Македонија
Oд македонски институции се јавувале во Бугарија за да го попречат решението на спорот, вели Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека е точна констатацијата на бугарскиот премиер Кирил Петков за руските агенти кои работеле против добрите односи меѓу Македонија и Бугарија.
– Оваа неделаод Северна Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека непотребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение, рече Османи на редовниот неделен брифинг за медиумите.
Тој не откри околу тоа за кои лица или институции се работи.
– Се потврдува и со факти, а тоа го потврдуваат и нашите бугарски пријатели, дека ниту една членка на ЕУ нема интерес Македонија да не се интегрира во Европа. Ние цело време тоа го кажуваме, дека стратешки интерес на Бугарија е да биде предводник на европската перспектива на регионот. Проширувањето е безбедносно прашање. Сметам дека констатацијата е точна, дека имало обиди Западниот Балкан да не се движи кон ЕУ. Не исклучувам дека во нашата држава има и ќе има се повеќе вознемирени луѓе кои работеа оваа перспектива да не се случи вели министерот за надворешни работи.
Тој не сакаше да потврди директна порзаност на протераните руски дипломати но вели:
– Контекстот може да се поврзе со ова што бугарските власти го кажуваат бидејќи сите активности имаат намера создавање на одредено општествено незадоволство кое може да се пренасочи за постигнување на слични цели“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Битола протест поради 18-месечната затворска казна што ја доби возачот кој го прегази Оливер Петровски

Денеска во Битола се одржа протест поради 18-те месеци затвор што ги доби возачот кој пред речиси две години го прегази и усмрти битолчанецот Оливер Петровски.
„Протестот се одржа поради нелогично ниската и тенденциозна пресуда на судијката Татјана Петровска, која му даде срамна казна на убиецот на мојот брат, иако брат ми немаше никаква вина за сообраќајката“, вели Бојан Петровски, брат на загинатиот Оливер.
Тој нагласи дека семејството и понатаму ќе продолжи да ги користи сите конвенционални средства, со цел, како што кажа, да издејствува поправедна пресуда на Апелација.
За прегазувањето на 25-годишниот битолчанец кој управувал електричен тротинет, обвинетиот 21-годишен возач на „фолксваген туран“ добил казна затвор од 18 месеци.
Несреќата се случи во месец јули 2020 година, а пресудата беше донесена неодамна.
Македонија
(Видео) Устамитова: За пет години изградивме 69 градинки, платите во детската заштита постојано растат

Владата предводена од СДСМ е посветена на унапредување на системот на детска заштита и зголемување на опфатот на деца во градинките, рече денеска на прес-конференција, Елена Устамитова, претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.
Како што нагласи таа, за само пет години Владата предводена од СДСМ успеала да изгради, реконструира и догради 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца во градинките се зголемил за 4.300 деца.
„До крајот на оваа година предвидено е отворање на 13 нови објекти на детски градинки со капацитет за 1.360 деца.
Од друга страна, за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени или реконструирани само 45 детски градинки.
Денес во некои општини градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не отвораат веќе изградени градники, а пример за тоа е градинката во Волково, во општина Ѓорче Петров“, обвини Устамитова.
Таа истакна дека Владата предводена од СДСМ инвестира и во зголемување на платите на персоналот во градинките.
„За пет години платите на негувателките и воспитувачките се зголемија за 21 отсто.
Со постигнатиот договор меѓу Владата и СОНК предвидено е рекордно зголемување на платите за 15 отсто од септември оваа година.
Истовремено, важно е да се напомене дека на вработените во градинките ќе им бидат исплатени платите за периодот додека тие штрајкуваа.
И додека растат платите во детската заштита расте и просечната плата која сега изнесува 31.080 денари со што се реализира едно клучно ветување за просечна плата од 500 евра“, посочи претставничката на СДСМ.
Македонија
СДСМ: Mнозинството ќе ги искорити деловничките можости за да се усвои ребалансот на Буџетот

Ребалансот на буџетот ќе се најде за многу скоро пред пратениците, јас не очекувам дека ќе биде блокиран, напротив ние како владејачко мнозинство сме подготвени да ги искористиме сите алатки и сите можности коишто ги дава Деловникот со цел да го донесеме и ребалансот и останатите закони, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
Тој нагласи дека во вакви услови кога државата се соочува со енергетска и економска криза, важно е да се носат суштински реформски закони, да се донесе и ребалансот и сето она што е во насока за подобар стандард на граѓаните.
„Очекувам дека ќе надвладее разумот и кај останатите пратеници коишто доаѓаат од опозицијата, впрочем ние секојдневно во ходниците на Собранието слушаме голем број на пратеници кои доаѓаат од редовите на опозицијата, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека ова што се прави не е добро и дека треба да се заврши, да се донесат одлуките и да се помогне на граѓаните“, рече Кевски во однос на активната блокада на опозициската партија.