Контакт

Македонија

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Објавено пред

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму велат дека докторите од примарното здравство се исцрпени од борбата со пандемијата.

dobivaj vesti na viber

Реакцијата на Лекарската комора се однесува на казните што се изречени за административни пропусти во работењето и не се поврзани со пропусти во лекувањето.

„ Матичните лекари се првиот контакт на пациентот со здравствениот систем и тие треба да се мотивирани и да имаат механизми здравствените проблеми на болните да ги решаваат брзо и ефикасно на примарно ниво, а не да ги проследуваат пациентите непотребно до другите нивоа на здравствениот систем, што се наметнува поради некои важечки прописи како што е режимот за препишување лекови. Имено, матичните доктори во местата каде што нема специјалисти по одредени специјалности, лековите за хронична терапија кои требале да бидат препишани врз основа на претходна препорака, односно медицински извештај од одреден специјалист, ги препишувале врз основ на медицински извештаи од специјалисти кои согласно режимот на препишување лекови немале право да ги препишуваат. Ова се правело со цел да излезат во пресрет на потребите на пациентите“, се вели во реакцијата.

На докторот, како што додаваат, приоритет му е обезбедување континуитет во лекувањето на пациентите, а здравствената регулатива треба да биде во функција на овој приоритет.

„Лекарите се исцрпени од зголемениот интензитет на работа, но опстојувањето на нивните ординации од финансиски аспект е засегнато и со други негативни ефекти од кризата, како што е набавката на медицинска заштитна опрема која во целиот период на пандемијата е на нивен трошок, како и значително повисоките сметки за електрична енергија кои ги добиваат поради енергетската криза.

Препознавајќи ја тежината на проблемот со кој се соочуваат матичните лекари, Лекарска комора неколку пати досега реагираше до Фондот за здравствено осигурување со барање за повлекување на казните и нивно ревидирање, како и промени на казнената регулатива на ФЗО. Потенцираме дека сега матичните лекари повеќе отколку кога било не се во состојба да ги поднесат овие трошоци“, велат од Лекарската комора.

Оттаму порачуваат дека во интерес на пациентите, здравствените работници и здравствениот систем е Фондот сериозно да постапи по овие реакции и во најкусо време да обезбеди решение кое е прифатливо за сите страни, бидејќи , како што појаснуваат, едностраното носење одлуки, без комуникација на договорните страни само ќе ги продлабочи проблемите кои постојат.

Македонија

Билатерални средби на претседателот Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, денеска оствари кратки средби со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, со косовскиот премиер, Албин Курти, со Принцот Алојз од Лихтенштајн и со американскиот политичар и поранешен потпретседател на САД, Ал Гор.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез се заблагодари за принципиелната поддршка од Шпанија на македонските евроинтеграции и изрази подготвеност за натамошно поттикнување и развој на односите меѓу двете земји. Во разговорите беше посочено дека политиката на проширување на ЕУ е неопходно да продолжи во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан.

На средбата со косовскиот премиер Албин Курти беа реафирмирани заложбите на Северна Македонија и Косово за продлабочување на билатералната комуникација и меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес, со цел натамошно зацврстување на добрососедските односи, како и пријателството и блискоста меѓу граѓаните од двете земји.

На средбата со Принцот Алојз од Лихтенштајн се разговараше за актуелните случувања во Европа и во регионот на Западен Балкан. Во контекст на мерките коишто се преземаат за ублажување и справување со економските последици од руската агресија, претседателот Пендаровски и принцот Алојз, разменија мислења и за тековните случувања и ефектите врз економиите во Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), каде Лихтенштајн е земја-членка.

На средбата со американскиот политичар и поранешен потпретседател на САД, Ал Гор, беа разменети мислења за надворешната политика на САД и Северна Македонија низ призма на актуелните случувања во Европа и светот, како и за потребата од интензивирање на трансатланските односи. Претседателот Пендаровски посочи дека поддршката и помошта од САД како НАТО сојузници и стратешки партнери на земјава, се од клучно значење за стабилноста, безбедноста и јакнење на демократските процеси во регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алијанса за Албанците: Инцидентот во Чаир со највисоки полициски службеници е одраз на владеењето на ДУИ

Објавено пред

Синоќешниот инцидент во Чаир во којшто учествуваа највисоки полициски службеници е најдобар одраз на владеењето на ДУИ, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

dobivaj vesti na viber

Криминалот на оваа партија ги допре највисоките врвови на власта, велат од оваа партија.

„Тие коишто треба да работат за безбедноста станаа најголемата опасност за Албанците особено и за граѓаните воопшто. ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење, тие станаа места каде те убива полицаец и каде се заштитени криминалците. Кога го осудивме заробувањето на правосудниот систем, заменик министерот од ДУИ се пожали дека опозицијата ги навредува албанските функционери“, е наведено во напишаното од страна на Алијанса за Албанците.

„Ги прашуваме поранешниот министер за полиција, актуелниот заменик министер за полиција и сите функционери на ДУИ, кој синоќа ги навреди и посрамоти Албанците, кој со куршумите на нивните началници ги загрози Албанците и албанските населби ги претвори во гето на криминални картели!?“, се потенцира во писмената реакција од партијата.

Ветингот во судството, полицијата и другите сфери, како што потенцираат е повеќе од неопходен, но предходно, сугерираат дека мора да се отстранат од власт тие, кои како што додаваат, го попречуваат ветингот и го зајакнуваат криминалот и корупцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Објавено пред

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот идентитет, истакнува премиерот Димитар Ковачевски по повод автокефалноста на Македонската православна црква.

dobivaj vesti na viber

„Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на историската вест со која Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се стекнува со автокефалност“, вели Ковачевски.

„Оваа со векови очекувана вест е соопштена денеска на заедничката служба со Српската православна црква, на која патријархот Порфириј соопшти дека одлуката МПЦ-ОА да биде прифатена како автокефална црква ќе биде предложена пред Вселенската патријаршија со препорака таа да биде прифатена од сите православни цркви. Нека е честит овој голем ден за сите православни верници и за сите граѓани“, изјави премиерот Ковачевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата...

Македонија3 часа

Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста...

Македонија5 часа

(Видео) Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија за МПЦ

Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна...

Економија5 часа

Грција одлучи да го плати рускиот гас во рубли, објавија агенциите

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлија на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли и нема...

Македонија6 часа

Пендаровски по повод 24 Мај: Сѐ уште има такви кои си земаат за право да имаат ексклузивитет врз заедничките добра

Денот посветен на солунските браќа, кои не само што ги поставија темелите на духовноста и на писменоста кај словенските народи...

Европа7 часа

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

Од Светската здравствена организација осврнувајќи се на проблемот со мајмунски сипаници во неколку земји, наведуваат дека не веруваат дека епидемијата...

Европа8 часа

Зеленски: Единствениот руски функционер со кој би разговарал е Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се обрати на Светскиот економски форум во Давос. Во своето обраќање преку видео врска, Зеленски...

Европа8 часа

Бајден: Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше воведен говор на самитот во Јапонија, на кој присуствуваа лидерите на Индија, Австралија и...

Македонија9 часа

СПЦ и МПЦ со нова заедничка литургија во Скопје

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје се одржува божествена литургија со која чиноначалствуваат поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан...

Македонија20 часа

(Видео) Ковачевски: Не можам да кажам дека има напредок со Бугарија во однос на заемно прифатлив документ

Во моментов не можам да кажам дека постои напредок во преговорите, во однос на  постигнување на заедно прифатив документ со...

Македонија20 часа

Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи

Најважно за двете влади е да имаат конструктивен дијалог и тој да продолжи. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков...

Свет21 час

Италија развила план за мир во Украина, Москва го разгледува

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо. Првата цел е...

Македонија1 ден

Регистрирани 151 новoзаразен од коронавирус во последните три дена, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена, од 20.5...

Топ1 ден

Кривична пријава за наставник од Струмица, кој на ученичка ѝ праќал пораки и ја допирал

Приведен наставник од Струмица за полов напад врз дете што не наполнило 14 години. Според информациите, 40-годишниот наставник ја допирал...

Европа1 ден

Зеленски во Давос: Ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот

Украина се спротивстави на нападите подолго од очекуваното, но не би била принудена да ја преживува оваа војна со толку...

Економија1 ден

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија1 ден

Ангел Димитров: Проблемот е што македонските историчари се трудат да не прифатат заедничка историја

Бугарија не треба да дозволи притисок. Бугарската страна мора да покаже доверба во својот став, во своите аргументи и без...

Европа1 ден

Белгија е првата земја што воведе карантин поради мајмунските сипаници

Белгија стана првата земја што воведе задолжителен 21-дневен карантин против мајмунските сипаници бидејќи 14 земји сега потврдуваат појава на вирусна...

Европа1 ден

Светскиот економски форум во Давос: Ќе се разговара за последиците од војната во Украина

Три месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, војната и ризиците што таа ги носи за светската економија ќе...

Свет1 ден

Претставниците на АПЕК: Русија веднаш да ја прекине војната во Украина

Претставниците на седум земји, вклучително и оние што го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК),...