Контакт

Македонија

Костадинов: Членството во НАТО е извесно и сигурно, 20 земји го ратификуваа Протоколот

Објавено пред

Врвните национални и државни интереси се остваруваат, Република Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција.

Тој истакна дека со ратификацијата на Протоколот од страна на Чешка и Турција, веќе 20 земји челнки од вкупно 29 дале зелено светло за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз на светот.

„Со ваквото темпо на ратификација очекувано е до крајот на годината и официјално да станеме членка на НАТО и нашето знаме да се вее пред седиштето во Брисел. Еве што значат телефонските разговори и личните средби на премиерот Зоран Заев со светските државници. Ете ги резултатите од одговорното, чесното и транспарентно работење на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ. Ете од каде се фрустрациите кај Мицкоски, од успехот на Зоран Заев“, рече Костадинов.

Тој додаде дека додека ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и процесите и напредокот, СДСМ дејсвува и се залага напредокот да продолжи. Членството во НАТО, оцени Костадинов, е извесно и сигурно. Тоа е важно за безбедноста и стабилноста на државата, но и на регионот.

Костадинов истакна дека покрај безбедноста и стабилноста, членството во НАТО носи и бројни економски придобивки.

„Имаме рекордно ниво на странски директни инвестиции од 737 милиони долари, имаме зголемување за 200 проценти на грин филд инвестициите. Со членството во НАТО очекувано е инвестициите да продолжат да растат. Имаме рекордно ниска невработеност во државата од 17,8 проценти, со членството во НАТО невработеноста дополнитено се намалува, а економијата забрзано да расте и да се развива“, рече Костадинов.

 

Македонија

За премиерот Заев не постојат Кики и Фрики

Објавено пред

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев на прашање дали тие функционери кои се поврзуваат со случајот „Рекет“ биле присутни на партиксиот состанок вчера.

„Кога ќе ги соопштите јавно тогаш ќе може да зборувате за нив, па ако ги знаете кажете ги, па нека ве тужат за клевета. Кики и Фрики за мене не постојат. Кога сте впуштате во истражувачко новинарство, треба да бидете храбри. Повелете истакнете го секој, истражните органи ќе ви дадат податоци дали има истраги или не и секако секој ќе си ја сноси одговорноста“, рече премиерот.

Тој апелираше за сериозно истражувачко новинарство.

„Само така ќе може да ја потсредиме државата од многу аспекти. Како добро информиран, гледате како зборувам отворено, но каде што има шпекулации, може да се нанесат сериозни штети за чест и углед на одредени луѓе. Јас тоа нема да го дозволам. Не сакам да навлезам во коментари за некои псевдоними. Ќе бидам директен, кога ќе се соопштуваат имињата и ако се соопштуваат имињата“, појасни Заев.

Во однос на обвинувањата на дел од бизнисмените дека во „Рекет“ има замешано луѓе од финансиска полиција, рече дека не бил запознаен.

„Апелирам сите, не само бизнисмените, да пријават ако имаат индиции за незаконско однесување“, посочи премиерот.

Повтори дека власта се залага за бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и дека вчершаната нова декларација на СДСМ не била поврзана само со случајот „Рекет“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен сообраќаен режим поради ридско брзинскиот натпревар во автомобилизам

Објавено пред

Денеска и утре во периодот од 9 до 16 часот ќе се одржи меѓународен ридско брзински натпревар во автомобилизам „Награда на град Скопје – Водно 2019“, организиран од страна на АКК Кастум Кар Реисинг Тим Скопје со старт од улицата „Тодор Александров“, па до Средно Водно во Скопје.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почна реконструкцијата на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари

Објавено пред

Екипите на Град Скопје ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Индира Ганди, во општината Шуто Оризари. Оваа значајна сообраќајница ќе се обнови на должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата Босна и Херцеговина и булеварот Словенија до улицата Бутелски венец.

„По повеќе децении ќе се реконструираaт коловозот и дел од тротоарите на улицата Индира Ганди со цел да обезбедиме добра инфраструктура за граѓаните, особено во општината во којашто живеат најголем број социјално загрозени лица. Градежните работи овде ќе траат 30 дена, а за овој зафат Град Скопје ќе потроши околу 16 милиони денари“, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој упати апел граѓаните секојдневно да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје и да ја почитуваат поставената патна сигнализација. Шилегов замоли за разбирање додека траат градежните работи за обнова на улиците зашто крајната цел е Скопје да добие функционален, модерен и безбеден сообраќај кој целосно ќе ги задоволува потребите на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

За премиерот Заев не постојат Кики и Фрики

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија53 минути

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија1 час

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија4 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија4 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија5 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија6 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет7 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт8 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија18 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет19 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет21 час

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ23 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Досие