Контакт

Македонија

„Македонија-Блокира“ со блокада на патот Охрид-Струга: Сплотени се бориме против уставните промени

Објавено пред

„Македонија-Блокира“ вчера учествуваше на протест во Прилеп со Здружението „Прилепски бранители“, а денес, недела е на блокада на патниот правец Охрид – Струга кај Мислешево во периодот од 13:00 до 16:00 часот, информираат од ова движење.

Со овие активности „Македонија – Блокира“ ги стартува најавуваните протести и блокади надвор од Скопје и во други градови низ Македонија.

„Македонија- Блокира го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско. Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме Mакедонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ“, се наведува во соопштението.

Од таму додаваат дека ова битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа, според нив, се избори без Зоран Заев како премиер.

Македонија

Деветнаесет години од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре

Објавено пред

Тројцата воени резервисти, битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре.

Во нивна чест денес пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната во Битола, посветен на загинатите бранители, цвеќе положи градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола, градоначалникот на Општина Новаци и претставници од нивниот совет, семејствата на загинатите, припадници на АРМ, Сојузот на борци, припадници на Резервниот состав, политичките партии и други лица.

„19 година измина од немилиот настан, чувствата не одминуваат дека нашите сограѓани недостигаат. Ваквите моменти малку повеќе треба да не отрезнуваат за тоа како се однесуваме и во чувањето на споменот кон нив, меѓутоа и во возвраќањето на долгот кон сите нив, со нашите заложби да го подобриме општеството во кое што живееме. И во оваа прилика изразувам сочувство кон семејствата кои ги загубија тие млади животи за кои нема надоместок, меѓутоа упатувам апел до сите млади да се вградат во нашето општество онака како што треба да се вгради младината и да бидат негови двигатели“, рече градоначалнинчката Наташа Петровска.

Пред присутните се обрати и Митре Солунчевски од подрачното одделение на Министерството за одбрана во Битола.

„Одделението за одбрана традиционално од 2003 година, го одржува овој настан посветен на нашите сожители кои го изгубија животот во 2001 година во извршување на борбени задачи во составот на резервниот состав на АРМ. Оваа година поради вонредната состојба ќе има само полагање на цвеќе, а нема да се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко, Благојче и Пеце 2001“, истакна Солунчевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Возен ред на патнички возови за време на полициски час

Објавено пред

Од Железници го соопштија планот за сообраќај на патничките возови во услови на ограничено движење со важност од 04.06.2020 година од 00.00 часот до 07.06.2020 до 24.00 часот.

Според планот, во четврток 04.06.2020 година, возови кои нема да сообраќаат:
o релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
1. воз бр. 631 со поаѓање од Скопје по возен ред во 16:55 часот.

o релација Скопје – Битола – Скопје:
1. воз бр. 643 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 14:30 часот,
2. воз бр. 644 со поаѓање од Битола по возен ред во 18.27 часот, и
3. воз бр. 645 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 20.11 часот.
o релација Скопје – Табановци – Скопје:
1. воз бр. 2024 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 20:00 часот, и
2. воз бр. 2025 со поаѓање од Табановци по возен ред во 21.22 часот.
o релација Скопје – Велес:
1. воз бр. 2083 со поаѓање од Скопје по возен ред во 22.40 часот.

Возот бр. 651 на релација Скопје – Кочани со поаѓање од Скопје во 15.24 часот ќе сообраќа само до Велес.

Понеделник 08.06.2020 година
Возови кои нема да сообраќаат:
o релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
1. воз бр. 630 со поаѓање од Гевгелија во 04:23 часот.
o релација Скопје – Битола – Скопје:
1. воз бр. 640 со поаѓање од Битола во 03.14 часот.
o релација Скопје – Табановци – Скопје:
1. воз бр. 2020 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 03:57 часот, и
2. воз бр. 611 со поаѓање од Табановци во 05.15 часот.
o релација Кочани – Скопје:
1. воз бр. 650 со поаѓање од Кочани по возен ред во 05.26 часот.

• Во понеделник, 08.06.2020, на релација Скопје – Велес, ќе сообраќа ад-хок патнички воз со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (како врска за воз бр. 600 од Велес).
• Во понеделник, 08.06.2020, на релација Велес – Скопје, воз бр. 600 ќе сообраќа со променет возен ред, со задоцнување од +97 мин. и поаѓање од Велес во 06.40 часот.
• Во понеделник, 08.06.2020, воз бр. 600 на релација Скопје – Табановци и воз бр. 611 на релација Скопје – Гевгелија, ќе сообраќаат по возен ред, од станица Скопје.

Возовите на релација Скопје – Кичево – Скопје нема да сообраќаат додека трае забраната за организиран превоз во полошкиот регион.

Во петок, сабота и недела патничките возови нема да сообраќаат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Граѓаните кои немаат трајни дозволи за движење во полициски час треба да извадат нови

Објавено пред

Претходно издадените дозволи за движење за време на полициски час, кои се назначени како трајни, продолжуваат да важат и за време на продолжениот викенд, односно од 5 заклучно до 7 јуни, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

За останатите, продолжуваат да важат истите процедури за добивање дозвола.

Во категорија на дозволи коишто ги издава МИОА се опфатени:

• Претставници на институции со одлука на Кризниот штаб на Влада на Република Северна Македонија
• Дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен
• Вработени во мали пекарници/бурекчилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие
• Дежурни вработени во погребални претпријатија
• Одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
• Регистрирани одгледувачи на животни во Кинолошки сојуз
• Ловочувари во регистрирани здруженија, ЈП, национални паркови

Сите дозволи што ги обезбедува МИОА се достапни преку порталот за uslugi.gov.mk.

Оние кои имаат потреба за дзвола за нега на изнемоштено лице, кратко упатство за процедурите може да погледнат на видеото на следниов линк.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Најголем дел од заболените во Скопје се од Чаир

Најголем број од активните случаи на коронавирус во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази...

Регион2 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет3 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет3 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет3 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија4 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија14 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија15 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија16 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ20 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија20 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија22 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија23 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија24 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет1 ден

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа1 ден

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет1 ден

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа1 ден

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион2 дена

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Досие