Македонија
Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од „Вреди“ добило 9.000 евра од Општина Чаир

Општина Чаир исплатила речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на заменик-министерката од Вреди, Калтрина Зеколи-Шаќири, во периодот откако стапила на функцијата, обвинува политичката партија Левица.
„Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над 1.000 евра мора да се реализира преку транспарентна тендерска постапка. Ваквото делење буџетски пари на фирми кои се во сопственост на владини функционери е еклатантен пример за судир на интереси, злоупотреба на службена положба и политичка корупција. Дополнително, за судирот на интереси говори и фактот што заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири е поранешна портпаролка токму во Општина Чаир“, се вели во партиското соопштение.
Левица ја повика Антикорупциската комисија да постапи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи.
Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров.
Армијата активно учествува во гаснењето на повеќе позиции. Приоритет е пожарот кај касарната Ѓорче Петров, каде што се ангажирани 60 припадници. Распоредени се војници и во село Николиќ, во Крива Паланка, а една екипа од АБХО е ангажирана на пожарот во Визбегово.
Македонија
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница

Поради пожар, затворен за сообраќај е делот од скопската обиколница од клучка Радишани кон Тетово, соопшти МВР.
Полицијата информира и дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце, но само за патнички возила, а останува во важност забраната за движење на товарните возила.
Македонија
Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР.
Во присуство на јавен обвинител се врши увид.