Контакт

Крвав четврток

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Објавено пред

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во Собранието од 27 април 2017 година и дека сите кои влегле тој ден во Собранието биле изманипулирани со „тиранската платформа“ од страна на политичарите.

Жалам за она што се случи на 27, имам грижа на совест. Сакам да се извинам на сите кои беа присутни во Собранието, пратеници, новинари и вработени. Ние што влеговме во Собранието на некој начин подлегнавме и бевме изманипулирани од наводната идеја за „тиранска платформа“, предводена од тогашните организатори и политичари.

На 27 бевме предводени од емоции и чувства кон татковината кои на некој начин политичарите ни ги наметнаа. Наредба за упад во Собранието не сум добил од никого, ниту од организаторите, ниту од политичарите, рече Митревски.

Тој истакна дека не бега од одговорност и дека за влегувањето во Собранието стои зад секоја направена грешка.

„Признавам при чиста свест дека стаклената врата во Собранието јас ја скршив. Не е точно дека Горан Ѓошевски Леви ја отворил. Морам да признаам дека Леви го мразам од дното на душата. Причината е што при моето приведување пред неколку години ми зададе удар без причина во полициската станица во Автокоманда. Не сум таков човек, а можев да му наштетам. Омразата ја чувствувам и денеска“, рече Митревски.

Кољо е обвинет од страна на Јавното обвинителство дека за упадот во Собранието ги организирал патриотските здруженија. Тој тврди дека на протестите „За заедничка Македонија“ учествувал честопати и дека од листингот на неговите телефони може да се утврди дека на 27 не разговарал со ниту еден член од патриотските здруженија.

„Од мојот листинг од двата броја може да се види дека тој ден сум комуницирал со МВР, мојот полубрат, Стопанска банка, мојата адвокатка и уште двајца пријатели кои немаат врска со упадот. Дали ова се патриотски здруженија?“, праша Кољо.

Тој исто така тврди дека исказите на браќата Стефан и Михаил Младеноски, дадени пред судот, во кои говорат дека Кољо е еден од организаторите на толпата се лажни.

„По давањето на исказот, на паузата Стефан ме повлече и ми кажа дека за исказот не дал заклетва и дека му било понудено заштита за да нема притисоци, па затоа дал така изјава против мене“, вели Кољо.

На денешното рочиште завршен збор дадоа обвинетите Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, а по Никола Митревски Кољо пред судот ќе се обрати и Александар Василевски Нинџа.

Крвав четврток

Семејствата на притворените за 27 април со гаранции се жалат кај народниот правобранител

Објавено пред

Семејствата на осудените и притворени со гаранција ќе поднесат претставка до Народниот бранител затоа што при активна гаранција им бил определен притвор, а биле 4 часа заклучени во судот пред да бидат донесени решенијата за притвор, потврдија за „Макфакс“ некои од нив.

Пред два дена адвокатите на обвинетите за насилниот упад во Собранието реагираа на определувањето притвор за нивните клиенти бидејќи, како што пишуваат, судот не ја зел предвид високата гаранција кога ја донел одлуката за притворање до правосилност на пресудата.

„За овие обвинети за кои беше определена гаранција судијката Кацарска при донесување на решенијата  за определување мерка притвор намерно или случајно ја заборави изречената гаранција. Така во донесените решенија за притвор таа вопшто не беше спомената па така сега имаме ситуација во притвор да се наоѓаат обвинети на кои истовремено од Апелациоски суд им  уважи висока гаранција (на некои дури и до 800.000 евра) за да се бранат од слобода, која сè уште е во правна сила“, појаснија адвокатите.

Определувањето притвор го оценија како преседан во македонскиот правен систем. Адвокатите потсетија дека обвинетиот Сеад Кочан во случајот на СЈО ,,Труст“ имал уважена гаранција, па кога првостепениот суд го осуди на казна затвор од 6 години, токму поради вложената гаранција Кочан не беше спроведен во притвор.

Судот ги осуди на вкупна затворска казна од 211 година 16 обвинети во предметот за 27 април.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Објавено пред

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот не ја зел предвид високата гаранција кога ја донел одлуката за притворање до правосилност на пресудата.

„Јавна тајна е дека дел од обвинетите додека траеше судскиот процес беа пуштени да се бранат од слобда со гаранции кои беа прифатени не само од Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, туку истите беа и потврдени и од страна на Апелациониот суд Скопје“, напишаа адвокатите во писмо до јавноста.

„За овие обвинети за кои беше определена гаранција, судијката Кацарска при донесување на решенијата  за определување на мерка притвор, намерно или случајно ја заборави изречената гаранција. Така во донесените решенија за притвор таа вопшто не беше спомената па така сега имаме ситуација во притвор да се наоѓаат обвинети на кои истовремено од Апелациоски суд им  уважи висока гаранција (на некои дури и до 800.000 евра) за да се бранат од слобода, која сe` уште е во правна сила“, објаснуваат адвокатите.

„Ова е виситински преседан во македонскиот правен систем, нешто што не е дозволено согласно одредбите од зкп, па затоа и никогаш не се случило до сега во македонското судство, ама се случи во овој судски процес некој да биде притворен, а притворот дури и му се гарантира со гаранција од неколку стотици илјади евра, навистина чудно, за правната фела неразбирливо“, пишува во соопштението до јавноста.

Според адвокатите, ваквата одлука на судот е во спротивност со одредбата од член 144 став 2 од ЗКП, во согласност со која судот кон обвинетиот истовремено може да определи повеќе мерки, освен кога ќе ја определи мерката притвор.

Адвокатите појаснуваат дека во Законот за кривичната постапка точно се определени условите кога веќе еднаш уважената гаранција може да пропадне или да се врати на обвинетиот, а тој услов не е и не може да биде изречената првостепена судска одука за огласување на виновен за сторување на кривично дело и определување на првостепена казна.

Гаранцијата ќе пропадне и на обвинетиот ќе му се определи притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, ако побегне и ако го повтори или доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува.

Адвокатите потсетуваат дека обвинетиот Сеад Кочан во случајот на СЈО ,,Труст“ имал уважена гаранција, па така кога првостепениот суд го осуди на казна затвор од 6 години, токму поради вложената гаранција Кочан не беше спроведен во притвор.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Притвор за сите осудени за крвавиот четврток

Објавено пред

Сите 16 осудени за крвавиот четврток во Собранието ќе бидат во притвор. Вака одлучија судиите по денешните барања за определување мерка притвор за осудените, кои ги образложи обвинителката Ивана Трајчева.

На оние кои денеска им беше определен притвор, мерката ќе им важи до правосилноста на пресудата.

Во притвор останува Митко Чавков, а влегуваат и Митко Пешов, Душко Лазаров, Абдулфета Алими и останатите неправосилно осудени.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа37 минути

Над 30 уапсени на протестите во Париз, против „жолтите елеци“ ангажирана и војската

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата избиваа денеска на улиците низ Париз и другите француски градови за време на протестите...

Топ3 часа

Затвореник во „Идризово“ избоден во тепачка со неговиот брат близнак

Во затворот „Идризово“ во Скопје, во претпладневните часови на 22 март дошло до крвав инцидент меѓу двајца браќа – затвореници....

Топ3 часа

(Видео) Османи за СЈО: Да продолжат преговорите, но и потрагата по двотретинско мнозинство

Да продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за заеднички договор за судбината на СЈО, но истовремено да продолжат и разговори со...

Македонија4 часа

(Видео) За Спасовски писмото на ИВЗ е уцена, Османи повикува на дијалог

Македонија е секуларна држава и апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите...

Топ5 часа

Од Вардар извлечено тело на 20-годишно момче

Околу 10 часот утринава од водите на Вардар во близина на Гостивар, е извлечено безживотното тело на 20-годишно момче. Телото...

Свет7 часа

Уништена Исламска држава во Сирија, го изгуби и последното упориште

Иако поразот на Исламска држава во Багуз означува крај на власта над џихадистичката квази држава, која се простираше на делови...

Свет7 часа

Стотици илјади Британци на протест во Лондон, бараат втор референдум за брегзит

Неколку стотици илјади Британци од цела Велика Британија, денеска на улиците на Лондон бараат нов референдум за брегзит. Се очекува...

Свет8 часа

Противниците на новиот закон за авторски права најавија протести низ Европа

Илјадници демонстранти се очекуваат денеска да излезат на улиците низ Европа во пресрет на одлучувачкото гласање за реформа на законот...

Свет9 часа

Масовна тепачка на плоштад во Берлин – се степаа фанови на две Јутјуб ѕвезди

Спор меѓу две ривалски ѕвезди на Јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин. Повеќе од 100 полицајци учествуваа...

Свет9 часа

Повторно отворени џамиите во Крајстчерч, први влегоа преживеаните од масакрот

Двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, во кои беа убиени 50 луѓе, денеска се повторно отворени откако претходно...

Свет23 часа

Туск: Сè е можно до новиот рок за брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека сè е можно до новиот рок за брегзит одреден за 12 април...

Македонија1 ден

Власта и опозицијата без договор за СЈО

Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој...

Македонија1 ден

(Видео) „Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фета Алими

Група граѓани се собраа денеска на протестен марш, на кој побараа осолободување на Абдулфета Алими, кој е осуден за крвавиот...

Македонија1 ден

Кавга меѓу ИВЗ и Владата: Реџепи си го бара имотот, Заев се жали дека е уценет

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница (ИВЗ). Од ИВЗ обвинуваат дека Владата е селективна и...

Македонија1 ден

Ѓорче Петров донираше за социјално загрозеното семејство од Долно Лисиче, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Трајче Конески и Моника Антевска од Долно Лисиче заедно со своите две деца, 9 годишниот Бојан и 2 годишната Бојана...

Избори 20191 ден

(Видео) Утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Блерим Река, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски – под овој редослед ќе бидат испишани претседателските кандидати на гласачкото ливче, одлучи жрепката...

Топ1 ден

Во Прилеп, 19-годишник со „голф“ удрил во дете на велосипед

На крстосница меѓу прилепските улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во претпладневните часови на 21 март, 19-годишен прилепчанец управувајќи автомобил „голф“,...

Регион1 ден

Рачна бомба фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Рачна бомба е фрлена утрово во дворот на руската амбасада во Атина. Грчката полиција соопшти дека гранатата експлодирала, нема повредени,...

Регион1 ден

Лавров: Западот прикрива злосторства на НАТО во Југославија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји ги прикриваат злосторствата извршени за време на воената операција...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Терористите од ИСИС добија три пати помали казни од осудените за 27-ми април

ВМРО-ДПМНЕ утрово оцени дека е срамота што  терористите од ИСИС, добиле три пати помали казни од осудените за 27-ми април „Срамен...

Досие