Контакт

Македонија

Латас утре на суд за бесправна градба на викенд-куќите во Зелениково

Објавено пред

Во кривичниот суд утре треба да почне судскиот процес на СЈО, познат како „Тревник“, во кој првообвинет е бизнисменот и новинар, Драган Павловиќ – Латас, заедно со Срѓан и Ѕвездан Павловиќ. Нив Специјалното јавно обвинителство ги обвини за бесправна градба на три куќи во Зелениково. Советот за оценка на обвинението пред повеќе од 1 месец го одобри обвинителниот акт за овој случај.

Според обвинението, во временскиот период од јули 2011 година до 24.1.2013 година во општина Зелениково, спротивно на Законот за градењето граделе без одобрение коешто треба да го издаде надлежен орган, на земјиште кое е во нивна сопственост. Ова е второ обвинение за Латас по обвинението „Тотал“ кое е во тек, а каде што тој е обвинет дека затајувал данок.

Македонија

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан. Како што соопшти владината прес-служба, предвидена е и средба на Заев со државниот секретар на Светиот престол, кардинал Пјетро Паролин.

Во попладневните часови македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање на заедничка културно-уметничка програма, организирана од министерствата за култура на двете земји.

Вчера Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација, во рамките на посетата на Република Италија и на Светата Столица (Ватикан) по повод Манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ учествуваше во заедничките активности за чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, со делегацијата на Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Следува период на стабилно и потопло време

Објавено пред

Од

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне во јужните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде од 7 до 14 степени, а максималната од 22 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и температура од 11 до 27 степени.

Од утре следува период на претежно стабилно и потопло време, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во јужните делови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Кисела Вода ќе се одржи турнир во џиу-џица борби

Објавено пред

Од

Во недела во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток во 10 часот ќе се одржи Куп на Македонија – турнир во џиу-џица борби и NE WAZA.  Турнирот е во организација на Клубот за џиу-џица СОКЕ, додека главен покровител на истиот е градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Воедно, на Купот на Македонија во џиу-џица борби и NE WAZA во машка и женска конкуренција ќе се натпреваруваат/учествуваат деца до осум годишна возраст, пионири 9/10/11, постари пионири 12/13/14, кадети 15/16/17 и јуниори 18/19/20. Влезот за сите посетители е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет17 часа

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Македонија17 часа

(Видео) Заев и Борисов на заедничко чествување на Свети Кирил во Рим

Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација  денеска, во рамките на посетата на Република Италија и...

Топ19 часа

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и...

Свет21 час

„Имате 48 часа да ги напуштите САД“ – Америка протера двајца венецуелски дипломати

САД наредиja протерување на двајца венецуелски дипломати, како одговор на одлуката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да протера двајца...

Македонија21 час

20 години затвор му се закануваат на Груевски со останатите 4 обвиненија

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна...

Македонија21 час

Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои...

Македонија24 часа

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова...

Топ24 часа

Во тешка сообраќајка во Штип загина 21-годишна девојка

Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на...

Македонија1 ден

Денеска дожд и грмежи, од утре потопло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни...

Македонија1 ден

ЈСП со изменет возен ред поради двата празника

Денеска и утре возниот ред на автобусите од јавниот превоз ќе биде изменет поради двата празника, 24 Мај – Денот...

Македонија1 ден

Њујорк: Димитров разговараше со Гутереш за спорот со името

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Како...

Вести2 дена

Помпео: Северна Кореја сака економска помош и безбедносни гаранции

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, јасно им рече на Американците дека за возврат за денуклеаризацијата сака економска помош и...

Македонија2 дена

Иванов очекува да го добие предлогот за името написмено

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со Метју Палмер, заменик на помошник-секретарот во Стејт департментот на САД, уште еднаш ја истакна потребата...

Македонија2 дена

Груевски се огласи по пресудата: Доаѓаат подобри времиња

Главата горе, горди мои Македонци и горди граѓани на Македонија, доаѓаат подобри времиња, порача експремиерот Никола Груевски, кој денеска беше...

Економија2 дена

„Фени“ да се продава на јавна лицитација, побара бугарски „Минстрој“

Запирање на стечајот на „Фени“, впаричување на имотот и јавна лицитација за избор на компанија што ќе стопанисува со комбинатот,...

Македонија2 дена

(Видео) Николоски мисли дека Груевски е во Скопје, но не кажа зошто не се појавил во судот

Mислам дека Груевски е во Скопје, но за причините зошто не беше во судот на изрекување на пресудата, одговорија од...

Македонија2 дена

(Видео) Ќе горите живи, нема да излезете од судот, извикуваа демонстрантите пред кривичен суд

Пцости, клетви и закани до судиите упатуваат насобраните луѓе пред кривичниот суд, реагираат по изречената пресуда затвор за експремиерот Никола...

Македонија2 дена

(Видео) Никола Груевски осуден на 2 години затвор за „мерцедесот“

Падна првата пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, односно набавката...

Македонија2 дена

„Убивме човек”, го читаше судијата повлечениот исказ на Хаки Азири за „Монструм”

Над 2 часа трае рочиштето на кое петтообвинетиот во „Монструм“, Хаки Азири говореше што правел на критичниот ден кога се...

Досие