Македонија
Лога до Мицкоски: Среќата да бидете премиер уште од 2020 Ви беше меѓу Зајас и Мала Речица, понекогаш и седиштето Ви беше таму
Министерот за правда, Кренар Лога, реагира на изјавата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Наместо меѓу експертите, Лога ги наоѓаше кадрите во Зајас, обвини идниот премиер Мицкоски.
„Почитуван мандатару. Среќата да бидете премиер уште од 2020 Ви беше меѓу Зајас и Мала Речица, понекогаш и седиштето Ви беше таму, односно како замрзнат имот пред суд. Можеби и бевте во право, но тогаш судбината, според Вашите луѓе, висеше во тие координации. Почитуван г. Мицкоски, јас сум одговорен за Министерството за правда од 1.3.2023 и мојата одговорност е ограничена поради фактот што сите тие кадри со кои Вие спинувате се вработени како дел од Вашето владеење од 2006 до 2017, некои од тефтерчето на Горде, некои од „сваровски“-судството, кои Вие повеќе од една деценија си го изградивте. И за крај, судскиот систем уште не може да застане на нозе поради фактот на човекот на кој Вие му бевте генерален секретар, односно човекот што Ве избра да бидете претседател на ВМРО-ДПМНЕ. И милијардата евра од него ќе Ви дојде и првата официјална посета ќе биде од страна на неговиот чувар“, порача Лога.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот совет е лош посочи дека таа реформа беше поддржана од половина милион граѓани.
„Што се однесува до самата реформа, ние излеговме пред граѓаните, добивме половина милион гласови, објавивме фронт и борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа што јавно ја зборувавме. Јас на секој настан, на секоја средба со граѓаните, јавно го зборував ова“, рече Мицкоски и додаде:
Господинот Кренар Лога имаше можност во својот мандат, наместо да има судството, да има доверба кај граѓаните од 2, 3, 5 %, да направи реформи и таа доверба да ја зголеми, но, за жал, ја пропушти. Сега ќе дојде некој друг на негово место, кој, се надевам, дека ќе успее барем да ја направи двоцифрена, и тоа многу двоцифрена. За жал, тој одлучи, наместо да работи за граѓаните – плодна почва, од каде што ќе се изнајдат кадрите во Обвинителството, особено и судството, да биде Зајас, мислам дека лоша локација на google maps нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за правда, со експертите да работи и да соработува“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дождот не го изгасна целосно, но го стави под контрола големиот пожар во Мариово
Дождот кој заврна попладнево помогна да се стави под контрола големиот пожар во Мариово, но сепак сѐ уште не е целосно изгаснат. Гори на неколку места со слаб интензитет, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Дождот кој заврна во прилепско помогна во гаснењето на пожарот во мариовскиот крај. За жал с уште не е изгaснат целосно, има горење со слаб интезитет на неколку места“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Временските прилики им помогнаа на лицата кои веќе една недела на терен учествуваа во борбата со огнената стихија, која беше со периметар од над 100-тина километри и зафати површина од околу 15.000 хектари. Под контрола се и останатите два пожара во прилепско.
Македонија
За една недела 25 нови случи на голема кашлица
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информира дека од 30 август до 5 септември во Македонија пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период, кога беа регистрирани 17 новозаболени.
Најголем број заболени се во Скопје -14 каде случаи се регистрирани во сите скопски општини; во Тетово – 5, Кратово – 3, Куманово – 2 и еден случај во Крива Паланка.
„Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под една година. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи 5 заболени се хоспитализирани“, велат од Институтот за јавно здравје.
Македонија
Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)
Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј периметар се прошири на 110 километри, а е во должина од над 30 метри, се гасне од земја. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави дека пред неколку часа на помош на пожарникарите од Прилеп и од повеќе други градови, како и на војската и полицијата пристигна еден ер-трактор. Другите два ер-трактори кои ги има државата, за жал, се неисправни, изјави Ангелов. Директорот на ЦУК соопшти дека заврна дожд во Мариово и дополнително ќе извести дали пожарот е целосно изгаснат.
Ангелов изјави дека е тежок пожарот над викенд населбата во скопско Катланово. Тој нагласи дека пожарот создава голем чад и дека тешкотија претставува непристапниот терен. Како што рече, вчера гаснел еден армиски хеликоптер, а денеска пожарникарите од скопската бригада.
Во продолжение е видео-изјавата од Ангелов и за другите пожари во земјава.