Македонија
Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ
На ексградоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ му е одреден куќен притвор од страна на Кривичниот суд, дознава „Макфакс“.
Одредени се и четири ефективни притвори, од кои еден е за експретседателот на Советот на општина Центар, Владимир Здравев. Другите се за Љ.Б., А.З. и З.П.
Здравев при апсењето беше затекнат на граница, а Тодоровиќ на аеродром.
Во истрагата на обвинителството „Феникс“ опфатени се 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои еден италијански државјанин и три италијански компании. Се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење на пари за изработка на најголемите споменици од „Скопје 2014“ – воинот на коњ, спомениците на Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Методија Андонов – Ченто, Цар Самоил, Гемиџиите, Цар Јустинијан, прво заседание на АСНОМ и споменик за основачите на ВМРО и лавовите.
Истрагата ја води обвинителот Љубомир Лапе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
