Македонија
Кривичен со контра обвинување за Боки 13: Манипулира!
Кривичниот суд излезе со контра обвинување, во кое посочува дека Бојан Јовановски ја манипулира јавноста, а штетата ја сноси покојниот судија Огнен Ставрев. Тие го повторуваат она што и Јовановски го кажа, дека станува збор за неправосилно решение. Потврдуваат дека решението на кое стои името на покојниот Ставрев, а до него и ознака „с.р.“, што значи своерачно, го потпишала судијката Бранка Наумоска.
Во соопштението на Кривичниот суд нема ништо за обвинувањата дека решението е антидатирано, односно дека во него стои оти е донесено на 31 јануари 2023 година, иако, според Боки 13 и неговите адвокати, тоа не е така.
„Конкретното решение е донесено од судијата Ставрев по анализа на целокупната медицинска документација и мислењата. Но, со оглед дека, поради здравствени причини, судијата замина на боледување, писмено изготвеното решение било потпишано од вториот судија во одделот, судијката Бранка Наумоска, користејќи ги претходно усогласената судска пракса и правното мислење на Врховниот суд на РСМ“, велат од Кривичниот суд.
Во правното мислење стои: „Кога во законот нема експлицитна одредба што со предметите кои му се доделени во работа, ќе се постапува на следниот начин: во предметите во кои е објавена одлуката, а писмено не е изготвена и потпишана од судијата, со одлука претседателот на судот ќе определи судија, кој писмено ќе ја изработи одлуката, во состав на судот – советот што го пресудил предметот и ќе ја потпише со запирка – во предметите во кои одлука не е објавена, и кај оние предмети во кои главниот претрес е завршен, одлуката не е објавена, а е изготвена во АКМИС и не е верификувана, ќе се преотвори нов главен претрес и ќе се донесе и објави одлука од судијата – (советот) на кој тој предмет му е доделен во работа“.
Од Кривичниот суд дополнуваат дека Јовановски е лекуван и хоспитализиран во болница. Се повикуваат и на мислењето дадено од јавниот обвинител.
„Заради целосно запознавање со случајот, правниот тим на Јовановски потребно е до медиумите да ја достави целокупната медицинска документација, вклучувајќи го и милењето на лекарскиот колегиум составен од повеќе професори од ЈЗУ Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, изготвено на 23.1.2023 година по барање на судот, а во кое е наведено дека ‘општата здравствена состојба на осуденото лице НЕ е компромитирана со оглед на неговите претходни зафати и потребно е нејзино понатамошно следење’, како и мислењето на надлежниот јавен обвинител, кој смета дека врз основа на приложената документација барањето за прекин треба да биде одбиено. Јавноста воедно треба да биде запознаена дека осудениот Јовановски во изминатите 6 месеци, со дозвола на судот, неколкупати бил хоспитализиран и му се дозволени сите неопходни прегледи поврзани со неговата здравствена состојба. Тој за целиот овој период, почнувајќи од 25.7.2022 година, со неколку прекини, па до денес, привремено е згрижен во соодветна клиника. Поради сето ова, судот апелира да не се манипулира со јавноста на морбиден и мононструозен начин, како што квалификува Јовановски, особено што се злоупотребува и името на покоен судија“, додаваат од Кривичниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Антикорупцискиот тим на СДСМ: Денеска објавуваме нова бомба
„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Каков капитал влегува во земјава и со што е поврзан? Постои ли финансиско-политичка мрежа и со кои земји е преплетена? Која е позадината?“, велат од СДСМ
„Дали затоа оваа влада на Мицкоски ја држи Македонија надвор од ЕУ – изолирана и претворена во црна точка во Европа?“, се вели во најавата на СДСМ од каде додаваат дека прес-конференцијата е закажана за 10:30 часот, во седиштето на партијата, на која ќе се обрати Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.
Македонија
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата: „Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата, „ВМРО-ДПМНЕ да го потпише договорот со народот и заедно да ја поднесеме во македонското Собрание“.
„Зошто со денови не одговараат дали ќе ја потпишат? Содржината е објавена и јавно достапна, сега повеќе немаат изговори дека не ја виделе или не ја прочитале.
Ајде, заедно да го потпишеме договорот со народот.
Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
Македонија
Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со против правна имотна корист од 90 000 евра додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија.
Зошто Спасовски 3 месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата и го чувал во фиока? Дали зад заштитата на Спасовски стои нешто друго?
Зошто Спасовски дури 3 дена по несреќата на Беса Транс го ставил својот потпис на решението?
Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на тој технички преглед?
Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. ЈО веднаш да постапи.
СДС наместо да се огради ги штити криминалците во своите редови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

