Македонија
„Македонија блокира“ порача: Ќе се мрзнеме цел ден, промена на име нема да има

Пред Законодавниот дом почна протестот на „Македонија блокира“. Граѓаните кои се против промената на уставното име веќе трети ден паралелно со 75. собраниска седница, на чиј дневен ред се токму уставните измени, се собираат пред Собранието.
„Го повикувам македонскиот народ да излезе и да не дозволиме името да ни го сменат. Ќе останеме на овој студ колку што е доволно и ќе вршиме притисок сè додека не се откажат“, изјави Драган Угриновски од „Македонија блокира“.
На протестите денеска поддршка даде и експратеничката Солза Грчева. Таа изјави дека погазени се и Собранието, и народот и државата, и затоа дава поддршка на протестите. „Собранието оддамна е погазено, уште на 30 септември, а внатре нема народни избраници, туку политички пазарџии. Сме виделе сè и сешто, но ова го достигна врвот“, изјави Грчева.
Во средата на протестите се приклучија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, посочи дека тие нема да дадат легитимитет за промената на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест, по што со неговите сопартијци се приклучија на протестот на „Македонија блокира“.
Денеска е неизвесно дали од опозицијата ќе се приклучат на протестите имајќи го предвид фактот што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ свика седница на Извршниот комитет на партијата поради актуелните случувања поврзани токму со уставните измени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Петровска : Затекнав 12 блокирани училишта и 4.3 милиони евра долгови во Битола

„Откако ја наследив функцијата градоначалничка на Битола затекнав, очајни состојби во образованието и 4,3 милиони евра долгови, 12 блокирани училишта. Во училиштата имаше ужасни услови за нашите најмили деца, тоа ВМРО-ДПМНЕ го остави зад нив“, рече Наташа Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Битола.
Петровска се осврна на вложувањата во образованието во последните 2 години. Денес нема училиште во кое не се гради и реконструира, во моментов имаме изведба на инфрастуктурни зафати во Елпида Караманди, во училиштето во Кравари, во Трифун Пановски каде ќе се промовира и салата која е во завршна фаза, проблем поради кој години наназад нашите најмили не можеа да имаат физичко образование.
„130 илјади евра обезбедивме за кровна конструкција и доградба во Техничкото училиште во Битола и тука не застануваме. Инвестиравме 266 илјади евра во градинките и ги подобривме условите за нашите деца, се грижиме за иднината и за нашите поколенија“, потенцираше Петровска.
„ВМРО-ДПМНЕ да работеше барем 1/10 во нивните 12 години ќе направеше нешто добро за градот, но тие само уништуваа и грабаа за нивно богатеење, затоа има разлика, бидејќи ние градиме и го враќаме образованието во Битола на прав пат“, заклучи Петровска.
Македонија
Тито Петковски : Да се разрешат сите судии компромитирани од прислушкуваните разговори

„Разрешувањето на сите судии компромитирани со прислушкуваните разговори е првиот чекор кој треба да се направи во рамки на една сеопфатна и темелна стратегија за реформа на правосудниот систем во државата. Судските рецидиви од мрачните времиња на претходната власт ги подриваат институционалите капацитети за испорачување на правда во општеството и законско санкционирање на криминалот и корупцијата. Егзистенцијален императив за државата е нивното отстранување од судските инстанци“, порача претседателот на НСДП, Тито Петковски во своето обраќање на локалната изборна конференција на партиската општинска организација во Битола.
Петковски осврнувајќи се на значењето кое економијата го има за демократските процеси во државата истакна дека тежнението и напорите за подигнување на нивото на демократска политичка култура се осудени на неуспех во услови на сиромаштија и висок процент на невработеност. Економската благосостојба на граѓаните ги зацврстува демократските темели на државата.
„Економскиот раст и развој на демократските држави во 21-от век во најголем степен се условени од нивото и квалитетот на образованието. Затоа во Северна Македонија образованието треба да го третираме како најголема капитална инвестиција, како државен приоритет. Треба да веруваме дека е можно образование што не идоктринира, кое не извршува идеолошки функции на легитимирање на отуѓени политички центри. Да бидеме уверени дека може да изградиме образование кое ќе формира културни, критички, мислечки и слободоумни луѓе, способни да изградат демократска свест“, рече Петковски.
Ставањето на акцент на заштитата на животната средина мора да биде фокусот на секоја модерна политичка партија, порача Петковски, притоа дополнувајќи дека во економското зајаканување на државата мораме да водиме грижа и за идните генерации, за тоа што економскиот раст и развој ќе остават во наследство. Според него, за остварувње на оваа цел потребни се темелени поместувања во енергетиката.
„Усогласувањето на економските цели и заштитата на животната средина во Северна Македонија може да не е противречно. За да го оствариме ова треба само да ги искористиме ресурсите кои ги имаме во изобилство, кои воедно најлесно и најефтино ни се достапни. Ветрот и сончевата енергија, кои ги имаме во изобилство, ни надаваат доволно цврста подлога за напуштање на фосилните горива како основен енергенс. Пелагонија треба да биде најголем извор на здрава храна во земјава, а не извор на разни ПМ честички, смогови и други отпадни производи од работењето на РЕК Битола. Преку силна државна поддршка на користењето на алтернативните извори на енергија во државата, затворањето на термоелектраната која го труе пелагонискиот регион, воопшто не би било економски или пак социјално трауматично“, рече Петковски и дополните дека тој процес теба да биде пропратен со целосна либерализација на енергетскиот сектор во делот на производството и потрошувачката.
На вчерашната изборна конференција на општинската организација на НСДП од Битола се избра ново локално раководство. За претседател на општинскиот огранок делегатите на конференцијата го избраа Драги Крстев, воедно избирајќи и нови членови на Извршниот и Надзорниот одбор.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ : Ветениот поврат на ДДВ заврши како фијаско

„Ветениот поврат на ДДВ заврши како фијаско. Наместо ветените 500 евра од поврат на ДДВ, граѓаните добиваат по 1.000 денари и тоа не сите, и тоа ќе го добијат помалку од 10% од потенцијалните корисници на оваа мерка на владата на СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, милиони евра завршуваат во џебовите и сметките на функционерите од власта чии фирми добиваат тендери, јавни набавки, грантови и слични повластици од народните пари.
„Додека ја замајуваат јавноста со 1.000 денари од поврат на ДДВ и слични популистички мерки, кланот Заеви стана најбогатиот клан не само на Балканот, туку и пошироко. Граѓаните јасно гледаат дека од ден во ден се потешко се живее обичниот човек, ама затоа цветаат бизнисите со марихуана, градежните, транспортните и многу други фирми кои ги поседуваат Заеви“, се додава во соопштението.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци