Контакт

Македонија

Кризниот штаб: Спасовски да ја помести заштитната ограда од булеварот

Објавено пред

Кризниот штаб против промена на Уставот, зад кој стои партијата на Јанко Бачев „Единствена Македонија“ соопшти дека е поставена заштитна ограда на булеварот пред Собранието со цел, како што велат, да се узурпира просторот наменет за народот кој денеска ќе излезе на протести.

„Ја информираме јавноста дека министерот во МВР Оливер Спасовски ја направи првата опасна провокација во врска со денешнот голем Сенароден протест пред Собранието на Република Македонија. Утрово министерот Спасовски дал наредба за првпат во историјата на протестирање пред Собранието заштитната ограда да се постави на самиот булевар со што се узурпира просторот наменет за народот“, се вели во соопштението на Кризниот штаб.

Оттаму го повикуваат Спасовски да ја помести оградата на вообичаеното место пред самото Собрание бидејќи, во спротивно, не гарантираат за безбедноста доколку народот се доведе во ситуација самиот ја оддалечи оградата на вообичаеното место.

Истовремено со протестите, во Собранието денеска продолжува дебатата за уставните измени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Град Скопје: По десет години се чистат каналите и езерцата во градскиот парк

Објавено пред

Екипите на Град Скопје и на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ спроведуваат акција за комплетно чистење на каналите и на езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк. Од Град Скопје велат дека езерцата не биле исчистени десет години.

Деновиве се чисти каналот што носи вода до езерото во првиот дел од Градскиот парк. Во акцијата се отстрануваат насобраните лисја, милта, наносите од земја и отпадоците, за да може езерцето да се наполни со вода. Се чисти и каналот што носи вода до целиот езерски систем во паркот. Како дел од овие активности се отстрануваат и исушените и искршени гранки на околните дрвја кои претставуваат опасност за посетителите на паркот.

Град Скопје апелира до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Бејли пред истекот на мандатот: Ги сакам луѓето, не го сакам воздухот

Објавено пред

Амбасадорот на САД, Џес Бејли на социјалните мрежи објави видео во кое одговара на 50 кратки прашања поврзани со неговото искуство во земјата. Тој по истекот на неговиот мандат наскоро заминува од Северна Македонија.

Одговарајќи што најмногу ќе му недостига, Бејли вели луѓето, а најмалку ќе му недостигало загадувањето.

Американскиот амбасадор рече дека најголеми предизвици за политичките лидери во земјата ќе бидат владеењето на правото, подобрувањето на економијата и прашањата за еднаквост.

Бејли ги отфрли обвинувањата дека влијаел врз најголемиот дел од политичките одлуки во земјава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со помош од Шведска ќе се подобруваат условите во битолската болница

Објавено пред

Делегација од Шведска, предводена од професорот на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм Нелсон Сомерфелд, ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката, Наташа Петровска, соопшти Општината.

Професорот Сомерфелд го предводи проектот кој во иднина треба да и донесе нови современи технолошки услови на Клиничката болница во Битола. Станува збор за хибриден систем за греење, ладење и вентилација, кој ќе претставува комбинирана технолошка иновација. Проектот е веќе дел од програмата за работа на Кралскиот институт во Стокхолм, при што е завршен првиот дел, кој содржи три можни решенија. Од нив ќе се избере најдоброто решение за Клиничка болница, по што ќе следува подготовка на техничката документација и проект за изнаоѓање средства од инвеститори и странски фондови.

Како дел од делегацијата, на средбата присуствуваше и Марија Русенгрен, битолчанка која живее во Шведска. Таа досега во повеќе наврати донирала и помогнала во многу институции во градот Битола, а беше иницијатор и за реализација на овој проект.

Петровска се заблагодари на помошта од страна на гостите од Шведска, при тоа поздравувајќи ја иницијативата за воведување на иновативните технологии. Петровска посочи и дека во иднина може да се продлабочи соработката на Кралскиот институт со Техничкиот факултет од Битола, кој може од стручен аспект да биде вклучен во реализацијата на овој, но и на други проекти во градот. Општина Битола го помага овој проект преку вклучувањето на инженерот Горан Неделков, вработен во општината, задолжен за реализација на проектот.

Претставниците од Клиничка болница Битола, предводени од директорот, Зоран Лазаров, ја истакнаа важноста од реализирањето на овој проект, со што во болницата ќе биде целосно комплетиран системот за греење, ладење и вентилација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

(Видео) Бејли пред истекот на мандатот: Ги сакам луѓето, не го сакам воздухот

Амбасадорот на САД, Џес Бејли на социјалните мрежи објави видео во кое одговара на 50 кратки прашања поврзани со неговото...

Топ1 час

Прегазена жена на улица во Скопје, возачот е непознат

(Фото: Илустрација) Седумдесет и двегодишна жена почина по удар од автомобил во Скопје. Како што соопшти полицијата, вчера во жената...

Топ1 час

Aвтомобил се преврте во река, потешко повредени три млади лица

Утрово по полноќ, на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе се преврте патничко возило управувано од 26-годишно лице од Скопје....

Свет1 час

Tрамп ќе стави вето на резолуцијата за блокада на вонредната состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека ќе стави вето на резолуцијата која би го блокирала неговото прогласување на вонредна...

Регион2 часа

„Франкфуртер Рундшау“: ЕУ и САД договорија поделба на Косово

ЕУ и САД го усогласија текстот на договорот за решевање на косовското прашање што предвидува поделба на Косово и размена...

Македонија4 часа

Продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Денеска напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Крвав четврток17 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Свет19 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ20 часа

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија21 час

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата21 час

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија21 час

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија22 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток23 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија23 часа

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија24 часа

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија24 часа

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија1 ден

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија1 ден

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија1 ден

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Досие