Контакт

Македонија

Лекарска комора: Во услови на пандемија да не се дозволи да страда дијагностиката на ретките болести

Објавено пред

„Хередитарен ангиоедем: Современи тераписки и дијагностички протоколи во ерата на Ковид-19“, беше тема на неделната онлајн дискусија која со редовна динамика ја организира Лекарската комора со цел подобрување на комуникацијата и размена на стручни и релевантни информации меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем во услови на пандемија. Настанот го модерираше претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, а стручен осврт кон ова ретко генетско и потенцијално живото-загрозувачко заболување даде проф. д-р Весна Гривчева Пановска од Универзитетската Клиника за дерматологија.

Хередитарен ангиоедем се јавува поради мутација во генот кој го контролира создавањето на Ц1 инхибитор компонентата на комплемент, кој е мошне важен и учествува во регулација на комплексни биохемиски процеси кои се активираат при борбата со различни болести, воспаленија и при коагулацијата.

„Болеста се манифестира со појава на едем (оток) на екстремитетите, абдоменот, грлото, гениталиите или други органи. Едемот на дишните патишта може да биде фатален. Абдоминалниот едем најчесто вклучува болка, повраќање и дијареа. Симптомите најчесто се јавуваат во рана возраст, вообичаено до 13 година и може да се засилат за време на пубертет. Епизодите на напади може да бидат спонтани или предизвикани од физичка повреда или емоционален стрес. Најчесто постои семејна историја на ангиоедем, но голем број на случаи се јавуваат и поради спонтана мутација на ген. Болеста не реагира на антихистаминици и на кортикостероиди“, појасни проф. д-р Гривчева Пановска.

Таа даде детално појаснување за симптомите поради кои пациентите бараат лекарска помош, точно ги наведе сите аспекти на кои треба да се внимава при земање на анамнеза, дијагностичките процедури кои треба да се направат за да се постави дијагноза, како и различните форми на болеста кои може да се појават.

„Во услови на пандемија многу е важно да не се дозволи да страда дијагностиката, односно не треба да се избегнува упатување на пациентите затоа што се тешки времиња. Секогаш ќе има “тешки времиња”, a пациентот не мора да биде секогаш присутен. Може да се испрати само епрувета со крв за анализа и на тој начин пациентот воопшто нема да има контакт со лабораторија во која доаѓаат потенцијално ковид-позитивни пациенти“, истакна проф. д-р Гривчева Пановска.

Терапијата која за ова заболување се дава во случај на напад е обезбедена преку Програмата за ретки болести и е достапна за сите на кои им е потребна.

„Пациентите кај себе секогаш имаат терапија за најмалку два напади, а поради пандемијата се погриживме да имаат и поголема резерва, бидејќи еден дел од здравствените установи беа трансформирани во ковид центри. Предизвик за пациентите е давањето на терапијата, бидејќи таа се дава субкутано или интравенски. За да го надминеме тоа сите пациенти и полнолетни членови на нивните семејства ги обучивме како да даваат терапија, а исто така имаме и тим за интервентни ситуации кој доколку пациентот не може сам да аплицира терапија, реагира во рок од петнаесетина минути“, појасни проф. д-р Гривчева Пановска.

Покрај оваа терапија, постои препарат за орална профилакса одобрен од американската е од европската агенција за лекови, ФДА и ЕМА, кој поради добра соработка со производителот е достапен за приближно две третини од регистрираните пациенти со хередитарен ангиоедем.

Пристапот во третманот на ова заболување, истакна таа, треба да биде партнерски, помеѓу пациентите и здравствените работници. На пациентите треба да им се помогне јасно да ги идентификуваат симптомите преку подобрена комуникација со нивните лекари, лекарите треба редовно да го проверуваат статусот на овие пациенти, дури и кога не побарале консултација, да се едуцираат пациентите и брзо да се реагира кога пациентот ќе пријави симптоми кои се нејасни. Третманот на пациентите треба да биде со индивидуализиран режим кој ќе функционира како во стандардни, така и во нестандардни услови.

Македонија

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

Објавено пред

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Заев.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, информираше дека постапката за кандидатура почнува од утре, а ќе трае седум дена. Можност за гласање ќе имаат сите членови на партијата, а по изборот на нов претседател ќе следува избор на ново раководство.

На прашањето дали Заев го промовирал Димитар Ковачевски за свој наследник, Кузеска кратко одговори:

„Станува збор за коментар за квалитети на еден човек, а претседателот ќе се бира на внатрепартиски избори“.

Заев ги информирал Извршниот и Централниот одбор дека парламентарното мнозинство е стабилно и изнесува 61 пратеник, а ЦО сметал дека има простор за вклучување на Алтернатива во владиното мнозинство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Објавено пред

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада.

Според нив, евентуалното приклучување кон владината коалиција, ќе може да донесе излез од економската, здравствената и политичката криза во Македонија. Дополнително, како што објаснија од партијата, влезот во коалиција со СДСМ и ДУИ ќе значи и шанса за стабилност, а со тоа и отпочнување преговори со Европската Унија.

„ Разговаравме за политичката состојба во земјата и констатиравме дека ние сме во длабока почитичка, енергична и здравствена криза. Овој ќорсокак предизвика многу неизвесна. Јас согледавме оваа ситуација и како сериозна партија како можеме да ја откочиме оваа ситуација. Одлучивме да и дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за земјава да се надева на датум за преговарање со ЕУ. Го овластивме претседателот да комуницира со актуелниот премиер или новиот мандатар за да се види дали има простор за заедничка владина програма. Се зависи од тоа што ќе се разговара и што ќе се договори“, кажаа од Алтернатива.

Одлуката дали Алтернатива ќе биде дел од владината коалиција ќе ја донесе централното собрание. Состанокот ќе биде закажан откако ќе има епилог од преговорите меѓу Заев и Гаши. Од Алтернатива не кажаа што ќе бараат од СДСМ за влез во Владата и рекоа: „Повеќе ќе бидеме заинтересирани за начините за излез од кризата, отколку за тоа што ќе добиеме ние“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пендаровски-Бечиќ: Размена на искуства со Црна Гора за остварување на членството во ЕУ

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Алекса Бечиќ, претседател на Собранието на Црна Гора.

На средбата беше изразено задоволство од развојот на севкупните билатерални односи засновани на традиционално пријателство, почит и разбирање и беше реафирмирана цврстата определба на двете држави за зајакнување и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската сфера во која постои голем потенцијал.

Двајцата соговорници нагласија дека двете држави споделуваат идентични надворешнополитички цели и визии, а со сојузништвото во НАТО Алијансата значително придонесуваат во обезбедувањето на траен мир, стабилност и просперитет на целиот регион.

Истакнувајќи ја потребата од натамошно интензивирање на меѓупарламентарната соработка, претседателот Пендаровски потенцираше дека Северна Македонија високо ја цени можноста за размена на искуства со Црна Гора во насока на остварување на заедничката стратешка определба, членството во Европската Унија.

Во тој контекст, осврнувајќи се на претстојниот Совет за општи работи на Европската Унија, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста интеграцијата на земјите од Западен Балкан да биде третирана како една од клучните стратешки и геополитички приоритети во рамки на Унијата, како дополнителен поттик за реформските процеси во нашите држави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Македонија3 часа

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ7 часа

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Популарно7 часа

Македонија ќе игра против Италија во полуфиналето на плејофот за Светското првенство во Катар

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Денешната ждрепка во Цирих...

Македонија7 часа

Возачите на автобусот што изгоре не биле вработени во „Беса транс“

Ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса транс“ кој изгоре не бил вработен во компанијата. Еден од...

Македонија8 часа

Автобусот бил технички исправен, годинава 113 пати ја поминал државната граница

Автобусот на „Беса транс“ минатата година во 22 случаја остварил влез – излез од државата, додека, пак, во 2021 година...

Македонија8 часа

(Видео) Утре ќе бидат префрлени во Скопје првите двајца преживеани во автобуската несреќа

Утре ќе бидат донесени првите двајца од седумте преживеани во автобуската несреќа во Бугарија. Тие прво ќе бидат сместени на...

Македонија8 часа

19 починати и 434 новозаболени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.026 тестирања,...

Македонија10 часа

Изгорениот автобус бил произведен 2007 година

Автобусот на компанијата „Беса транс“, кој изгоре во Бугарија и однесе 45 животи, бил стар 14 години. Од македонското МВР...

Македонија11 час

Пронајдено уште едно тело, дете е 45. жртва во изгорениот автобус во Бугарија

При дополнителен преглед на изгорениот македонски автобус што се запали на автопатот „Струма“ пронајдено е уште едно тело, пренесе Бугарската...

Македонија13 часа

Невакцинирани се 69 проценти од новите случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на коронавирус во период од 6 август заклучно со...

Македонија14 часа

Заев денеска ќе ја поднесе оставката во партијата, Алтернативата одлучува дали ќе стане дел од владината коалиција

Претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе поднесе оставка од лидерската функција во партијата. Несреќата на...

Европа15 часа

ЕУ ќе ги запре летовите од Јужна Африка поради новата варијанта на коронавирусот

Националниот институт за заразни болести во Јужна Африка (NICD) потврди 22 случаја на инфекција со новата варијанта на коронавирусот B.1.1.529...

Македонија15 часа

Бугарските медиуми ја расветлија мистеријата за патникот со арапско потекло

Шади Науф ал-Салех, мистериозното лице со арапско потекло, кое се најде на списокот со преживеани од автобуската несреќа што го...

Македонија15 часа

Бугарски обвинители во Скопје треба да ги преземат ДНК-примероците за идентификација на жртвите

ДНК-анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за...

Македонија1 ден

Владата размислува за стимулации и рестрикции со цел да се зголеми бројот на вакцинирани

Владата на денешната редовна 121. седница темелно и сеопфатно ги разгледа предложените мерки и препораки на Комисијата за заразни болести...

Македонија1 ден

Ќе се споредуваат листите на патници во автобусите за да се види кој недостасува

По изјавата на бугарскиот обвинител Сарафов дека недостасува еден патник од запалениот автобус, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран...

Македонија1 ден

473 нови случаи на Ковид-19 и вкупно 18 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на...

Топ1 ден

Кривична против раководителката во Центарот за вработување, од службена картичка потрошила над 10.000 евра

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал (ОСОСК) до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против...

Македонија1 ден

Синот на вториот возач го идентификува телото на својот татко, вели дека бил во кабината за спиење

Името на вториот возач на опожарениот автобус на бугарскиот автопат „Струма“ е Кадрим Мемеди. Неговиот син Бесар за БНТ изјави...

Досие