Македонија
Контроли ги тресат струшкото Обвинителство и Вишото во Битола по случајот на Мерко
Контроли во струшкото Обвинителство и во Вишото јавно обвинителство – Битола донесе случајот со градоначалникот Рамиз Мерко, кој има шест активни и над десет затворени кривични пријави. Од Обвинителството три дена не даваат податоци во врска со предметите, начинот на кој е постапувано, како и детали од извештаите од контролите што изминатава година биле вршени. Утрово, само посочуваат дека комисијата што прави увид ќе изготви извештај.
„Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ денеска врши надзор на постапувањето во предметите во ОЈО Струга и ВЈО Битола. По целосните проверки на постапувањето, комисијата ќе изготви извештај“, велат од Обвинителството.
Контролите се во струшкото Обвинителство бидејќи таму има и најмногу кривични против Мерко, а во Вишото обвинителство – Битола бидејќи тие се контролори на струшките колеги. Одлуките што ги донеле обвинителите за затворање на постапките не може да бидат променети, но доколку има пропусти – против нив може да се поведе дисциплинска постапка.
Засега изостануваат низа одговори од постапувањето на обвинителите. „Макфакс“ објави дека предметот за набавката на луксузното „ауди“ е затворен, но не се знае кога. Прашавме и дали при редовните контроли на Вишото обвинителство – Битола имало забелешки по предметите каде што е пријавен Мерко – на што не добивме одговор.
„Макфакс“ објави дека по дваесет години седење во државна фотелја, правосудните институции во Македонија не најдоа незаконско постапување кај струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ. Стејт департментот го стави на црната листа поради корупција, а струшкото Обвинителство отфрли девет од дванаесет кривични пријави, во кои имаше и вакви наводи.
Минатата недела контроли во судот во Струга почна и Судскиот совет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 08.12. до 14.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието: Со ова се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите
ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието на Република Македонија, „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.
„Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева несигурност и паника меѓу граѓаните.
Лажните сценарија на СДС паѓаат во вода, државата има јасна политика против нелегалната миграција, нема мигрантски кампови има Резолуција која носи стабилност и сигурност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната Влада на Зоран Заев, со која беа отворени можности за создавање на кампови за мигранти, спротивно на националните и државните интереси.
Резолуција е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи.
Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш.
Ги повикуваме сите политички партии да ја поддржат оваа Резолуција со која се става крај на лагите и конструкциите на СДС“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.

