Македонија
Локализиран пожар во училиште во Струмица

Пожарникарите во Струмица интервенирале при гасење на запалена просторија во училиште.
„Денес, (петок) во 13.28 часот во СОУ Никола Карев, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 6 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена просторија(тоалет)“, се истакнува во напишаното на социјалните мрежи.
Пожарот, како што е соопштено е успешно локализиран за кратко време после пристигнувањето на пожарникарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„За Филип, Александар, Дамјан, Александар и Филип, прерано го напуштивте овој свет“, напиша градоначалникот на Штип

Петмина штипјани загинаа, а четворица се борат за живот во болниците во земјава и странство по страшниот пожар во дискотеката во Кочани, информираше на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
„За моите пријатели, соработници, познаници… За Филип, Александар, Дамјан, Александар и Филип. Прерано го напуштивте овој свет, во кој што творевте, создававте и летавте низ убавините на животот“, напиша градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
„Нашиот град ќе ве памети по индивидуалната харизма, а трагедијата поради која прерано не‘ напуштивте ќе ни остави траен белег за вашето постоење.
Моја должност и должност на сите нас ќе биде да се бориме против системот и против се‘ она кое го предизвика ова! Давам ветување за искрена борба против неправдата која ви беше нанесена. Моето срце засекогаш ќе ве памети!“, додаде тој.
Книга на жалост е поставена во холот на зградата на општина Штип, како и на градскиот плоштад „Слобода“, каде што од синоќа се палат свеќи пред сликите на починатите од Штип.
Македонија
(Видео) Вкупно 12 повредени од пожарот во Кочани попладнево со авион стигнаа во Белград

Вкупно 12 пациенти попладнево пристигнаа во Белград од Македонија. Сите се тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Авион со пациенти од Северна Македонија слета на аеродромот во Батајница попладнево, по што следеше трка со времето.
Пациентите со амбулантни возила биле превезувани во болниците.
На влезот во Ургентниот центар медицинскиот персонал беше подготвен да ги прими пациентите.
Лекарскиот тим веднаш реагирал, пишуваат српските медиуми.
Претходно беше објавено дека четворица пациенти пристигнаа на ВМА во Белград. Како што објави српски Телеграф, пациентите се во стабилна состојба, а станува збор за три девојки и едно 22-годишно момче. Тие се препратени на клиника за пластична хирургија.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, додека повеќе од 150 се повредени.
Македонија
Студентското собрание на УКИМ се извини: „На наредните собири нема да има никакви обраќања“

Студентското собрание на УКИМ се извини за говорите на ректорката и министерката за образование на денешниот протест, што предизвика незадоволство кај дел од собраните студенти.
„Универзитетското студентско собрание при УКИМ испраќа јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан. Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој и секој нареден настан, а ние самите ги увидовме. Наредните собири нема да има никакви обраќања“, велат од Студенсткото собрание.
По протестот, рекација стигна од Студенски отпор, од кадешто истакнаа дека собирот не беше момент за политички пораки, туку за тивка почит кон загинатите и солидарност.
„Наместо 7-минутен молк и достоинствено оддавање на почит, како што бараа студентите, ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одлучија да држат говори. Ова се случи и покрај јасниот притисок од студентите да не се користи ваков трагичен момент за говори и политичка самопромоција“, велат од Студентски отпор.
Повикаа идните комеморативни настани да се организираат со вистинска почит и достоинство, без политичка инструментализација.