Македонија
Ласовска: На Дескоска приоритет ѝ било да го смести сопругот во Одборот за акредитација и евалуација
Наместо министерката Рената Дескоска да предложеше квалитетен закон за високо образование, деновиве стана јасно дека приоритет ѝ било обезбедување нместо за својот сопруг во Одборот за акредитација и евалуација во високото образование, изјави Благица Ласовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со пишувања на „Макфакс“ дека професорот на Правниот факултет, Тони Дескоски, е еден од дваесет и тројцата членови на Одборот за акредитација и евалуација во високото образование, именуван на предлог на УКИМ од пред неколку години.
„Законот кој беше предлог на министерката, а парламентарното мнозинство на вчерашната седница го изгласа, се донесе без никаква дебата и инклузивност, иако се работи за едно сериозно прашање од областа на високото образование. Новиот закон за високо образование ги одзема сите права на студентите да одлучуваат за клучни процеси во универзитетите“, рече Ласовска.
Според неа, Законот за виското образование што беше донесен од страна на парламентарното мнозинство е крајно рестриктивен и недемократски ако се земат предвид правата на студентите, студентските избори, односно студентскиот парламент.
Со овој закон, рече таа, универзитетите, односно факултетските студенстски парламенти стануваат тела на универзитетот, факултетот, односно високата стручна школа.
„Новиот закон за високо образование го укинува правото за намалување на партиципацијата на децата од еднородителски семејства и истовремено се укинува и правото на студент кој е запишан во приватна квота на државните универзитети и плаќа 400 евра да не може да се префрли во државна квота од 200 евра доколку постигне просек од 8,5. Исто така законот го укинува правото на бесплатно школување на студентите со завршен просек од над 9 во претходната година. Со овие укинувања СДСМ класично ја отстранува социјалната компонента и вреднувањето на успехот и трудот на студентите“, рече Ласовска.
Таа додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 17 амандмани, но, како што рече, за жал министерката за образование и наука, Рената Дескоска, не прифати ниту еден амандман и токму затоа СДСМ не може да зборува дека овој закон е плод на широка и квалитетна дебата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.
Македонија
Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.
Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.
Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.
„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“
Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.
„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“
Македонија
Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје
Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.
Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.