Контакт

Македонија

(Видео) Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Демократската партија на Турците го кочат поништувањето на лустрацијата

Објавено пред

Прокрај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, поништувањето на лустрацијата го опструираат и ДУИ и Демократската партија на Турците, поради што не може да почне комисиската расправа за овој закон, објави претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски.

„Се надевам имаат образложение за нивните постапки. Денешната седница се паузира бидејќи нема кворум, кога ќе имаме услови, повторно ќе ја закажам“, рече Кирацовски.

Претходно тој изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да го блокира донесувањето на законот со стотици и илјадници амандмани.

„Ја користам оваа пригода да ги повикам да се свестат, да го донесеме законот и да им помогнеме на жртвите на лустрацијата и да ја исправиме оваа неправда. Ние ќе вложиме напори да се донесе законот и да се заокружи реформата во правосудството“, рече Кирацовски.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ рекоа дека ќе влезат во салата кога ќе дојде министерката за правда, Рената Дескоска.

„Ние сме единствена држва во која кодошите ќе добијат пари од буџетот како отштета. Одговорност за кодошите мора да има и морална и политичка“, рече Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број на затвореници во регионот

Објавено пред

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број на затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои во регионов Албанија е земја со најголем број осудени лица за кривични дела во Западен Балкан,во однос на бројот на популацијата.

Според Евростат, во Албанија има 197 затвореници на секои 100 000 жители, рангирајќи се на четвртото место во Европа, по Литванија, Чешка и Естонија. По Албанија е Црна Гора со 179 затвореници. Во Србија, бројот на затвореници на 100 000 жители е 153, а потоа следува Северна Македонија со 146 затвореници, додека Косово со 90 затвореници на 100000 жители.

Просечниот број на затвореници на 100.000 жители е 116, што според Евростат, е најниска стапка од 2000 година.

Меѓу земјите-членки на ЕУ , највисока стапка е забележана во Литванија (232 затвореници на 100 000), а потоа следат Чешка (209), Естонија (207), Полска (196) и Латвија (193), а најниска во Данска (59) , Шведска (57) и Финска (56). Во просек во ЕУ, 5% од затворениците биле жени.

Во Франција, Австрија и Германија, бројот на затвореници е помал од просекот на ЕУ – 103, 100 и 79 затвореници на 100.000 жители. Во Италија и Грција, бројот на затвореници на 100.000 жители е 97 односно 93.

Меѓу државите членки, најмал број затвореници е забележан во Исланд, каде според Евростат бројот на затвореници е само 38 на секои 100.000 жители. Потоа се рангираат државите од Северна Европа, при што Финска има само 56 затвореници, Шведска 57 и Данска 59 на 100.000 жители.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претпладне облачно, попладне сончево со температура до 9 степени

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде променливо облачно. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно, попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Кисела Вода и Ѓорче Петров

Објавено пред

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Од 8:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците: Иван Хаџиниколов ( поранешна Ратко Митровиќ), Скендербег и Радое Дакиќ во населбата Драчево (Општина Кисела Вода), а од 9 до 15 часот, корисниците од дел од улиците: Ибе Паликуќа, Кичевска и Зејнел Ајдини (Општина Ѓорче Петров).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број на затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број на затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според...

Свет35 минути

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет11 час

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет12 часа

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава13 часа

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион16 часа

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет16 часа

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија20 часа

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Европа21 час

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет. Повредени се околу...

Македонија22 часа

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

Петар Рупески, 30-годишник од Варош, беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро...

Македонија23 часа

Пендаровски: Богојавление е потсетник материјалните предизвици да не нè оттргнат од духовните вредности

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква –...

Европа2 дена

Хари и Меган останаа без кралските титули

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги користат титулите...

Македонија2 дена

Шилегов: Тргнати се основите за панорамското тркало, добивме мост без барокни елементи

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на „Фејсбук“ објави фотографии од кои се гледа дека јавните служби од коритото на реката Вардар...

Македонија2 дена

Емил Јакимовски кој им се закануваше на две новинарки доби осумдневен притвор

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. „Осумдневниот притвор му...

Македонија2 дена

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет2 дена

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ2 дена

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Економија2 дена

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет2 дена

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура2 дена

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Досие