Контакт

Македонија

Коста Петров нов директор на Фондот за иновации и технолошки развој

Објавено пред

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, е именуван за нов директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Тој доаѓа на местото на Јован Деспотовски, кој беше на чело на Фондот три години.

Петров на „Фејсбук“ објави дека ФИТР ќе продолжи да инвестира во иновацискиот развој на компаниите работејќи на создавање нови квалитетни работни места и придонесувајќи кон развојот на македонската економија.

По 15 години работно искуство во приватниот сектор, од кои 10 години како основач и директор на „Пи ворлд“, време е за…

Posted by Kosta Petrov on Tuesday, November 10, 2020

„Иновациите и развојот на технологиите мора да ја заземат централната улога во нашата развојна економија, а ФИТР ќе биде двигател на оваа трансформација. ФИТР ќе продолжи да инвестира во иновацискиот развој на компаниите работејќи на создавање нови квалитетни работни места и придонесувајќи кон развој на македонската економија. Целта е да обезбедиме поддршка за компаниите и стартапите, со тоа што ќе им помагаме во секој чекор, почнувајќи од работењето, едукацијата, развојот на продукти, па сè до комерцијализацијата и продажбата. Фондот ќе работи и соработува со врвни домашни и меѓународни претприемачи, финансиски експерти и основачи на иновативни компании.

Во нашата работа ќе биде целосно вклучена и академската заедница, која ќе биде нераскинлив дел од сите процеси. Мојата визија е заедно, со помош на интернационалната и македонската стартап-заедница, со новиот бран македонски иноватори, да ја позиционираме Македонија како регионален стартап-хаб во регионот.

Македонија има многу потенцијал, има многу паметни и мотивирани млади луѓе. Ќе ја насочам целата моја енергија да ги поддржиме и да им помогнеме да ги реализираат своите цели. За крај, сакам да им заблагодарам на премиерот Зоран Заев за дадената доверба и на сите мои колеги што ме поддржуваа. Нè чека многу работа и многу храбри чекори! Знам дека можеме!“, напиша Петров.

Тој претходно беше и портпарол на Министерството за здравство.

Македонија

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот Марјан Кицев. На средбата министерот Спасовски информираше дека во наредниот период ќе бидат исплатени бонус плати за вработените во МВР за три години.

Откако во претходниот мандат на министерот Спасовски беа обезбедени средства за исплата на бонус плата за 2019 година и таа првпат беше исплатена во МВР, сега се обезбедени средства за исплата на бонус плата за 2020 година, но и за 2017 и 2018 година.

Бонус платата за 2017 година ќе биде исплатена во декември оваа година, а бонус платата за 2018 и 2020 година во текот на наредната година.

„На тој начин и вработените ги добиваат парите кои им следуваат согласно колективниот договор, а и Министерството нема да се изложува на непотребни судски трошоци по тужбите на вработените“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОН апелира апликациите за студентски стипендии да се доставуваат електронски, а договорите за ученички стипендии по пошта 

Објавено пред

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е аплицирањето за стекнување на правото на студентска стипендија во академската 2020/2021 година, кое трае заклучно со 30 ноември. Потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови, апликациите можат да ги достават електронски преку интернет платформата www.konkursi.mon.gov.mk или пак, хартиено преку архивата на МОН.

Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во државата, во интерес на заштита на личното здравје, а со тоа и заштита на јавното здравје, Министерството за образование и наука упатува апел до студентите, доколку се во можност да го искористат електронскиот начин на поднесување на апликацијата, кој е поедноставен и побезбеден, или пак, документите да ги доставуваат по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса – бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.

Апелот се однесува и на учениците кои го оствариле правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година, а кои имаат обврска заклучно со 4.12.2020 година до МОН да достават пополнет договор во три примероци (достапен на следниот линк) и копија од лична трансакциска сметка, да одбегнуваат физичка посета на МОН, односно документите исто така да ги доставуваат по пошта.

За дополнителни информации и поддршка за учениците и студентите, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, а официјалната електронска адреса на министерството е [email protected].

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Иванов: Народот му го виде правото лице на Заев, пред очи ни се случува национално предавство

Објавено пред

Кога сте подготвени едно прашање да го решите по секоја цена, тогаш цената е највисока, вели поранешниот претседател Ѓорге Иванов во врска со изјавите дадени од страна на премиерот Зоран Заев во интервју за бугарски медиум.

„Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена. Сега речиси секој си зема право да го негира она што е наше, и тоа на повеќе нивоа и во повеќе наврати.
Постојат прашања за кои не се преговара, стекнати права за кои не се разговара, црвени линии преку кои не се преминува“, порачува поранешниот претседател во обраќање на социјалните мрежи.

Почитувани Македонци,

Како претседател на Република Македонија во двата мандата во многу мои обраќања кон македонската…

Posted by Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија on Четврток, 26 ноември 2020

Според него, невиден преседан е поради политички контекст, политичарите да даваат историско толкување на фактите.

„Вчера, македонскиот народ му го виде правото лице на Заев. Овој самопрогласен ‘искусен политичар’ вчера докажа дека сме сведоци на национално предавство. Длабоко сум убеден дека македонската нација (и оние што гласаа за него) ја согледаa предавничката улога на Заев и неговата клика“, вели Иванов и додава дека во секоја демократска земја, во секоја земја членка на НАТО и ЕУ, за вакви изјави на премиер паѓа владата.

Иванов на крајот порачува дека е уверен оти македонскиот народ ќе го сочува, ќе гo негува и промовира вековниот идеал на непокорот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија2 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија3 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија5 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ7 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија7 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија8 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет8 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет8 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија19 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија20 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија21 час

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет22 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен23 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија1 ден

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Досие