Контакт

Македонија

Лекарската комора бара итна средба со министрите за здравство и за внатрешни работи

Објавено пред

Лекарската комора бара итна средба со министрите за здравство и за внатрешни работи, Венко Филипче и Оливер Спасовски, по зачестените напади на лекари во болниците.

„Згрозени и револтирани сме од ова што се случува. Секој ден имаме нови инциденти во здравствените установи во кои жртви на вербилни и физички напади се докторите и другите здравствени работници. Ни се случи Тетово, Драчево, Кавдарци, Градска хируршка болница Скопје. Тоа е недозволиво и од тие причини како Лекарската комора на Македонија инициравме итна средба со министрите за здравство и за внатрешни работи, Венко Филипче и Оливер Спасовски. Неопходно е да се изнајдат конкретни и трајни решенија за ваквите појави што, за жал, станаа дел од нашето секојдневие. Како Комора бараме предизвикувачите на инцидентите под итно да се казнат и против нив да се преземат максимално предвидени казни, како и други мерки, согласно позитивните законски прописи. Ова што се случува е скандалозно затоа што во опасност се доведени здравствени работници кои пружале здравствени услуги на пациенти, најчесто ургентни и животно загрозувачки случаи“, велат од Лекарската комора.

„Жално е и тажно што Лекарската комора во неколку дена мора повторно да реагира на ова што им се случува на здравствените работници. Загрижени сме од слободата која некој си ја дозволуваат со насилство кон нас, докторите, сестрите, болничарите да го изразуваат своето незадоволство, нетрпение и нервоза”, вели Гривчева-Старделова.

Според неа, институциите треба да преземат мерки да ги заштитат своите здравствени работници со оглед дека согласно законската регулатива докторите на работните места имаат статус на службени лица.

Во соопштението се наведува дека „Комората има разбирање за здравствените проблеми на пациентите и  со нивните блиски, но и во оваа пригода јасно декларира дека осудува какво било насилство врз медицински персонал“.

Лекарската комора апелира секој во рамки на своите ингеренции да се вклучи во заштита од насилство врз здравствените работници и соработници, а особено на единствено безбедна средина во која се даваат здравствени услуги, гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите. Заложбата на Лекарската комора е за јасно и транспарентно делување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува.

Македонија

Без струја делови на Чучер Сандево, Шуто Оризари, Карпош и Гази Баба

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија ќе останат делови на Чучер Сандево, Шуто Оризари, Карпош и Гази Баба.

Од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Глуво (Општина Чучер Сандево), од 9 до 15 часот, корисниците од улицата Индира Ганди и дел од улицата Јован Хаџи Шишков. (Шуто Оризари), од 9 до 1 часот, корисниците од улицата Женевска од бројот 10 до бројот 17 и објектите во непосредна близина на бројот 17.(Општина Карпош) и од 8:25 до 15 часот, корисниците од нас. Трубарево, Краварство Трубарево, Репетиторот на МРТВ, Капитал инвест, Ергеле, Рибник, Сточниот пазар, Лук оил и ЧУКУР (Општина Гази Баба).

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Комитетот за интеграција на тренинг семинар „Следни чекори кон НАТО“

Објавено пред

Работниот комитет за интеграција во НАТО имаше тренинг семинар „Следни чекори кон НАТО“. Специјален семинар за Република Северна Македонија во Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“ во Гармишпартенкирхен.

На семинарот членовите на работниот комитет детално и темелно се запознаа со начинот на кој што функционира НАТО, во однос внатрешните постапки и процедури на земјите членки. Освен тоа, членовите на работниот комитет добија и информации и искуства од неколку од поновите земји членки (Словенија, Словачка и Хрватска), во однос на нивниот процес на интегрирање во Алијансата и нивните искуства во однос на функционирање како полноправна членка на НАТО.

Комитетот за интеграција во НАТО соопшти дека Република Северна Македонија ќе биде 30та земја членка на НАТО и тоа е неповратен процес. Процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО веќе е завршен во 22 земји членки на НАТО. Преостанатите 7 земји членки ќе ја завршат ратификацијата согласно нивните домашни политички процеси.

Како што се наведува, прашањето на полноправно членство е техничко, односно не се очекуваат никакви проблеми со ратификацијата во која била од земјите, единствено е прашање на време кога тоа ќе се случи, зависно од процедурите на институциите во земјите.

Полноправното членство ќе се заокружи кога ќе се заврши ратификацијата на протоколот во сите земји членки, и финално кога ќе биде ратификуван во нашиот Парламент. За споредба претходните процеси на интеграција на последните земји членки траеле 1 до 1,5 година.

Работниот комитет за НАТО интеграција е интер-институционална работна група која е задолжена за изработка и имплементација на Програмата за континуирани реформи за членство во НАТО. Тоа е оперативното работно тело што ги има обврските за подготвува на Република Северна Македонија за членство во НАТО.

Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“ е научен институт за безбедносни и одбранбени студии основан од страна на министерствата за одбрана на САД и Германија во 1993 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре дожд и температури до 29 степени

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде од 5 од 13, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на следната работна недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има утре кон крајот на денот и во вторник, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен втер.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет11 час

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт14 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион17 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија20 часа

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион21 час

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ21 час

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа23 часа

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура1 ден

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ2 дена

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ2 дена

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ2 дена

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет2 дена

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет2 дена

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ2 дена

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ2 дена

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет2 дена

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија3 дена

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата3 дена

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Досие