Контакт

Македонија

Креаторите на иновативната апликација SpeakOut се сретнаа со министерот Адеми

Објавено пред

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, денеска, имаше средба со тимот ученици од земјата што ја креираа иновативната мобилна апликација SpeakOut за поддршка на жртвите од врсничко насилство, а за што од страна на УНИЦЕФ добија награда – менторска поддршка и 20.000 американски долари за дополнителен развој, имплементација и промоција на нивната иницијатива.

„Министерството, државата и јас како министер исклучително се гордеам со вас. Како млади и бистри умови вие покажавте дека имате идеи и енергија да создадете подобар свет за себе и за сите нас. И како индивидуи и како тим покажавте дека може да се направат крупни промени што ќе го придвижат не само нашето општество туку и воопшто светот“, рече Адеми пред учениците што се натпреваруваа со име „АндроМета“,додавајќи дека државата заедно со сите општествени фактори, како и со УНИЦЕФ, ќе продолжи да ги поддржува младите таленти и да инвестира во надградба на нивното знаење, креативност и иновативност.

SpeakOut е мобилна апликација која има цел да ги мотивира младите анонимно да побараат помош и/или да им дадат поддршка на своите врсници. На младите, кои евентуално би ја користеле, апликацијата им нуди две опции за добивање помош – јавно да објават и да добијат помош од другите членови во заедницата или да разговараат со волонтер, приватно, еден на еден.

Во рамките на младинскиот предизвик Genration Unlimited се вклучија повеќе од 800 иноватори од 16 земји. Петте победнички тимови, меѓу кои и тимот од Северна Македонија, составен од Александра Поповска – 18 години, Дарио Стојанов – 16 години, Матеј Плавевски – 16 години, Амра Личина – 17 години и Данче Петрушевска – 18 години, беа претставени минатата недела во Њујорк.

Македонија

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август Илинден, во Охрид и во Грција, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе одмара во Скандинавија, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во Турција, а вицепремиерот Кочо Анѓушев во Грција.

Во соопштение од Владата се наведува дека повеќемина членови на Владата дел од годишниот одмор ќе го искористат во првите десеттина дена од август. Најголемиот дел од оние кои се одлучиле каде ќе летуваат ги избрале Охрид, Грција, Турција и Албанија.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, нема одлучено дали ќе оди и каде би одел.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, планира својот годишен одмор да го реализира од 2 до 10 август, а за своја дестинација оваа година ја одбра Албанија.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на почеток на август ќе замине на одмор во Италија, а надвор од земјата, дел од својот годишен одмор, ќе искористи министерот за образование и наука Арбeр Адеми, како и министерот за култура Хусни Исмаили кој ќе помине неколку дена во Албанија и неколку дена во Охрид.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски нема да оди на годишен одмор, а министерот за животна средина и просторно планирање ќе замине во Грција во периодот од 9 до 18 август.

Во првата половина на август на одмор ќе замине министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, кој оваа година ќе замине на 7 дена во Грција.

Заменик претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки сѐ уште го нема соопштено својот план за годишниот одмор. Министерот за надворешни работи Никола Димитров до сега нема одлучено дали и каде ќе оди на годишен одмор, исто како и министерот за здравство Венко Филипче.

Министерката за правда Рената Дескоска одреден период од својот летен одмор ќе помине во Охрид, но засега без определени датуми заради претстојните разговори за Законот за Јавно обвинителство.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе замине на еднонеделен одмор од 4  до 11 август, но до сега без одлука каде.

И министерот за економија Крешник Бектеши дел од одморот ќе искористи во првата половина од месец август. Со семејството сѐ уште немаат направено избор за својата дестинација.

Првата половина од месец август е планот за одмор и за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, исто така, без определена дестинација.

Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам, дел од годишниот одмор на почетокот на август ќе го помине во некоја од земјите од регионот.

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска заминува исто така на кус одмор на почетокот на август, сега за сега без одлука каде, додека министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан ќе летува во Турција од 31 јули.

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Бардул Даути ќе замине на годишен одмор во Албанија на 1 септември.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почна реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин во Скопје

Објавено пред

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Кочо Рацин, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје. На оваа сообраќајница ќе се отстрани постојниот оштетен асфалт и ќе се постави нов асфалтен слој на должина од 880 метри, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј.

Реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин ќе се одвива во наредните 40-ина дена. Додека траат градежните работи, на булеварот ќе се воведе привремен режим на сообраќај.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, апелираше граѓаните на дневна основа да ги следат информациите на Град Скопје за воведување привремен сообраќаен режим на градските сообраќајници и за можните застои.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обновено игралиштето во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Објавено пред

Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ денеска беше пуштено во употреба реновираното спортско игралиште во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“, спроведен од Младински образовен форум (МОФ).

Општина Карпош го поддржа овој проект за обнова на игралиштето, кое сега е функционално и истото ќе може да го користат студентите, за реализација на спортско-рекреативни активности во текот на нивниот престој во студентскиот дом.

Обновени се головите, поставени се заштитни мрежи, а спортскиот терен е соодветно обележан. Исто така, комуналните служби на општината целосно го исчистија овој дел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Свет45 минути

Помпео: Иран не уапсил агенти на ЦИА

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги отфрли тврдењата на Техеран дека се уапсени агенти на ЦИА во Иран и осудени...

Македонија1 час

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Свет2 часа

Најавени низа оставки во британската Влада, една веќе поднесена утрово

Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, утрово поднесе оставка. Се очекува вкупно 12 министри неделава да ја напуштат...

Економија2 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините еуросупер БС-95...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија4 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет5 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет5 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет6 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет6 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет7 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет7 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија17 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија19 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион21 час

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија23 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија23 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие