Контакт

Македонија

Лавицата Бела пристина во скопската зоолошка градина, за 10 дена ќе добие мажјак

Објавено пред

Од Ходенхаген, Германија пристигна лавицата Бела, млада женка која припаѓа на видот бели лавови. За десетина дена, во Скопје ќе пристигне и белиот лав Чака од Амневил, Франција со кој заедно ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.

Белите лавови се еден од најзагрозените видови во светот, а во природата се речиси во истребување, поради масовниот лов, но и нивната отежната репродуктивност.

„За првпат во Скопје, но и нашата држава ќе има бели лавови. Планираме да донесеме и бели тигри, како и други бели животни кои се доста ретки. Градот вложува, а Европа се залага што побргу нашата зоолошка да биде европска и што поубаво уредена за животните. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на Скопје ЗОО“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Македонија

Емил Јакимовски кој им се закануваше на две новинарки доби осумдневен притвор

Објавено пред

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар.

„Осумдневниот притвор му е одреден затоа што станува збор за скратена постапка, а исполнети се условите за опасност од бегство, бидејќи станува збор за дела против јавниот ред и моралот“, информираат од Кривичниот суд.

Јакимовски на ова има право на жалба до кривичниот совет на истиот суд.

Обвинителството утринава поведе постапка за загрозување на сигурноста при семејно насилство и по пат на информатички систем како и за непочитување судска наредба.

Обвинителството проценило, а Кривичниот суд прифатил дека постои основ Јакимовски да биде пренесен во Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Тој беше уапсен вчера и помина речиси 20 часа во полициска станица, по серијата вербални напади и деноноќно вознемирување на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, а и по пријава за семејно насилство.

По овие пријави, и други лица излегоа во јавност тврдејќи дека биле навредувани од страна на истото лице. Меѓу нив беше и директорката на Централниот регистар Марија Бошковска – Јанковски, која рече дека многу пати поднесувала поплаки до полицијата и се жалела дека е вознемирувана.

Минатата недела, Јакимовски доби отказ од Централниот регистар поради непочитување на колективниот договор и спорно боледување. Во меѓувреме, фан страницата на регистарот, која пред 10 години била отворена од Јакимовски, беше хакирана и беа постирани недолични постови. Бошковска – Јанковски претпоставува дека тие постови биле објавувани од Јакимовски.

Емил Јакимовски беше и активист на ВМРО-ДПМНЕ, а кон почетокот на месецов наводно бил исклучен од партијата. Тој раководеше и со неколку веб – портали.

За Јакимовски веќе има една судска пресуда за семејно насилство од март минатата година. Тој е условно осуден – ќе треба да одлежи една година затвор, доколку во наредните три години го повтори делото.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дежурни инспекциски екипи утврдуваат зошто е црвена водата на реката Серава

Објавено пред

Министерството за животна средина информира дека екипи излегле на терен за да спроведат вонреден инспекциски надзор по течението на реката во Карпош, откако локалните жители алармирале и пријавиле нејзино загадување.

Денеска на социјалните мрежи корисниците споделија фотографии од реката Серава на кои се гледа дека водата има темно црвена боја.

Од надлежното министерство велат дека дополнителни информации за причините за ваквата појава ќе бидат објавени откако ќе биде изготвен извештајот од вонредниот инспекциски надзор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев повика на одговорност од партиите за законот за Јавно обвинителство

Објавено пред

„Да седнеме како одговорни политичари и да преземеме одговорност за системско решение за Законот за Јавно обвинителство, бидејќи тоа е аргумент плус за европската интеграција“, порача претседателот Зоран Заев во одговори на новинарски прашања.

„Треба сите да понесеме одговорно, да преземеме чекори и да го донесеме Законот за јавно обвинителство ако не пред, тогаш да го донесеме и по изборите, какви да се состојбите п изборите сепак тоа останува наша обврска бидејќи е двотретински закон, а можеме тоа да го направиме сега, додека работи парламентот, па да и дадеме плус аргументи на ЕУ, за да осигураме позитивна идна одлука на Европскиот совет. Иако тоа не е услов, не е дел од Извештајот за нашата земја, но ќе биде аргумент плус, но најголемиот аргумент за сите нас е тоа што овој закон е последниот од структурните закони во делот на правосудството, за после тоа да може да очекуваме максимална имплементација за законите од правосудството, а со тоа да ги подобриме и состојбите во правосудството“, порача Заев.

„Не би сакал, дополни Заев, политичарите да бираат судии и обвинители, туку да дадеме шанса на професионалците“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Емил Јакимовски кој им се закануваше на две новинарки доби осумдневен притвор

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. „Осумдневниот притвор му...

Македонија30 минути

Дежурни инспекциски екипи утврдуваат зошто е црвена водата на реката Серава

Министерството за животна средина информира дека екипи излегле на терен за да спроведат вонреден инспекциски надзор по течението на реката...

Македонија3 часа

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет3 часа

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ3 часа

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Економија5 часа

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет6 часа

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура6 часа

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија8 часа

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија8 часа

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет9 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт9 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет9 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет22 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа1 ден

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа1 ден

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет1 ден

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион1 ден

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 ден

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Досие