Македонија
„Левица“: Дијабетичарите во критична состојба – нема ленти за мерење гликемија во крвта

Дијабетичарите во земјава се наоѓаат во критична состојба, бидејќи нема ленти за мерење гликемија во крвта, соопшти партијата „Левица“. Оттаму обвинуваат дека Министерството за здравство со недомаќинското и неодговорно функционирање повторно го доведело во прашање здравјето на пациентите кои имаат синдром на хронична хипергликемија.
„Причината за ваквата состојба е доцнењето на тендерот, а пациентите најверојатно до март ќе бидат препуштени сами на себе. Доколку редовно не се контролира гликемијата, кај овие пациенти може да настанат сериозни проблеми. Поради неспособноста на Министерството за здравство навреме да ги реализираат тендерите, кои патем треба да ги добијат фирмите блиски до власта, страдаат пациентите чекајќи за терапија, која законски им следува бесплатно. Не е првпат да доцнат испораките за инсулинска терапија, пумпи, апаратчиња или, како што е случај сега, ленти за мерење шеќер во крвта. Финансискиот товар на овие хронични категории на пациенти треба да го сноси државата, а сега товарот го сносуваат пациентите, кои најчесто се со минимални примања.
Претставниците од Министерството за здравство, пред да излезат на прес-конференции, каде се расфрлаат со флоскули дека се грижат за здравјето на секој граѓанин, нека прошетаат низ ходниците од јавното здравство, за да ја увидат реалноста на терен. Поразителен е фактот што дури околу 70-80% од луѓето со дијабетес умираат од кардиоваскуларни болести“, порачаа од „Левица“.
Дополнителен проблем, како што велат, имаат и дијабетичарите кои земаат фармаколошка терапија преку орални хипогликемици, па за да го контролираат шеќерот во крвта во време на пандемија принудени се да одат кај матичните лекари за да вршат контрола.
„Според последните податоци, бројот на заболени од дијабетес во Р Македонија изнесува 120.000, а неговата преваленца од година во година значително расте наместо да се намалува или, пак, да стагнира, што ни укажува на квалитетот на живот којшто еден просечен Македонец може да си го дозволи за себе и за своите блиски. Сето ова е само уште еден од многуте показатели дека пациентите во реалноста немаат пристап до бесплатни здравствени услуги а дека државата не ги информира дека ги следува бесплатно по закон инсулинска пумпа и ленти за мерење на гликоза“, додаваат од партијата.
„Левица“ порача дека е време да се стави крај на нееднаквиот пристап до јавното здравство, затоа што, според партијата, соодветни дијагностички процедури и пристапот кон правилно лекување не смее да биде привилегија само на богатите и фамилиите на функционерите, туку пристапот до здравствените услуги треба да го има секој еден поединец од оваа држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Жените да се ослободат од работа за 8 Mарт за да присуствуваат на маршот, бара платформата за родова еднаквост

Платформата за родова еднаквост упатува барање и апел до работодавачите да ги ослободат работничките од обврски на празникот 8 Mарт од 14 до 17 часот, со цел да присуствуваат на овогодинешниот марш под наслов „Држава што не постапува е држава што силува“.
Платформата за родова еднаквост секоја година на 8ми март организира марш со цел унапредување на состојбите со правата на жените. Оваа година маршот е посветен на потребата од поголема заштита на жртвите во случајот „Јавна соба“ и кривичен прогон на сторителите на сексуално насилство и сексуално вознемирување. Со маршот ќе побараат систематска и доследна заштита на жртвите во сите случаи на насилство врз жени и родово засновано насилство, преку унапредување на работата на клучните институции.
„Бидејќи родово заснованото насилство е проблем кој го засега целото општество, па оттука истото е одговорност на сите чинители, работодавачите треба да го поддржат овој марш со тоа што ќе овозможат жените да присуствуваат. На ваков начин работодавачите ќе се претстават како општетсвено одговорни чинители кои застануваат на страна на жените жртви на насилство“, велат од Платформата за родова еднаквост.
Насилството над жените ги засега и работните односи, од една страна, тоа се појавува и во работни средини, најчесто во форма на мобинг и вознемирување, за што работодавачите имаат обврска да преземат превентивни и заштитни мерки. Од друга страна, насилството над жените има негативно влијание на нивното здравје, работоспособност, посветеност на работата и кариерното унапредување создавајќи бариери за еднакво учество на пазарот на трудот.
Маршот ќе се одржи на 8 Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
„Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба и сите жртви на родово засновано насилство. Зад статистиките стојат женски лица. Маршираме за да ги потсетиме интитуциите МВР и Јавното обвинителство дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања.“ се вели во објавата на Маршот за 8 Март.
Македонија
Иницијатива за конгрес: Мицкоски лажеше дека има мнозинство, партијата доби ладен туш

Се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски треба да ги стави интересите на државата и на партијата пред сопствените и да си замине од функцијата што ја извршува пред да направи дополнителна штета. Ова го порача Иницијативата за конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера во Собранието беше изгласана доверба на Владата.
„Вчера секој искрен и чесен член на ВМРО-ДПМНЕ очекуваше триумф. Му веруваше на сеуште актуелниот претседател Мицкоски и очекуваше новото парламентарно мнозинство, кое што тој велеше дека го има, да му изгласа недоверба на Зоран Заев. Наместо прослава. Партиските членови добија ладен туш. СДСМ покажа дека нивното мнозинство е непроменето, а во политичките кулоари кружат информации дека власта обезбедила и дополнителна поддршка од пратеници од опозицијата кои не гласале, бидејќи немало потреба.
Партијата вчера беше посрамена“, велат од Иницијативата за Конрес.
Оттука се децидни дека Мицкоски свесно ширел еуфорија дека успеал да обезбеди мнозинство, иако знаел дека тоа не е вистина.
Македонија
Мнозинството е стабилно, велат од СДСМ по гласањето на доверба на Владата

Мнозинството во Собранието е стабилно, Владата има силна поддршка, велат утрово од СДСМ, откако вчера 62 пратеници гласаа за доверба на Владата.
„Мицкоски реди порази, се распаднаа лагите, мнозинството е стабилно, се ниша само ВМРО-ДПМНЕ. По деблакот што му се случи со правдата, нов дебакл на Христијан Мицкоски за само една недела. Како меур од сапуница испукаа лагите на Христијан лузер Мицкоски, се покажа, нестабилно е само неговото ВМРО-ДПМНЕ. Два дебалка со две јасни пораки пораки за Мицкоски: кој брани криминал ќе биде казнет од правдата, кој лаже народ, ќе биде казнет од граѓаните“, наведе СДСМ.
Во салата не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор Никола Мицевски претходно кажа дека Заев сам предложил да се гласа да доверба на Владата, за тоа да биде без дискусија на пратениците.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер