Контакт

Македонија

Кузеска: Пратениците да покажат одговорност и да ги усвојат мерките за заштита од коронавирусот

Објавено пред

Откако по барање на опозицијата. Собранието не расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, порача дека нема време за одложување.

„Време за одложување нема. Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна. Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети  мерки со кои се штити здравјето на граѓаните. Со овој предлог-закон треба да се направат измени по што на сила ќе стапат мерките за носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот, како и ограничувањето на семејните собири“, истакна Кузеска.

Таа потсети и дека Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен на тие коишто вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број патници предвидени во едно возило.

Владата ја прифати и препораката на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации.

Овие мерки, како и претходниот пакет мерки којшто е во собраниска процедура, се донесени по зголемениот број на нови случаи на Ковид-19.

Најново

Свет7 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет7 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет8 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет8 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет8 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника8 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет9 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија9 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија10 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...