Контакт

Економија

Лазаров до премиерите на Бугарија и Северна Македонија: Напишете ја новата економска историја

Објавено пред

Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора во Република Северна Македонија, Кирил Лазаров, преку писмо се обрати до премиерите на владите на Бугарија и на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Почитувани премиери на владите на Бугарија и на Северна Македонија, господин Кирил Петков и господин Димитар Ковачевски,

Преку ова отворено писмо сакам од мое лично име како претседател на Македонско-бугарската стопанска комора и од име на сите оние што партиципираат во неа да го изразам задоволството од најавената средба, која има можност да биде и историска ако двете страни имаат поглед кон иднината.

Ги имате почитта и поддршката од целата Комора да пристапите кон суштинските проблеми што ги тиштат двете општества и да најдете решенија што на двата народа ќе им донесат прогрес, иднина, работни места, економија и поврзување.

Имате историска должност кон сите оние што живеат денес и ќе продолжат да живеат и утре, или по 10, 30 или 50 години, затоа што денес ги пишувате иднината и новата историја, историја во која ќе пишува дека вие двајцата лидери сте нашле решение во кое ќе има нови автопати, нови гранични премини, во кое ќе профункционира железничката трансверзала, ќе имаме директен лет Скопје – Софија и решение во кое ќе дефинирате иднина во која ќе се разговара колку многу наши драги соседи од Бугарија ќе дојдат во Охрид или Маврово, а колку Македонци ќе отидат во Банско или на Сончев Брег.

Создадете иднина за која ќе се зборува со силни емоции, со среќа и љубов за двата народа, за благосостојба на нашите деца. Создадете енергија за нашите народи да се почитуваат, поздравуваат и да се прегрнуваат каде и да се сретнат.

Нели сме братски народи со заедничко минато и уште позаедничка иднина? Да зборуваме за гасоводи, автопати, ветерници, хидроцентрални, фотоволтаици, да ги споиме нашите народи во земјоделството, туризмот, одбраната и образованието.

Имаме толку многу заедничко, а толку малку разлики, можеме многу повеќе во економијата и трговијата.
Посејте го семето на пријателството наместо на омразата, тоа впрочем им го должиме на нашите деца и поколенија.

Запрете го миграцискиот пустош, кој ни се случува во двете држави, и договорете се да останеме тука и да живееме едни покрај други во хармонија наместо некаде далеку, да бидеме Mакедонци и Бугари во Македонија и Бугарија наместо странци во Англија и Германија.

Нашите економии и трговска размена имаат огромен потенцијал за нашиот капитал и работници да останат тука.
Сѐ друго е ризик за нашите држави бидејќи живееме во најтурбулентните времиња што носат многу неизвесности и опасности изразени преку наголемата енергетска, пандемиска и економска криза.

Вие доаѓате од бизнисот, исто и јас, знаеме што се бирократија, корупција, блокади, пречки и знаете што треба да направите за да го елиминирате сето тоа.

Во пресрет на денешната средба и заедничката иднина ја имате целокупната нашата поддршка. Ве чека многу работа, но иста цел! Направете чекори што ќе нѐ зближат, а ние како народи ќе знаеме да го почитуваме тоа!

Бидете оние што ќе ја напишат новата економска историја и за кои ќе се зборува многу долго од денес па натаму.

Економија

Путин: Отфрлањето на руската нафта – економско самоубиство за ЕУ

Објавено пред

Европската Унија со отфрлањето на руската енергија си прави економско самоубиство, изјавил претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, на состанокот посветен на ситуацијата во нафтениот сектор, според медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

„Денес, гледаме дека од апсолутно политички причини, поради сопствените амбиции и под притисок на американскиот господар, европските земји воведуваат нови санкции на пазарите на нафта и гас. Сето тоа води кон пораст на инфлацијата и наместо да ги признаат своите грешки, тие бараат виновници од страна“, рекол Путин, пренесува „РИА новости“.

Тој посочил дека Европа на долг рок ќе стане регион со високи цени на енергијата.

„Се добива впечаток дека нашите западни колеги, политичари и економисти, едноставно ги заборавија основите на елементарните економски закони или на нивна штета претпочитаат намерно да ги игнорираат“, рекол Путин, според извештајот на „Спутник интернешнл“.

Тој додал дека недвосмислено, заедно со енергетските ресурси на Русија, од Европа во другите региони во светот ќе замине и економската активност.

„Таков економски автогол или самоубиство е, се разбира, внатрешно прашање на европските земји. Мораме да се однесуваме прагматично и да тргнеме првенствено од сопствените економски интереси“, нагласил Путин.

Тој ги повикал руските власти да дејствуваат поактивно во услови на безумни и хаотични акции преземени од некои од западните партнери и тоа да го свртат во корист на Москва.

Прикажи повеќе...

Економија

Германците повеќе ги загрижува инфлацијата, отколку војната во Украина или пандемијата

Објавено пред

Германците повеќе ги загрижуваат зголемените цени отколку војната во Украина или пандемијата на коронавирусот. Речиси секој трет човек се плаши дека ќе мора да го промени својот животен стил. Ова е резултат од репрезентативната анкета на јавното мислење спроведена од консултантската фирма „Мекинзи“.

dobivaj vesti na viber

Околу 40 отсто од околу 1.000 испитаници рекле дека нивната најголема грижа во моментот е инфлацијата, 34 отсто рекле дека руската инвазија на Украина, а само осум отсто рекле дека пандемијата на Ковид-19.

Речиси една третина од испитаниците (29%) стравуваат дека поради растот на цените ќе мора да го ограничат својот начин на живот во некои области. Стравот од пораст на цените особено ги погоди луѓето со пониски примања. Две третини од испитаниците очекуваат пораст на цените во следните 12 месеци.

„Веќе две години ковидот остави свој белег, но сега, поради инфлацијата и руската инвазија на Украина, луѓето станаа попесимисти од кога било досега“, експертот Маркус Јакоб ги сумираше резултатите од истражувањето. Тој вели дека луѓето чувствуваат повисоки цени и гледаат дека на крајот на месецот помалку пари им остануваат во паричникот.

А оние кои заработуваат подобро ги менуваат своите потрошувачки навики. Две третини од испитаниците неодамна потрошиле повеќе пари за храна, 61 процент повеќе потрошиле на бензин и транспорт, како и енергија. Како резултат на тоа, речиси секое трето лице ги ограничило своите потрошувачки навики. Заштедуваат првенствено на трошоци за козметика, облека, забава и патување.

„Новото штедење особено ги погоди оние области кои беа силно загрозени поради пандемијата“, вели експертот на Мекинзи, Сајмон Ленд. Луѓето трошат помалку за тоа каде всушност сакале да трошат повеќе кога пандемијата почна да слабее – да речеме, одење во ресторани, ноќевања во хотели и забави.

Според ова истражување, околу две третини од потрошувачите веќе почнале да ги менуваат своите потрошувачки навики поради порастот на цените: на пример, со префрлување на поевтини брендови или почесто купувања со попусти. Повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека се повнимателни кога трошат енергија дома.

Прикажи повеќе...

Економија

Можно е Маск да побара пониска цена за „Твитер“: Колку повеќе прашувам, толку сум позагрижен

Објавено пред

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск навести дека можеби ќе побара пониска цена за купување на „Твитер“, проценувајќи дека е можно на таа социјална мрежа да има најмалку четири пати повеќе лажни профили отколку што тврди компанијата.

dobivaj vesti na viber

„Не може да се плати истата цена за нешто што е многу полошо отколку што тврдеа“, рече тој на конференција во Мајами во понеделникот вечерта.

Маск, кој во петокот соопшти дека го одложил договорот за купување на „Твитер“ од 44 милијарди долари додека не добие информации за лажните налози и спамови, рече дека се сомнева оти тие сочинуваат најмалку 20 отсто од корисниците, во однос на официјалната проценка на „Твитер“ од 5,0 отсто, пренесува „Ројтерс“.

Прашан дали е остварлив договор за купување на „Твитер“ по различна цена, Маск рече: „Мислам дека тоа не е исклучено. Колку повеќе прашања поставувам, толку повеќе расте мојата загриженост“.

Тој додаде дека директорите на „Твитер“ велат дека имаат сложена методологија што само тие можат да ја разберат. „Не може да се работи за некоја до толку длабока мистерија што е, на пример, посложена од човечката душа или нешто слично“, кажа Маск.

Акциите на „Твитер“ продолжија да тонат при тргувањето доцна попладне во понеделникот, по коментарите на Маск. Акциите паднаа за повеќе од 8,0 отсто на 37,39 долари, што е под нивото на кое беа еден ден пред Маск на почетокот на април да открие дека купил 9 отсто од уделот во компанијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Од септември 15 проценти повисоки плати во образованието, договориле МОН и СОНК

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, информира дека со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот во однос на сите...

Македонија12 часа

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ задутре на заедничка литургија во Белград

Српската православна црква на својата веб-страница официјално објави дека на 19 мај, во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, српскиот...

Европа13 часа

Путин: „Случувањата во Украина се резултат на лошата политика на Западот“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека последните настани во Украина се поврзани со лошо дизајнираната политика на Западот. „Сѐ што...

Европа15 часа

Финскиот парламент го одобри предлогот за влез во НАТО

Финскиот парламент денеска го одобри предлогот за аплицирање за членство во НАТО, изјави претседателот на Парламентот, Мати Ванханен. За предлогот...

Македонија16 часа

Пендаровски ја поздрави одлуката на Шведска да поднесе барање за членство во НАТО

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон која го информираше за одлуката на Кралството Шведска да...

Топ17 часа

Родители ја продале малолетната ќерка на Белгиец за да може сексуално да ја искористува

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Секторот за криминалистички истраги разреши случај за сторено кривично дело трговија со...

Македонија18 часа

Спасовски: Во 2015 протестиравме против насилство и криминал, а ВМРО-ДПМНЕ не знае против што ќе протестира

Министерот за внатрешни работи во објава на својот фејсбук-профил се потсети на годишнината од протестите на 17 мај 2015 година....

Топ20 часа

22-годишна Македонка загина во несреќа во Данска

Дваесет и двегодишна девојка од Македонија загина во несреќен случај на своето работно место во Данска. Според данската полиција, настраданата...

Свет20 часа

(Видео) Eвакуирани ранетите украински војници од челичарницата „Азовстал“

Повеќе од 260 украински војници, од кои многумина ранети, беа евакуирани од опколената фабрика за челик „Азовстал“ во пристанишниот град...

Свет21 час

Најголемиот тунел за шверц на дрога откриен под границата на САД и Мексико

Американските власти открија подземен тунел меѓу Калифорнија и Мексико, долг колку фудбалско игралиште. Тунелот има струја, вентилација, железнички систем, а...

Свет21 час

Голем скок на бројот на заболени од треска во Северна Кореја

Северна Кореја пријави голем скок на бројот на заразени со болеста, за која се верува дека е ковид, апелирајќи до...

Свет21 час

Американската војска успешно тестираше ново хиперсонично оружје кое лета пет пати побрзо од звукот

Воздухопловните сили на САД соопштија дека извршиле успешен тест на хиперсонично оружје, кое лета пет пати побрзо од брзината на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ повика на голем протест на 18 јуни, блокадата во Собранието продолжува

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активната блокада во Собранието. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски по завршувањето на Извршниот комитет на...

Македонија1 ден

Борел: Бугарското вето да се укине до крајот на јуни или ќе имаме криза во односите со Западен Балкан

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, повика веднаш да почнат преговорите за пристапување на Северна Македонија и...

Европа1 ден

Ердоган најави вето: Нема да поддржиме прием во НАТО на држави што ни воведуваат санкции

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека нема да го поддржи влезот на Шведска и Финска во НАТО, јавува...

Регион1 ден

Радев oд Берлин: Да не дозволиме легитимација на македонизмот, во ЕУ нема место за идеологии од поранешна Југославија

Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот. Во ЕУ нема место за идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната, изјави бугарскиот...

Топ1 ден

Млад Авганистанец пронајден мртов во Гевгелија, бил избоден со нож

24-годишен Авганистанец бил пронајден починат со убодна рана на телото во близина на железничкиот мост во Гевгелија. „На 15.5.2022, во...

Македонија2 дена

Ќе ја забрзаме постапката за одобрување на приемот на Финска и Шведска во НАТО, му рече Ковачевски на Столтенберг

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кој ја изрази неговата поддршка...

Македонија2 дена

Москва ја поздрави одлуката на СПЦ за одобрување на канонското единство со МПЦ

Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската црква да го обнови канонското општење со Македонската црква. „Руската православна црква...

Регион2 дена

Соборот на СПЦ го одобри канонското единство со МПЦ-ОА

Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ со Македонската православна црква, односно Охридска архиепископија, пренесуваат српските медиуми....