Македонија
Левицата: Советниците на СДСМ и ДПМНЕ заеднички изгласаа мали хидроцентрали

Како и со сите други нерегуларности во Македонија, одговорноста, поради понатамошната дозвола и работење на штетните мини хидроцентрали, треба да се бараат во Владата и Собранието, соопшти „Левица“.
„Најнов пример за ова е црпењето на река Дошница, која опфаќа прекрасни и недопрени природни предели во општините Кавадарци и Демир Капија, каде што, не една, туку две хидроцентрали („Баров Дол“ и „Папрад“), ќе ги црпат водите на оваа река, која и без тоа има доста низок водостој. Кога станува збор за зголемувањето на богатствата на приватните газди, господата од власта и опозицијата прилично сложно ги изгласуваат сите за нив лукративни одлуки, а тоа може да се види во 26. и 27. предлог-заклучоци во записникот од одржаната 52. седница на Општина Кавадарци.
Во ова злодело против природата, но и така плитките џебови на обичните граѓани, секако не треба да го заборавиме и МЖСПП, кое претставува послушен помагател и извршител на нивните матни зделки. Да потсетиме, со градењето на мини хидроцентралите не се постигнува никаква финансиска (освен за сопствениците) или енергетска поволност, а сите ние неповратно губиме ендемски видови, работни места и природни ресурси, додека граѓаните плаќаат зголемени сметки за електрична енергија“, додаваат од партијата.
Оттаму велат дека во својата програма предвидуваат решение на овој проблем, кој, како што посочуваат, со години го наметнуваат властите:
1. Одземање и забрана за издавање концесии за приватни мали хидроелектрани;
2. Формирање јавно претпријатие за одржување на малите хидроцентрали, кои ќе станат државна сопственост по истекот на концесијата;
3. Изградба на хидроцентрали со акумулација како енергетско ефикасни и еколошки одржливи проекти, без можност за приватизација или јавно-приватно партнерство;
4. Национализирање на приватните мали хидроцентрали, кои се изградени и функционираат без почитување на законските регулативи (со оваа мерка ќе се укине повластената тарифа што ја плаќаат граѓаните кон приватните газди), предлагаат од Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Одлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги, предложена од кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против коурпцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„ Со неа, за прв пат се ограничуваат трошоците за услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци, точно е определен износот што може да се користи по лице присутно на работниот состанок, а ограничувањето на износот е во зависност од функцијата на лицето коешто го организира работниот состанок. Истата има широк опфат со кој се опфатени Претседателот на Владата, замениците претседатели на Владата, министрите, замениците министри, генералeн секретар на Владата, заменик на генералниот секретар, државни секретари, сите директори на институции, како и лицата избрани и именувани од Владата кои раководат со правните лица основани од државата“ велат од кабинетот на Николовски.
Како што додаваат, целта на одлуката е истата да биде дополнителен механизам во ограничувањето и регулирањето на трошењето на буџетските средства, а предвидени се и соодветни контролни механизми и евиденција за реализираните угостителски трошоци што ги направил одреден функционер за одржување на работен состанок.
„ Конкретно, при плаќањето, без разлика дали е со фактура, во готовина или со службена картица, функционерот до секторот за финансии во институцијата, задолжително мора да приложи и детален извештај за целта на работниот состанок, бројот на присутни лица, време, место и датум кога истиот се одржал. Без овие документи, Секторот за финансии во државниот орган нема да изврши исплата на угостителските трошоци. Во случај на пречекорување на дозволните лимити за угостителски трошоци, лицата кои го сториле пречекорувањето ќе мора да го надоместат пречекорениот износ на финансиски средства, најдоцна во рок од три работни дена од денот кога се одржал работниот состанок“ додаваат од кабинетот на Николовски.
Во насока на зголемена транспарентност и отчетност, државните органи се обврзуваат остварените трошоци за угостителски услуги да ги објавуваат јавно на веб страните на институциите.
Во случај на непочитување на одредбите од оваа Одлука, се применуваат мерките од член 23 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со пороен дожд

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен, краткотрајно пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Уште утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Утре и до четврток претпладне на планините особено на северозападот, врнежите ќе бидат од снег. В четврток и в петок ќе има повеќе сончеви периоди, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег ќе настапи за време на викендот.
Македонија
Трајанов предлага формирање агенција против криминал

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, на денешната расправа за Националната стратегија за борба против корупцијата, предложи да се донесе закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој, како што рече, ќе се предвиди формирање агенција за борба против организираниот криминал, која ќе постапува по барањата на ДКСК, ќе ги координира активностите на седум институции задолжени за откривање и спречување на организиран криминал, оперативно ќе ги следи јавните набавки над 500.000 евра, ќе работи на детектирање на скриениот имот на носители на високи функции стекнат на криминален начин и сл.
„ Во Македонија високиот степен на криминализација и партизација ја ‘јаде’ државата, во услови кога не постои заокружен и ефикасен систем за борба против организираниот криминал“, изјави Трајанов.
Тој предложи и да нема застареност за кривични дела од тешките облици на криминал извршени од функционери, додека за иницијативата за донесување на закон за преиспитување на имотот, укажа истиот да не ја доживее судбината на таков закон донесен пред многу години, потсетувајќи на синтагмата „Ако имаш куќа, врати го станот”.
Трајанов ја поддржа Стратегијата за борба против курупцијата и работата на ДКСК.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш