Контакт

Македонија

Левица: Владата продолжува со партизацијата и во институциите на културата

Објавено пред

„Партизираноста во сите пори на општеството, изразена преку синтагмата „од хигиеничарска до директор“, власта ја продолжува и во доменот на културата. Актуелниот директор на ЈГДУ „Детска радост“ од Струмица – Васил Бубев е избран за прв човек на НУКЦ „Антон Панов“ од Струмица. Бубев е именуван од страна на министерката за култура Ирена Стефоска, а според нашите сознанија, Бубев веќе го добил решението со кое се назначува за директор на оваа установа“, соопшти Левица.

Според партијата, особено е скандалозна ваквата одлука што за оваа позиција, покрај претходно споменатиот Васил Бубев – кој е наставник по физичко воспитание – аплицирале и кандидати меѓу кои и културен менаџер со мастер студии на Унеско катедрата за културен менаџмент при Универзитетот за уметности во Белград и десетгодишно искуство со проекти во полето на културата; и културен деец – дипломирана актерка, со две децении официјален работен стаж и 30 годишно искуство во истата културна институција за која се бираше директор, што значи добро запознаена со проблемите на Центарот за култура.

„Сепак, Министерството за култура,  т.е. министерката Ирена Стефоска за прв човек на оваа културна институција го избра најнекомпетентниот кандидат за една ваква позиција, кој евидентно е веќе добро упатен во партиските протоколи. Како наставник во основно училиште, ставен е на позицијата директор во градинката „Детска радост“ (од каде неофицијално заради проневери е тргнат), а сега е унапреден и на позицијата директор на НУКЦ „Антон Панов“ од Струмица.Контроверзите на оваа струмичка институција не се нови. Имено, досегашниот В.Д. директор на НУКЦ „Антон Панов“ Ванчо Ристов незаконски бил реизбиран седум пати, за со петиции да се извојува распишување на конкурс за избор на нов директор. И покрај сé, очигледен е непокорот на струмичките уметници кои даваат отпор дури и во најсилниот бастион на владејачката партија СДСМ“, велат од Левица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“

Објавено пред

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци.

Од МВР, исто така, информираат дека се приведени осум лица и дека се работи за пронаоѓање и прведување на уште лица учесници во протестот.

Неколку пати попладнево демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Фрлаа шишиња, запалки, столови кон полицијата, а дел од нив, маскирани со фантомки, со цело тело се фрлаа во полициските штитови, но полицијата не им дозволи да се доближат до судовите.

Протестот заврши кога полицијата ги потисна демонстрантите кои имаа намера да одат до Собранието и ги принуди да се вратат кон Бит-пазар.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања

Објавено пред

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања, а прашањето за Гоце Делчев не било ниту отворено иако било на дневен ред, соопшти Министерството за надворешни работи.

Изминатите два дена Комисијата ја одржа 12. средба. Според предложениот дневен ред за работа, тема на дискусија беа прашањата поврзани со изготвување на препораки за учебниците по историја со цел надминување на споровите кои произлегуваат од различните и силно исполитизирани толкувања на минатото и усогласување на текст препорака за заедничко чествување на Гоце Делчев.

„Во однос на дискусијата за учебниците по историја, како и на претходната средба, не беше постигнат напредок. И покрај конструктивната дискусија и желбата да се постигне напредок, не беше постигната согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Остануваат големите разлики во пристапите и разбирањето на улогата на историското образование и образовните политики. Со оглед на продолжената на дискусијата за учебниците по историја, на оваа средба, Комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако беше на дневен ред“, соопшти МНР.

Дискусијата по овие теми ќе продолжи на следната средба на Комисијата, која треба се одржи на 22 и 23 април.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев – Хрисохоидис: Поддршка од Грција за аспирациите кон ЕУ

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се сретна со Михалис Хрисохоидис, министер за заштита на граѓаните на Грција.

Како што соопштија од Владата, на состанокот заеднички било констатирано дека е отворено ново поглавје во билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Хеленската Република и дека во последните две години соработка меѓу државите оди во нагорна линија.

„Оценето е дека се чувствува напредок во нашата држава, при што е посочено на придонесот на премиерот Заев во посочените развојни процеси. Во таа насока пренесена е пораката дека Хеленската Република продолжува да ги поддржува аспирациите на нашата држава кон Европската Унија во рамките на важечките договори и добрососедските односи и дека има определеност Хеленската Република да има водечка улога на патот на земјата кон ЕУ. За таа цел, соопштено е дека има политичка поддршка, но и заинтересираност за техничка поддршка на тимовите од Северна Македонија, кои ќе работат на поглавјата во рамките на пристапниот процес кон ЕУ“, соопштија од Владата.

Премиерот Заев посочил на придобивките од развојот на добрососедските односи помеѓу двете држави, како што е зголемениот интерес на грчки инвеститори во нашата држава, особено во областа на енергетиката, како што е интересот за ХЕЦ „Чебрен“, за ТЕЦ „Неготино“ или обратно, вклучувањето на нашата држава со 10-процентно учество во стратешкиот проект за природен гас од Александрополис.

„Граѓаните и компаниите веќе ги чувствуваат бенефитите од зајакнатата соработка по договорот од Преспа, а пред нас е голем потенцијал за натамошно унапредување на односите како на политичко ниво така и на цивилно ниво“, рекол Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци. Од МВР, исто така, информираат дека се приведени осум...

Македонија2 часа

Регистрирани нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени...

Македонија3 часа

(Видео) И покрај жестоките обиди демонстрантите не го пробија кордонот, полицијата во акција за потиснување

Јајца, балони со вода, канти за ѓубре и пластични столчиња летаа кон полицајците пред „Мавровка“ во нов обид демонстрантите да...

Македонија3 часа

(Видео) Повреден полицаец на протестите кај Бит-пазар

Ескалираа протестите кај Бит-пазар, по судирите со полицијата. Демонстрантите фрлаат со камења и пластични шишиња кон полицискиот кордон. Во судирите,...

Македонија5 часа

Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, а притворот е противзаконски

Сашо Мијалков може да помине само 60 дена во притвор во затворот во Шутка, бидејќи истиот е побаран со обвинителен...

Македонија5 часа

Веднаш по судењето Мијалков оди во затворот во Шутка

Судот донесе одлука првообвинетиот Сашо Мијалков да издржува ефективен, односно затворски притвор. Тој по судењето ќе биде спроведен во истражниот...

Македонија6 часа

Лекарска комора: Згрозени сме од постапката на возачот кој удри во доктор и побегна

Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здобил д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор...

Македонија6 часа

12 години затвор за Мијалков за масовно и нелегално прислушкување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година...

Европа8 часа

Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ /„Астразенека“...

Свет8 часа

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е...

Свет9 часа

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет9 часа

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија10 часа

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет21 час

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија23 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија1 ден

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија1 ден

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија1 ден

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија1 ден

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Досие