Контакт

Македонија

Левицата: Владата доцни три недели со конкурсот за студентски легла

Објавено пред

Само три дена до одложениот почеток на учебната година не се знае изборот на студентите кои би добиле место во редуцираните капацитети на студентските домови, иако според најавите на Владата тој требаше да биде објавен пред три недели, велат од политичката партија Левица додавајќи дека стотици студенти се во неизвесност и стрес поради можното отсуство од наставата.

„МОН и Владата немаат конкретни одлуки и насоки за цел дијапазон прашања што ги вклучуваат и наставниците и учениците и студентите и нивните родители. Ресорното Министерство за образование и наука издава општи соопштенија наменети за површна медиумска присутност, но не и за ефективна и практична употреба од страна на идните академски граѓани. Во изминатите шест месеци ресорното Министерство успеа да објави конкурс за студентско сместување на 28.7.2020, но не и да ги процесира и објави резултатите навремено за студентите што зависат од тоа. Исто така, успеа на 23.9.2020 само да даде општо соопштение на веб-страницата на МОН дека ќе предложи до Владата (која ќе предложи до Собранието) предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард. Со најавениот предлог на студентите и учениците што конкурирале за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но поради намалениот број сместувачки легла, не може да се сместат во студентски дом – ќе им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите“, велат од Левицата.

Како што се додава во соопштението, за да ја остварат оваа помош, студентите и учениците треба да се пријавуват на интернет-платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, која е сѐ уште неактивна, односно неупотреблива.

По овој план, според Левицата, јасно е дека наместо да се оспособат други јавни капацитети за студентско домување, кои ќе останат во функција и наредните години – буџетските средства ќе се издвојат по непознати критериуми, за еднократна активност (покривање трошок за сместување), што не го прават ни најбогатите држави во светот. Од политичката партија оценуваат дека со ова темпо на динамика на решавање круцијални прашања за студентите – очигледно е дека ресорното Министерство се однесува како набљудувач, а не лидер на ситуацијата, а учениците и студентите немаат информација како ќе го решат сместувачкото прашање оваа година.

Македонија

Спасовски на министерски форум на ЕУ за борба против криминалот и илегалната миграција

Објавено пред

Под покровителство на германското претседателство со Советот на ЕУ, министрите за правда и за внатрешни работи на Германија, заедно со делегација од Европската комисија, преку видеоконференциска врска денеска одржаа состанок со нивните колеги од земјите на Западен Балкан, а македонската страна ја преставуваше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Како што информираат од ресорното министерство, заедничките дискусии биле насочени на теми поврзани со миграцијата, ефективното гранично управување, заедничката борба против тероризмот и превенцијата од насилниот екстремизам, како и борбата против организираниот криминал.

Спасовски во своето обраќање изразил задоволство што и во овие вонредни околности предизвикани од пандемијата заедничката соработка продолжува.

„Во тој контекст, единствено преку размена на мислења и ставови можеме да креираме заеднички политики за справување со новите предизвици. Пандемијата можеби ја наруши можноста од директни средби, но нашата потреба од соработка во регионот и со нашите партнери од Европската Унија е поизразена од кога и да било претходно“, истакнал министерот.

На состанокот била изразена поддршка и за зголемувањето на регионалната размена на информации во регионот на Западен Балкан.

„Успешната борба против илегалната миграција и криумчарењето мигранти е најдобро рефлектирана во заедништвото и партнерството, кое на дневна основа го применуваат нашите полициски службеници со нивните колеги од земјите од регионот и ЕУ. Оттаму, во оваа пригода би сакал да изразам посебна благодарност до нашите партнери, кои и во овие тешки времиња ги испратија своите полициски службеници на нашата јужна граница за да можат заеднички, со колегите од Република Северна Македонија, да се справуваат со сериозните миграциски предизвици“, рекол Спасовски.

Во однос на тероризмот и насилниот екстремизам, претставниците од ЕУ го поздравиле напредокот постигнат од страна на земјите од Западен Балкан во исполнувањето на целите утврдени во заедничките акциски планови за борба против тероризмот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гир: Владата може да очекува поддршка од ЕУ во проектите кои значат подобар живот

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, преку видео врска, денеска одржа состанок со Шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, со кого разговараа за спроведувањето на реформите во земјата во насока на евро интеграцискиот процес.

Пристапниот процес кон Европската Унија е национален интерес, рече Битиќи и додаде дека во периодот кој следи посветено ќе се работи на зајакнување на човечките капацитети за спроведување на потребните реформи, ќе се посвети особено внимание на борбата против корупцијата и криминалот, како и на владеењето на правото и правдата за сите, а воедно ќе се насочат и големи ресурси во реализацијата на капитални инвестиции, со цел подобро инфраструктурно поврзување во земјата, но и на Северна Македонија со другите земји во регионот.

Амбасадорот Гир го реафирмираше ставот дека делегацијата на Европската Унија во Скопје ќе остане активен учесник во реформските процеси и потврди дека Владата може да очекува поддршка од ЕУ во проектите кои значат подобар живот на граѓаните.

Вицепремиерот Битиќи и ЕУ амбасадорот Гир, на крајот на состанокот се согласија дека ќе продолжат со интензивна комуникација и следење на сите проекти кои се реализираат во заедничка соработка, за да се постигнат поставените цели и да се придонесе кон подобар живот на сите граѓани во Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поддршка во борбата со рак на дојка – Сигурност во најпотребните животни моменти со Халк Осигурување

Објавено пред

Секојдневно три од четири случаи се дијагностицираат со рак на дојка, повеќе од 250 жени заболуваат месечно, додека 90 од нив ја губат битката. Со овие статистики ракот на дојка претставува најчест облик на тумор кај жените. Периодот на КОВИД-пандемијата го отежна пристапот до медицинска услуга и до третман, а уште повеќе и до одложување на дијагностицирањето на заболувањата. Затоа, повеќе од кога и да било, потребни се, пред сè,  самопрегледите, превенцијата и раното детектирање на состојбите.

Во вакви вонредни состојби најмногу размислуваме на она кое е за нас највредно: семејството, родителите, децата, здравјето. Од тие причини Халк Осигурување креираше Доброволно приватно здравствено осигурување (ДПЗО) кое го адаптира во согласност со индивидуалните потреби на клиентите. Покрај обезбедувањето на најдобрите услови за своите клиенти, Халк Осигурување секогаш се труди да обезбеди квалитетна услуга и брза информација за своите осигуреници. Во овој случај, Ирена Младеновска Анастасовски, помошник-директор на дирекцијата за продажба и продажна мрежа на Халк Осигурување, разговараше со специјалист-радиологот д-р Билјана Божиновска, сè со цел да се поттикнат превентивните прегледи.

  1. Зошто се важни превентивните и редовните прегледи на дојка кај жените и на колкав временски период треба да бидат?

Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, според направени истражувања во периодот 2010-2017 година, е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30 жени во 2010 година до 27 жени во 2017 година на 100 000 жени.

Извор: Институт за јавно здравје.

Се смета дека секоја четврта жена која ќе добие некаков тип на малигном во телото, ќе го има токму малигномот на дојка.

Воедно знаеме дека со рана детекција на ракот на дојка се зголемува и можноста за негово излекување. Ова е основна причина за да се препорача преглед на дојките кај секоја жена, започнувајќи од 18-годишна возраст, еднаш годишно, со ехо. Над 40-годишна возраст се препорачува секоја втора година и мамографија, додека кај ризичната група на пациентки (стерилитет, хормонална терапија, пушење) секоја трета година и магнетна резонанца на дојки.

 

  1. Дали е потребно жените, покрај редовни преглeди на доктор, да прават самопреглед и кој е начинот?

Да! Многу е важно секоја жена да прави самопреглед на дојките и тоа од 7. до 10. ден, броејќи од првиот ден на менструалниото крварење.

Вовлечени брадавици, секрет, изглед на кожата како кора од портокал се некои од знаците за кои треба да реагирате. Доколку палпирате некоја формација, без разлика на големината и дали е болна или не, исто така треба да се јавите на доктор. Важно е да се напомене дека не сите промени можат да се палпираат или да се видат и затоа е најсигурен прегледот од доктор.

  1. Кој е соодветниот лекарски третман на луѓето заболени од рак?

Планирањето на третманот кај лицата заболени од рак е секогаш резултат на добра соработка на соодветени доктори – онколог и хирург. Секој пациент е индивидуален, секој доктор прави сè што е во негова моќ за да обезбеди соодветен третман на пациентот.

Вербата во самите себеси кај пациентите и вербата во докторот се најдобриот третман за луѓето заболени од рак.

  1. Што покрива Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје поврзано со оваа болест?

Бројките на годишно ниво на заболени од рак на дојка фрапантно се зголемуваат од година во година и ова е навистина комплексна и чувствителна тема. Поддршката и сигурноста во верен партнер кој стои со вас во борбата е дополнителен поттик за Халк Осигурување да ја доработува полисата на своето Доброволно приватно здравствено осигурување. Полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје, меѓу другото, има покритие на целокупниот процес на лекување на ракот на дојка и тоа од моментот на детекција и дијагностицирање, односно на: сите потребни дијагностички постапки, второ мислење, хируршка интервенција, како и хемотерапија. Халк Осигурување АД Скопје соработува со голем број  медицински установи, а сè со цел да им обезбеди на своите осигуреници најдобра и најбрза услуга. Ваш е изборот каде ќе го извршите лекувањето и третманот.

  1. Како компанија која се грижи за своите осигуреници, што друго овозможува вашиот продукт во врска со оваа болест?

За жал, бројките покажуваат дека сè почесто оваа болест се појавува, освен кај повозрасната женска популација, и кај помладата женска популација и реално сè повеќе влијае психолошки врз нив. За таа цел Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје во своето покритие има и покритие за психијатриски услуги во случај на дијагностицирано малигно заболување кое, на некој начин, би им помогнало на нашите осигуреници полесно да ја прифатат новонастанатата ситуација во која се наоѓаат.

  1. Соработката меѓу Халк Осигурување и Оне Хоспитал за корисниците на Доброволно приватно здраствено осигурување е секако некаков индикатор дека вродила со плод и дека сте постигнале резултати. Колку сте задоволни од оваа соработка, но и од фидбекот на јавноста?

Бидејќи во фокусот на двете компании е здравјето и грижата на корисниците и осигурениците, соработката меѓу Халк Осигурување АД Скопје и Оне Хоспитал е одлична. Желбата да се спаси живот, да се помогне и брзо да се реагира се адут на двете компании, а за тоа зборуваат и многубројните позитивни пораки кои ги добиваме.

Нашата порака е:

Не одложувајте! Ако се појават здравствени проблеми, посетете го вашиот лекар што побрзо.

Повеќе за Доброволното приватното здравствено осигурување можете да прочитате на веб-страницата на Халк Осигурување www.halkinsurance.com.mk, на е-поштата со адреса  [email protected] или на телефонскиот број (02) 155 66 или +389 (0) 2 3122 385

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион3 часа

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет4 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија4 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет5 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија6 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет18 часа

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија21 час

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ22 часа

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија22 часа

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет23 часа

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија24 часа

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија1 ден

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија1 ден

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија1 ден

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион1 ден

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет1 ден

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија1 ден

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет1 ден

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија1 ден

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Досие