

„МОН и Владата немаат конкретни одлуки и насоки за цел дијапазон прашања што ги вклучуваат и наставниците и учениците и студентите и нивните родители. Ресорното Министерство за образование и наука издава општи соопштенија, наменети за површна медиумска присутност, но не и за ефективна и практична употреба од страна на идните академски граѓани. Во изминативе шест месеци, ресорното министерство ‘успеа’ да објави Конкурс за студентско сместување на 28.07.2020, но не и да ги процесира и објави резултатите навремено за студентите кои зависат од тоа. Исто така, успеа на 23.09.2020 само да даде општо соопштение на веб-страницата на МОН дека ќе предложи до Владата (која ќе предложи до Собрание) Предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард. Со најавениот предлог, на студентите и учениците кои конкурирале за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом – ќе им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите“, велат од Левица.

Како што се додава во соопштението, за да ја остварат оваа помош, студентите и учениците треба да се пријавуват на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, која е сѐ уште неактивна, односно неупотреблива.

По овој план, според Левица, јасно е дека наместо да се оспособат други јавни капацитети за студентско домување кои ќе останат во функција и наредните години – буџетските средства ќе се издвојат по непознати критериуми, за еднократна активност (покривање трошок за сместување), што не го прават ни најбогатите држави во светот. Од политичката партија оценуваат дека со ова темпо на динамика на решавање на круцијални прашања за студентите – очигледно е дека ресорното Министерство се однесува како набљудувач, а не лидер на ситуацијата, додека учениците и студентите немаат информација како ќе го решат сместувачкото прашање оваа година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Притвор за десетмина дрвокрадци кои претепааа полицајци

Објавено пред

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во Прилеп.

Осомничените минатата недела, околу 20 часот, на стариот пат Прилеп-Велес над манастирот „Св Ѓорѓија” село Присад, со употреба на сила физички нападнале пет полициски службеници од Полициско одделение Чашка, кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат на спречување и откривање на кривично дело и фаќање на сторители на кривично дело.

Оштетените полициски службеници при вршење на службени дејствија забележале три моторни возила без регистерски таблици и ги запреле заради проверка. Притоа, едно патничко моторно возило избегало, а другите две патнички моторни возила од кои едното марка Гранд Чироки, а другото марка Лада Нива биле сопрени и било утврдено дека се натоварени со бесправно пресечени дрва. Додека полициските службеници изготувале службен материјал во врска со постапувањето, пристигнала поголема група лица меѓу кои и осомничените, кои почнале со бејзбол палки, метални шипки, рачки од секири, дрва, камења и други предмети да удираат по петте полициски службеници и службеното возило на полицијата.

Од ударите, на еден од полициските службеници му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десна рака и фрактура на главата со обилно крварење, а останатите оштетени се задобиле со телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меѓународна недела на глуви лица: Со знаковен јазик, сите се вклучени!

Објавено пред

Меѓународната недела на глуви лица е иницијатива на Светската федерација на глуви, која за прв пат е иницирана во Рим, Италија во 1985 година, со цел да се подигне свеста за правата на глувите лица и да се признае употребата на знаковните јазици во сите аспекти од општествениот живот.

Здружението „Млад знак” (https://www.facebook.com/mzgnMLADZNAK) изминатата недела ги информираше граѓаните на различни теми поврзани со глувите лица и нивната култура.

Според податоците на Светската федерација на глуви, во светот живеат околу 72 милиони глуви лица. Oсновното сретство за комуникација на глувите лица е знаковниот јазик, тој нивниот природен, мајчин јазик.

За глувите лица во Македонија, пристапот до македонскиот знаковен јазик е клучен за надминување на комуникациските бариери и учество во општеството на еднаква основа со сите останати. Владите треба да обезбедат пристап до професионално толкување на знаковниот јазик, од страна на сертифицирани толкувачи на македонски знаковен јазик, при користење на јавни услуги како што се здравствената заштита, образованието или правосудниот систем.

Митови за глувите лица и нивната култура

1. Глувите лица можат да комуницираат преку читање на говорот од уста.

Многу луѓе мислат дека глувите лица лесно можат комуницираат преку читање на говорот од уста, без користење на знаковен јазик. Вистина е дека читањето на говорот од уста е вештина која е многу значајна за глувите лица, меѓутоа истражувањата покажуваат дека многу мал дел од јазикот може да се разбере само преку читање на говорот од уста, без употреба на знаковен јазик истовремено.

2. Знаковниот јазик е универзален.

Сите глуви лица во светот се разбираат и комуницираат на еден знаковен јазик. Знаковниот јазик не е унверзален. Во светот постојат повеќе од 300 различни знаковни јазици, кои се целосно природни јазици иако се структурно различни од говорните јазици.

Во Македонија глувите лица за комуникација го користат македонскиот знаковен јазик. Исто така, постои интернационален знаковен јазик, кој го користат глувите лица на меѓународни состаноци и неформално, кога патуваат и се дружат со глуви лица надвор од нивната земја.

3.Доколку глувите деца го изучуваат знаковниот јазик од најмала возраст, тоа ќе го попречи развојот на говорот.

95% од глувите деца се раѓаат во семејства во кои родителите и останатите членови на семејството слушаат. Најголем дел од овие деца многу доцна или воопшто не се изложуваат на знаковниот јазик, што може да резултира со задоцнет когнитивен развој и помалку шанси успешно да го совладаaт јазикот. Изучувањето на знаковниот јазик не го попречува развојот на говорот, знаковниот јазик може да се користи истовремено со говорот. Истражувањата покажуваат дека доколку глувите деца го изучуваат знаковниот јазик веднаш по откривањето на оштетувањето на слухот, тоа помога во развојот на јазикот и збогатување на вокабуларот. Тоа ќе ја олесни комуникацијата помеѓу членовите на семејството и ќе им овозможи на децата полесно да ги искажат своите потреби и мислења, да напредуваат и да се развиваат.

Нешто што е помалку познато е тоа дека знаковниот јазик, со мало прилагодување, може да биде одлична алатка за подобрување на

комуникацијата и кај лицата со аутизам. Нашето здружение во изминатиот период соработуваше со здружението „Сина Светулка” во изработка на видеа со поими од македонскиот знаковен јазик, кои беа прилагодени на едноставен знаковен јазик и се наменети за семејствата на деца со аутизам и стручните лица кои работат со оваа популација. Како што посочуваат од здружението „Сина светулка” истражувањата покажуваат дека децата и лицата со аутизам кои немаат развиен говор, можат да научат да комуницираат со употреба на едноставен знаковен јазик. Предноста на знаковниот јазик е тоа што претставува визуелно поттикнување за изговорениот збор, овозможува комуникацијата да се случува брзо и децата полесно ќе ги искажат своите потреби и мислења, а тоа ќе го намали предизвикувачкото однесување и ќе ги зголеми можностите за социјална интеракција на децата со аутизам. Видеата заедно со други ресурси за работа со деца со аутизам се достапни на https://sinasvetulka.mk/

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Притвор за десетмина дрвокрадци кои претепааа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион1 час

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Македонија2 часа

Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата

На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните...

Економија2 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница, ја разгледа Информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Свет2 часа

Ерменското Министерство за одбарана: Азербејџан претрпе големи загуби

Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Акркрун Ованисјан, изјави дека азербејџанската армија претрпела големи загуби во судирот во Нагорно-Карабах...

Македонија3 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија14 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија15 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион16 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет17 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет18 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ19 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија19 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија20 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ22 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа22 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет22 часа

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ24 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа1 ден

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет1 ден

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Досие