Контакт

Македонија

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Објавено пред

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во која се движи партијата. Како што наведе во објава на социјалните мрежи, одлуката е донесена од чесност и срце, со уверување дека СДСМ треба да се врати таму каде што и е местото.

Костадинов порача дека во моменталната политичка состојба не гледа реална понуда и визија за градот, додавајќи дека не сака да се кандидира по инерција или без конкуренција. Тој нагласи дека во изминатите 11 години не изгубил ниту едни избори и дека секоја негова победа била победа за Струмица.

Во своето обраќање, Костадинов ги потенцираше реализираните проекти во Струмица, како електричниот јавен превоз, велосипедските патеки, нови паркови.

Иако го замрзнува членството, тој изјави дека останува социјалдемократ по вредности, но и дека не може да молчи кога гледа немање став и храброст кај раководството на СДСМ.

Најави и создавање ново интерпартиско делување кое ќе биде презентирано по локалните избори, а за кое вели дека ќе има целосно прецизна стратегија со цел обединување авторитети.

Конечната одлука за неговото идно делување, Костадинов, ќе ја соопшти по завршување на локалните избори.

СДСМ денес соопшти дека за нов градоначалник на Струмица ќе го кандидира претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија6 минути

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...

Култура7 минути

Самостојна изложба на младата уметница Арбана Дехари од Тетово во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 8 октомври (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на...

Македонија14 минути

Приведен вишиот обвинител од Битола, при претресите одземени шест телефони и компјутер

Вишиот јавен обвинител од Битола, против кого Обвинителството поведе постапка поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание, е лишен...

Црна хроника27 минути

Затвореник избегал од затворот во Струмица, утредента ја грабнал сопругата

Затвореник избегал од затворот во Струмица, а нaредниот ден ја грабнал и ја нападнал неговата невенчана сопруга. Според информациите на...

Црна хроника29 минути

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње, интервенирала полицијата

Маж и жена предизвикале пожар во Горно Соње. Правеле ајвар, а пепелот го истуриле во близина на куќата, а во...

Црна хроника36 минути

Тешко повреден возач на електричен тротинет во сообраќајка во Кавадарци

Маж од Кавадрци е тешко повреден во сообраќајка помеѓу автомобил и електричен тротинет. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија39 минути

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне од втората половина на октомври

Министерот за здравство, Сашо Клековски, информира дека оваа година Светската здравствена организација ги промени сите три соја во препорачаниот состав...

Македонија44 минути

Клековски: Сериите на БСЖ вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти

Министерот за здравство, Сашо Клековски во денешната изјава за мeдиуми, во врска со сериите на БСЖ вакцината ја информира јавноста...

Свет48 минути

Фонтаната во Тел Авив обоена во црвено на тригодишнината од нападот на Хамас

Во Израел се одбележуваат три години од нападот на Хамас и други палестински вооружени групи на 7 октомври 2023 година,...