Македонија
Косовските власти не знаат каде e обвинетиот во „Монструм“, Африм Исмаиловиќ

Министерството за правда добило одговор дека косовските власти не знаат каде се наоѓа Африм Исмаиловиќ, кој е обвинет во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во април 2012 година.
„Добивме информација од страна на Министерството за правда на Косово дека добиле одговор од надлежниот јавен обвинител дека во моментот не е познато каде се наоѓа обвинетиот Африм Исмаиловиќ“, се вели во соопштението на македонското Министерство за правда.
Од таму велат дека ќе испратат ургенција и ќе побараат од надлежните косовски власти да направат напори за пронаоѓање на Исмаиловиќ и негова екстрадиција со цел да биде изведен пред лицето на правдата.
Пред една недела косовскиот министер за внатрешни работи, Екрем Мустафа, изјави дека обвинетите во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во бегство, ќе бидат екстрадирани кога ќе бидат завршени сите законски процедури во Косово.
Министерството за внатрешни работи во мај 2012 година распиша потерница по овие две лица. Двајцата бегалци во Косово беа осудени на затворски казни за трговија со оружје и кога ја издржаа казната беа, пуштени да се бранат од слобода.
Во август минатата година Министерството за правда ја почна постапката за нивна екстрадиција. Тие се обвинети дека се директни извршители на петкратното убиство. Со првостепената одлука на Основниот суд Скопје 1, Исмаиловиќ и Демири во отсуство се осудени на доживотни затворски казни, а пресудите им беа укинати од Врховниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро. На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45-годишен од селото Црешево.
Убиствата се случиле меѓу 19,30 и 22,30 часот кога биле најдени телата на убиените.
За овој настан беше отворен судкиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.
Во февруари беше изречена втора пресуда за случајот.
Бегалците Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се осудени за тероризам на доживотен затвор, а иста казна доби и Агим Исмаиловиќ.
Обвинетиот Хаки Азири е осуден за помагање на сторител по извршено кривично дело, за што доби казна во траење од девет години.
Фејзи Аризи е осуден за помагање на сторител по извршено кривично дело на 15 години затвор.
Судот го офрли обвинението за Сами Љута.
Македонија
Ивент-индустријата од денес на протести пред Владата

Денес, во 12 часот, пред Владата почнува протестот на компаниите од индустријата за организација на настани.
Тие најавија протести секој ден од 12 до 15 часот сѐ до постигнување на заемно прифатливо и одржливо решение.
„Тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании. Да потсетиме, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103 % за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс“, велат од Асоцијацијата ИВАП.
Македонија
Денеска сончево време, од утре дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степена.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени, јави УХМР.
Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.
Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. В среда и в четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш