Контакт

Македонија

Македонија лидер во зелената енергетска трансформација во Западен Балкан, изјави министерот Бектеши во Варшава

Објавено пред

Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија е еден од најзначајните сектори за развој на економијата и е приоритет за Владата за обезбедување сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелената економија. Како држава кандидат за полноправно членство во Европската Унија сме исправени пред предизвиците за ефикасното спроведување сериозни реформи во економскиот сектор, од кои особено значење има енергетиката, а како членка на Енергетската заедница ја следиме енергетската политика на ЕУ, со што целосно ги имплементиравме директивите и регулативите на ЕУ за енергетика.

Ова го истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, на министерскиот состанок на Партнерство за трансатлантска енергија и климатска промена (P-TECC), кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за клима и животна средина на Република Полска се одржа денеска во Варшава, Република Полска.

Министерот во своето излагање за реформите кон зелена енергетска транзиција на Северна Македонија истакна дека новиот Закон за енергетиката е целосно усогласен со ЕУ-регулативите, како и со Енергетската заедница, и овозможува реализација на новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година и Националниот план за клима и енергија, кој се чека на усвојување.

„За овие наши активности, Енергетската заедница ги пофали нашите напори и посветеноста за сето она што го направивме во енергетскиот сектор кон целосна енергетска трансформација во зелена енергија како прва земја во Западен Балкан што го стори сето тоа“, рњче министерот Бектеши.

Министерот информира дека Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година беше донесена на крајот на 2019 година и разработува три сценарија – референтно сценарио, сценарио со умерена транзиција и зелено сценарио, кои одразуваат разна динамика на енергетска транзиција и овозможуваат флексибилност на земјата да одговори на соодветните политики за управување во ЕУ кон модерна, конкурентна и климатски неутрална економија до 2040 година.

„Интегрираните резултати од зеленото сценарио од енергетската стратегија во 2025 година покажуваат значаен напредок кон енергетската транзиција. Според ова сценарио, во 2025 година се предвидени заштеди во финалната потрошувачка на енергија од 12,7 %“, рече министерот Бектеши и додаде дека Националниот план за енергија и клима ја става Северна Македонија како прва членка на Енергетската заеница која изработи ваков документ.

Со тоа ја покажуваме сериозната заложба на земјата да биде во чекор со европските енергетски и климатски трендови, рече министерот Бектеши во своето обраќање пред министрите и високите претставници од 25 земји, што присуствуваа на министерскиот состанок.

„Вкупната вредност на инвестициите во енергетскиот сектор, предвидени со Стратегијата за развој на енергетиката 2021 – 2025, изнесува околу 4,2 милијарди евра и се однесуваат на покрупни инфраструктурни проекти, кои претставуваат дел од вкупно предвидените инвестиции во енергетскиот сектор на Северна Македонија. Од друга страна, планираните јавни инвестиции во енергетиката во периодот 2021 – 2025 година изнесуваат околу 390 милиони евра, што укажува дека јавните инвестиции во секторот енергетика се мали по обем и дека придонесот на другите извори на финансирање ќе биде клучен за реализација на Стратегијата за енергетика“, потенцира министерот Бектеши.

Министерот на крајот потенцира дека иницијативата за конкурентна и климатски неутрална економија на секоја земја почнува од нашето размислување за тоа како ќе изгледа иднината.

„Важно е какви мерки преземаат владите и дали ќе бидат доволно добри за да ги заштитат нашето здравје и благосостојбата, како ќе се оживее економијата, каква ќе биде нашата понуда, на чија поддршка можеме да сметаме, како ќе се променат потребите за мобилност и на крајот каква улога може да одигра секој од нас. Земјите од Западен Балкан имаат можност да донесат храбра одлука за движење напред кон одржлива декарбонизирана иднина и да го искористат потенцијалот на регионот за поздрава животна средина“, рече министерот Бектеши.

Во рамките на министерскиот состанок министерот Бектеши оствари билатерална средба со министерот за клима и животна средина на Република Полска, Михал Куртика. На средбата двајцата министери ги истакнаа своите силни заложби за продлабочување на соработката во делот на енергетиката помеѓу двете земји.

Министерот Бектеши ги презентира проектите во делот на обновливи извори на енергија, кои е предвидено да се реализираат во Северна Македонија во наредниот период, а кои се голема можност за инвестиции од страна на полските инвеститори.

Македонија

Арсовска: Позитивните промени за Скопје ќе дојдат по 31 октомври

Објавено пред

Кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, продолжи со теренските активности по победата во првиот круг на изборите и со тоа го означи почетокот на изборната кампања за вториот круг.

Таа синоќа имаше средба со граѓани од Кисела Вода. За жителите од оваа населба, рече Арсовска, во моментов приоритетно е решавањето на проблемот со неконтролирано градење, затоа што на овој начин им е загрозен животниот простор, се намалува зеленилото, а се намалуваат и местата за паркинг.

„Јас многу добро ги знам проблемите со кои што се соочуваат жителите на општина Кисела Вода, а имам и конкретни решенија како да се надминат. Непланското градење ќе запре со креирање детален урбанистички план во соработка со повеќе експерти. Проектите од мојата изборна програма се предложени врз основа на нивните проблеми. Затоа, за Кисела Вода е предвидена реализација на еден од петте мега паркови, ќе се изградат и повеќе монтажни паркинзи што значително ќе го решат проблемот со узурпирање на просторот меѓу зградите и тротоарите, а ќе се започне и со чистење на депониите веднаш по моето стапување на функцијата градоначалник на Град Скопје. Освен тоа, Кисела Вода ќе биде поврзана со вело патека и ќе се реализира изградба на директна патна поврзаност со Аеродром. Позитивните промени за Скопје доаѓаат по 31 октомври. Заедно со скопјани ќе успееме во тоа“, рече Арсовска.

На крајот од средбата Арсовска им се заблагодари на присутните за поддршката што и ја дале во првиот круг од изборите и ги повика сите оние кои ја поддржуваат нејзината визија за модерно и современо Скопје, да излезат на изборите и во вториот круг и заедно да го направат главниот град – град на среќни и задоволни жители.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почнува скринингот на учениците

Објавено пред

Денеска почнува скринингот на учениците во девет средни училишта во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

„Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање брис од грло и од носна шуплина“, велат од МЗ.

Од таму додаваат дека целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на коронавирусот помеѓу учениците. Со релевантните податоци, велат од МЗ, ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата.

Министерството за здравство апелира на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево време со температура до 22 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде претежно сончево, претпладне во јужните делови со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 17 до 22 степени.

Во Скопје, претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во четврток. За време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено од недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија15 часа

Регистрирани нови 472 случаја на коронавирус, починаа 8 лица

Денес се регистрирани 472 нови лабораториски позитивни случаја на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 од...

Македонија15 часа

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија16 часа

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија17 часа

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија19 часа

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија20 часа

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија21 час

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија22 часа

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија22 часа

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа1 ден

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион1 ден

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Свет1 ден

Северна Кореја лансираше ракета во морето

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата...

Македонија1 ден

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија. Во...

Македонија1 ден

ДИК: Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов во првиот круг

Според податоците што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник...

Македонија2 дена

19 починати и 107 заболени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на...

Македонија2 дена

Шилегов очекува победа во вториот изборен круг

Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за Град Скопје, вели дека влегува во изборната трка во втор круг, со изедначен број...

Македонија2 дена

Арсовска: Во вториот круг влегувам со голема предност, време е за модерно и современо Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска со повик до скопјани и во вториот круг да ја поддржат на...

Македонија2 дена

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа – Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021...

Досие