Македонија
Лекарската комора: Пациентите со цироза на црниот дроб имаат голем ризик за смртност од Ковид-19

„Eдна третина од пациентите со Ковид 19 имаат нарушена црнодробна функција, а оние кои имаат цироза на црниот дроб за 32 отсто имаат поголеми шанси за смртен исход од вирусот“, истакна д-р Бети Тодоровска од Клиниката за гастроентерохепатологија на редовните онлајн едукации кои секој недела ги организира Лекарската комора на РСМ со цел да се оствари подобра комуникација и размена на искуства и сознанија меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем за унапредување на третманот на пациентите со Ковид-19.
Претседателот на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова која беше модератор на настанот истакна дека имајќи во предвид дека Ковид-19 е системско заболување, тоa може да предизвика оштетувања и на црниот дроб и на гастроинтестиналниот систем, за што во почетокот на пандемијата постоеја помалку информации и податоци, но сега веќе лекарите овие манифестации полесно ги препознаваат и успешно ги лекуваат.
Оштетување на црниот дроб кај заболен од Ковид 19 може да настане поради директно токсично дејство на самиот вирус или преку имунолошки механизам познат како цитокинската бура. Црниот дроб страда и кога не добива доволно кислород (хипооксија) во случаите на нарушена работата на срцето и на белите дробови, но тој може да се оштети и од лековите кои се даваат во третманот на Ковид-19, како што се антипиретиците и антивирусните лекови. Вирусот кај пациентите со хронична болест на црниот дроб може да предизвика нејзина значителна прогресија и влошување.
„Ковид-19 најчесто предизвикува хепатоцелуларно оштетување на црниот дроб, при што се зголемуваат трансаминазите (AST, ALT), а поретко се работи за холангиоцелуларна оштета, при што се покачуваат холестатските ензими (GGT, ALP), но за среќа, ретки се случаите каде овие оштетувања доведуваат до акутна црнодробна слабост”, истакна д-р Тодоровска.
Научните истражувања покажуваат дека пациентите кои имаат неалкохолно замастен црн дроб и кои се заразени со Ковид-19 имаат стабилен тек на болеста во 80 отсто од случаите, но оние кои имаат и покачен крвен притисок, дебелина или дијабетес мелитус тип 2 развиваат потешка клиничка слика на Ковид-19. Оваа категорија на пациенти се повеќе склони и кон појава на оштетување на црниот дроб предизвикано од лекови.
Пациентите со црнодробна цироза имаат за 32 отсто зголемен ризик од смртен исход од Ковид-19.
„Пациентите со цироза на црниот дроб кои се Ковид-19 позитивни задолжително треба да се хоспитализираат, потребно е активно мониторирање на влијанието на антивирусната терапија врз црнодробната функција, како и активен третман на компликациите поврзани со цирозата“, објаснува д-р Тодоровска.
Важно за исходот на лекувањето е пациентите со веќе дијагностицирана црнодробна болест строго да се придржуваат кон вообичаените правила за заштита од Ковид-19 и редовна да ја примаат препишаната терапија. Д-р Тодоровска препорачува дека лекарите треба задолжително да ги следат црнодробните тестови кај сите заболени пациенти од Ковид-19, со особен осврт кон пациентите со претходно дефинирана црнодробна болест, додека пак оние со цироза на црниот дроб веднаш да бидат испратени на болничко лекување поради ризикот од лош исход.
Се уште нема јасни препораки околу вакцинацијата на пациентите со хронично заболување на црниот дроб, но со оглед на ризикот од летален исход кај пациентите со црнодробна цироза сепак мора да мислиме на заштита на оваа вулнерабилна група на пациенти.
„Со оглед дека вакцините на Моderna, Pfizer/BioNTech и AstraZeneca не содржат ниту жив, ниту ослабен вирус, се чини малку веројатно дека имунизацијата претставува закана по безбедноста за пациентите со црнодробна цироза. Од друга страна, кај пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба или пак примаат имуносупресивна терапија, како што се оние со автоимуна болест на црниот дроб и со трансплантиран црн дроб, генерално не се препорачува да примаат вакцина заснована на т.н. mRNA технологија” порачува д-р Тодоровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ристоска: Не сме задоволни од сите изречени казни во предметот „Таргет-Тврдина “

Обвинителката Ленче Ристоска рече дека не се задоволни од сите изречени казни во предметот „Таргет-Тврдина”.
Таа посочи дека максималниот притвор што засега може да му се одреди на Сашо Мијалков е 60 денови.
Во однос на изјавата на министерот за внатрешни работи дека обвинител во петокот известил министер во Влада дека Мијалков ќе бега, Ристоска рече дека тоа не била таа, ниту нејзиниот колега Трајче Пеливанов.
„Со предметниот обвинител не сме имале информации во петокот. Ако имавме уште во петокот ќе побаравме мерка притвор. Првите информации ги добивме во саботата вечерта и веднаш побаравме мерка притвор. Не знаеме каде бил Мијалков, се надеваме дека тоа ќе го утврди истрагата”, рече Ристоска.
Обвинителката Ристоска посочи дека се задоволни од пресудата, но не и од сите одмерени казни.
„Задоволни сме од предудата пред се затоа што се потврдија сите наводи од Обвинителството. Од дел од казните сме задоволни, за дел не. Прво сакаме да го видиме решението, па ќе одлучиме за жалбите”, додаде Ристоска.
Македонија
Голема акција за чисетње на кејот на Вардар во Ѓорче Петров

Градот Скопје во соработка со Општината Ѓорче Петров почна голема акција за темелно чистење на кејот на Вардар, на потегот од мостот во Хром до мостот во Сарај во должина од околу 4 километри. На терен работат екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и комунални работници од општината.
„Изминатава година интензивно работиме на кејот, она што повеќе децении било запоставувано од претходните градски администрации сега темелно го работиме. Одиме чекор по чекор, со цел кејот да го добие сјајот што го заслужува. Заедно со Општината Ѓорче Петров на овој потег работиме на должина од 4 километри, на целосно и темелно чистење и облагородување на просторот со цел овој јавен простор на граѓаните од Ѓорче Петров и од Сарај да им послужи за рекреација и за разонода. Да не заборавиме дека сè уште сме среде пандемија и секој добро осмислен и обновен јавен простор е добредојден за граѓаните. Ние веќе темелно работиме на чистење на кејот, па ги повикувам и другите градоначалници на општините низ кои поминува реката Вардар да се вклучат со свои ресурси со цел што е можно побрзо да го вратиме сјајот на нашиот кеј“, рече градоначалникот Петре Шилегов.
На почетокот на акцијата за чистење на кејот на Вардар присуствуваше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
Македонија
Веднаш по судењето Мијалков оди во затворот во Шутка

Судот донесе одлука првообвинетиот Сашо Мијалков да издржува ефективен, односно затворски притвор. Тој по судењето ќе биде спроведен во истражниот затвор во Шутка.
Одлуката е донесена поради сомневањата на Обвинителството дека тој може да се даде во бегство, доколку биде во куќен притвор, што е поблага мерка.
„Се уважува предлогот на Јавното обвинителство. Се укинува решението за куќен притвор. Спрема Сашо Мијалков се определува мерка притвор до правосилноста на пресудата, но најдолго 60 дена. Против Мијалков има и обвинителен предлог, па предвидено е по објавување на пресудата да биде изречена ваква мерка”, рече судечкиот совет.
Обвинителката Ленче Ристоска кажа дека тој може да избега и да има легален престој во Прага, каде што има и имот. Според неа, куќниот притвор не е доволна мерка за обезбедување присуство.
„Во конкретниот случај сметаме дека мерката куќен притвор за Мијалков не е доволна за обезбедување негово присуство, затоа бараме ефективен притвор. Во текот на вчерашниот ден обезбедени се известувања од МВР, согласно кои МВР нема технички можности/опрема за 24 часовен видео и електронски надзор на почитување на мерката притвор, што е еден од сегментите за куќен притвор. Од Обвинителството, потврдени се податоците дека Мијалков има регистрирана адреса и договор за престој во Прага и две возила на негово име, а особено, предлагам да се цени фактот дека тој е човек кој поседува приватни бизниси исто како и неговите членови на семејството. Тоа значи дека тој може да живее во бегство сосема комотно“, рече Ристоска.
Осудениот Мијалков два дена беше недостапен за полицијата, која во неделата го бараше да му врачи решение за куќен притвор поради опасност од бегство издадено од кривичниот суд.
Мерката беше побарана од Обвинителството, откако обвинителката Вилма Русковска доби информации дека тој ќе се даде во бегство.
По него беше распишана меѓународна потерница. Во вторникот Мијалков сам се појави пред Обвинителството, објаснувајќи дека имал висока температура па се изолирал поради сомневање дека е заразен од коронавирус.
Никој не објасни, каде што се изолирал Мијалков. Обвинителката Русковска кажа дека не му верува на објаснувањето кое го даде и неговиот адвокат Петар Василев.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер