Контакт

Македонија

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Објавено пред

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод серијата напади што се случија изминатиов период врз медицинските работници од страна на пациенти и нивни роднини.

Тие велат дека ова ќе биде последен протест како предупредување до надлежните институции да го решат овој системски проблем во здравството.

Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари потенцира дека се оградуваат од секакви политички елити. Тој вели дека насилството врз лекарите мора да престане веднаш.

„Собрани сме да кажеме доста е. Ова ќе биде наш последен револт, повеќе не смее да дозволиме да бидат напаѓани здравствените работници. Со години тенденциите и негативната кампања се одразуваат врз медицинските работници, а целта е да се стават во сенка лошите одлуки на раководните лица во системот. Време е да се преземат мерки за подобри услови на работниците и пациентите. Ќе престанеме да работиме сè додека овие прашања не бидат решени“, истакна Лазаров.

Според лекарите, овие проблеми не смее да се решаваат зад затворени врати, туку само со отворена дебата. Тие на протестот наведоа пет барања, кои во најбрз можен рок мора да бидат решени.

Станува збор за донесување закон за докторска дејност, итно спроведување и законско изедначување на напад врз медицинско лице со напад врз полициско лице. Полициско обезбедување на сите здравствени установи, особено во ургентните центри. Вклучување на младите лекари во носењето на сите здравствени политики. Задолжително организирање некаков внатрешен систем на контрола на медицинските работници.

Медицинските работници истакнаа дека по овој протест, ќе остават малку време за надлежните да ги решат проблемите и да ги прифатат овие пет барања. Доколку, како што велат, утврдат дека нема никаква желба за решавање на проблемите, ќе престанат со работа.

 

Македонија

Димитриев: СДСМ ги блокира законите од областа на безбедноста

Објавено пред

,,СДСМ по кој знае кој пат повторно го покажа своето лицемерие и крајно неодговорен однос, особено кога се работи за суштински области од фукционирањето на државата“, изјави Емил Димитриев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, по долги работни средби помеѓу пратеници од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, се постигна консензус и се креираа измени на Законот за следење комуникациите, измени со кои дефинитивно ќе се деблокираше парламентарниот надзор над службите, кои ја користат посебната истражна мерка следење на комуникациите. Една година СДСМ и раководството на Собранието, на Комисијата за надзор над мерките за следење на комуникациите не и даваше дозвола да отпочне постапка за избор на технички експерти, кои ќе бидат поддршка во работењето на комисијата. Откако видоа дека се прочитани и не се брани ваквата нивна позиција во јавноста, дозволија комисијата да отпочне постапка за ангажман на експерти. Комисијата преку транспаретна постапка, иако од неа Законот тоа не го бараше експлицитно, со едногласна одлука избра експерт магистер по комјутерска форензика, едуциран надвор од Република Македонија, компетентен за предизвикот за кој го ангажира комисијата.
Откако СДСМ не можеше да најде забелешка на постапката и изборот, се одлучија да го блокират формалното потпишување на договор за ангажман на експертот, кој од друга страна е неопходен за регулирање на односите помеѓу Собранието и експертот.

За целиот период на блокадата на оваа законска обврска, изговорите од страна на мнозинството беа разно разни т.е на нивната негативна креативност и немаше крај. Повторно се преговараше долго и решението за деблокада на надзорот беше најдено во измени на Законот за следење на комуникации, кој во собраниска процедура беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ“, вели тој.

Според Димитриев, измените на законот во прво читање на пленарна седница беа изгласани со двотретинска поддршка без ниту еден глас против, истата подршка Законот ја доби и на Комисијата за одбрана. Потоа законот се блокира во неговата постапка за негово донесувње, за да сега во меѓувреме се деблокира носењето на законот, СДСМ и мнозинството повторно ја активираат нивната веќе позната лукративна „стратегија” да поднесуваат амандмани на закони кои тие самите ги имаат предложено.

,,Усвоените амандмани на СДСМ од страна на Законодавно правната комисија, во целост ја менуваат суштината на Измените на законот за следење на комуникациите, кој беше усогласен и заеднички предложен и изгласан во првото читање. Ова е втор пат за закони од областа на безбедноста кои се двотретински после напорни усогласувња со опозицијата и креирање заеднички предлог, во собраниска процедура преку силата на мнозинството да ги погазат веќе усогласените решенија. Повторно изговорите се разно разни, погрешно се интерпретираат мислења од странски експерти итн.

Во триесет годишната македонска парламентарна историја не се памети еднострано да се поднесуваат амандмани на усогласени двотретински закони. Првиот пат јавноста беше сведок при носењто на Законот за Агенцијата за национална безбедност кој беше усогласен со опозицијата, но доживеа доста неусогласени амандмани, сега се случува истата лукративност со измените на Законот за следење на комуникациите.

Ова само го покажува вистинското лице на СДСМ, колку им држи зборот, колкав е нивниот демократски капацитет за усогласување на стратешките работи кои законодавецот не случајно ги нормирал да бидат двотретински. Ваквиот однос на СДСМ најавува дека тие имат постојана двотретинска подршка за се и сешто, што ако се случи, јавноста ќе биде сведок.

Евидентен е и стравот од квалитетен надзор над службите во контекст на секојдневните скандали кои го пратат нивното работење. Кога им беше потребно мислењето на Прибе не го вадеа од уста сега бегаат од истото и воопшто не го коментираат. За жал, наместо да се зајакнува надзорот над службите со нови законски решенија, со кои надзорот ќе има суштина, а не како досега да се гледаат само анонимизирани наредби без никаква експертска подршка, СДСМ одлучи да го блокира и овој начин на надзор над службите, кој е нормиран во постојните законски решенија“, додаде Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривични пријави против „Меѓународниот сојуз“, „Томато продукција“ и „БМЈ медиа груп“

Објавено пред

Против „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде беше сместена телевизијата „1ТВ“ и против „БМЈ медиа груп“, фирма – сопственик на телевизијата, ќе бидат поднесени кривични пријави, информираше денеска УЈП.

Според Управата за јавни приходи, неправилности во работењето имало и во 1ТВ, но таму немало основа за кривична пријава.

УЈП ги товари трите фирми за даночно затајување за сума повисока од 20 милиони денари.

Претставници на УЈП биле кај Бојан Јовановски, кој е обвинет за случајот „Рекет“ и е во притвор, но тој одбил да ги прими нивните записници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Краванот граѓански трибини „На прав пат“ денеска во Кичево

Објавено пред

Карванот отворени граѓански трибини на СДСМ под мотото „На прав пат“ денеска ќе биде со граѓаните на општина Кичево. Граѓанската трибина ќе се одржи во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево, со почеток во 20 часот.

Oбраќање на трибината ќе имаат pотпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зеќири и членката на Централниот Одбор на СДСМ, Сања Лукаревска.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

Откриена 14-члена криминална група која организирала криумчарење на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и...

Македонија45 минути

Кривични пријави против „Меѓународниот сојуз“, „Томато продукција“ и „БМЈ медиа груп“

Против „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде беше сместена телевизијата „1ТВ“ и против „БМЈ...

Економија1 час

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија2 часа

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Македонија3 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија3 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора5 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија5 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа5 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион6 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија6 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт16 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија19 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија20 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија20 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ22 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија22 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија22 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија23 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Досие