Македонија
Костадинов ги пречека Заев и Ципрас

Вечерва градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов во својот кабинет ги пречека поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев.
„Двајца поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави“ соопшти општината.
Во кабинетот, во кој цели три мандати помина поранешниот премиер Зоран Заев, градоначалникот разговараше со своите гости за функционирањето на Општината, нејзиниот развој, новите предизвици и состојби во државата и регионот.
„Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата, порача градоначалникот Костадин Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бубевски: Ја убиле во паника, решиле парите да ги бараат подоцна

Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски изјави дека имаат искази за „тоа излегување од контрола за ова дејствие“, односно убивањето на 14-годишната Вања неколку часа по нејзиното киднапирање.
„Нивните укажувања зборуваат дека имале некаква паника заради тоа што јавноста била целосно ангажирана во побарувањето на детето. Едниот од нив решил дека парите ќе ги бараат подоцна и решава во тој момент да ја ликвидира. Се уште ги немаме прибрано сите информации, и за нас е малку нејасно кога мотивите се од користољубива природа, во истиот момент да лишиш некого од живот“, рече Бубевски.
Времето на лишување од живот е според осомничените, а конечните детали се очекуваат од обдукцијата, додаде обвинителот.
Македонија
(Во живо) Спасовски и Бубевски за убиството на 14-годишната Вања

Прес-конференција на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
На три лица им е определена мерка притвор од 48 часа, а зарди постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело, извести Кривичниот суд.
Обвинителството и МВР објавија дека девојчето било убиено неполни три часа по исчезнувањето минатиот понеделник.
Македонија
Демократскиот сојуз: Владата да прогласи Ден на жалоста, а лидерската средба да се одложи

Демократскиот сојуз до семејството на Вања Ѓорчевска изразува длабоко сочувство и жалење за трагедијата што се случи.
ДС бара темелна истрага и расчистување на сите аспекти во врска со грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска, како и ликвидацијата на Панче Жежовски. Преку темелна и сеопфатна истрага ќе се разјасни и дејствувањето на МВР.
„Инаку, последните неколку години во Македонија делуваат класични мафијашки организации под заштита на партиите на власт поради што тие станаа недопирливи. Познати криминалци се фотографираат со функционери на СДСМ и ДУИ и се користат во изборни активнисти.
Поврзаниста на политиката и мафијата ги пасивизира клучните државни институции, затоа криминалците збеснаа и станаа недопирливи.
Последниот крвав настан се случи во време кога се одржуваше конференција на Советот на ОБСЕ, во Скопје и во услови на преземни највисоки мерки на безбедност. Но, овој криминален чин покажа дека мерките биле фрлање прашина во јавноста“, вели Демократскиот сојуз.
Од таму очекуваат сите вклучени во овој криминален настан да понесат одговорност.
МВР, ЈО И СУДОТ мора да работат ефикасно,одговорно и законито, без какви било пропусти и оправдувања, велат од ДС и бараат Владата да прогласи Ден на жалоста, а лидерската средба да се одложи.