Контакт

Македонија

Кој е критериумот за амнестија на Ѓорге Иванов? (ВИДЕО)

Објавено пред

Македонија

Поповска: Каде потонаа мерките против загадувањето?

Објавено пред

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ постави процедурално прашање на седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија и предложи заклучок да се побара од претседателот на Собранието итно закажување на седницата со точката за аерозагадувањето. Заклучокот со барањето беше едногласно усвоен.

„Каде потонаа собраниските заклучоци со мерки против загадувањето, кои беа донесени со апсолутен консензус по одржаната јавна расправа во Собранието на Република Македонија? Зошто точката за загадувањето на воздухот сеуште не е помината на пленарна седница, кога ова е приоритетен проблем за сите? Уште сега треба да се почне со спроведување на мерките, за да биде помало загадувањето следната есен и зима! Со заклучоците ги задолживме институциите на државно и локално ниво со конкретни обврски: попис на загадувачи, контрола на горивата и горилниците во јавниот и приватниот сектор, ригорозен инспекциски надзор на индустријата и сите стопански субјекти, контрола на градилиштата, ревизија на деталните урбанистички планови и спроведување на законот за урбано зеленило со задолжителни 20% зеленило на градежна парцела, решавање на отпадот, субвенции за промена на печки, горива, возила, фотоволтаици, изола и ред други мерки,“ аргументираше Поповска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски: Има подобрување на безбедноста, тоа го кажуваат и граѓаните

Објавено пред

Безбедносната состојба во Валандово е стабилна и поволна, како впрочем и на целата територија на државата. Имаме подобрување на безбедноста, а тоа го кажуваат и граѓаните, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по денешната посета на полициската станица Валандово, повикувајќи се на последната анкета на ОБСЕ според којa 75 отсто од граѓаните се изјасниле дека се чувствуваат безбедни.

Во полициската станица Валандово министерот разговараше со раководството, но и вработените за прашања што ја засегаат работата и делокругот на задачи на полициската станица, а тема на разговор биле и условите за работа на полициските службеници.

„Во изминативе година и половина јас и актуелното раководство на министерството презедовме низа конкретни активности за подобрување на статусот, на материјално-техничките и инфраструктурни услови за работа на полициските службеници. Подобрувањето на статусот и условите на работа, сфатени и како загарантирани права на полициските службеници се наш заеднички интерес, оти логиката е едноставна – само задоволен полициски службеник е ефикасен и професионален полициски службеник“, рече Спасовски.

Министерот кажа дека за набавка на нови униформи предвидени се нови, околу 200 милиони денари, а предвидено е и зголемување на платите за пет проценти.

Посочи оти за 2019 година предвидени се 70 милиони денари и за реновирање на полициските станици, а меѓу предвидените објекти за реконструкција е и полициската станица во Валандово.

На средбата со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, беше констатирано дека соработката меѓу полицијата и локалната самоуправа во Валандово е одлична, но се разговараше и за сегменти каде таа може да биде уште подобра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Поддржувачите на договорот се на вистинската страна од историјата

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изјави дека оние го поддржуваат договорот за името се наоѓаат на вистинската страна од историјата.

Во изјава за француската новинска агенција АФП, Димитров изрази верување дека и оние кои во моментов го критикуваат преспанскиот договор, најпосле ќе го променат ставот.

Министерот предупреди дека доколку ЕУ не ги почне преговорите за членство со Македонија, ќе има пад на кредибилитетот на целиот пристапен процес.

Македонскиот парламент го ратификуваше договорот на 11 јануари, а доцна вечерва се очекува договорот да биде ратификуван и во грчкиот законодавен дом. Според пишувањата на грчките медиуми, премиерот на Грција, Алексис Ципрас, го има обезбедено потребниот број гласови за договорот да добие зелено светло.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ќосето до Ѓорчев: Требаше досега да ги посетиш фамилиите на затворените за 27, а не откако најави кандидатура за претседател

Горан Ангелов – Ќосето обвинет за случувањата од крвавиот четврток, преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев...

Македонија2 часа

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми поведува постапка против 1 ТВ поради наводно скриено сопствеништво. На утрешната седница на дневен...

Македонија2 часа

СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

За сите осомничени во истрагата ,,Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор бидејќи сè уште постојат причините за...

Македонија4 часа

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската радио-телевизија каде што се сместени и...

Регион4 часа

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за ратификација на договорот за името

Вториот ден од дебатата за преспанскиот договор, на пленарната седница во грчкиот парламент, ќе биде заокружена доцна вечерва, кога се...

Македонија4 часа

(Видео) Закани до обвинителите на СЈО: „Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предметот на СЈО „Титанк 3“, во кој обвинети се Ејуп...

Македонија5 часа

Мијалков на 31 јануари ќе го испрашува свиркачот Лазаревски

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, кое се однесува на незаконското следење на комуникации, е одложено за 31 јануари. Свиркачот Ѓорги Лазаревски...

Македонија6 часа

Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се...

Свет6 часа

Кинески воени авиони ,,покажувале сила” летајќи во близина на Тајван

Кинески воен авион „сухој Су-30“и транспортен авион „шансји Ј-8“ на Ослободителната војска на Кина (ПЛА) прелетале над каналот Баши меѓу...

Македонија7 часа

На 12 март одново ќе почне судењето за набавката на 300 полициски „шкоди“

На 12 март, во 10 часот, во кривичниот суд во Скопје одново ќе почне судењето за предметот „Триста“ на СЈО,...

Свет7 часа

Најмалку 5 мртви во заложничката криза во банка на Флорида

Вооружен напаѓач упаднал во банка во Флорида и се забарикадирал внатре, а потоа се јавил на бројот за итни случаи...

Свет8 часа

САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одби да ги повлече американските дипломати од Каракас тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи23 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија24 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања1 ден

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија1 ден

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија1 ден

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет1 ден

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија1 ден

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Досие