Контакт

Македонија

Македонија изминатава година постигна најголем напредок меѓу земјите од Западен Балкан, смета Хан

Објавено пред

Еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, во интервју за „Еуроактив“ ја издвои Македонија како позитивен пример одговарајќи на прашањето која земја од Западен Балкан постигнала најголем напредок изминатава година.

„Поранешната југословенска република Македонија, која ја надмина големата политичка криза со демократски средства“, одговори Хан.

Тој образложи дека земјата постигнала значителен напредок во спроведувањето на договорот од Пржино и реформските приоритети на новата Влада, а ги пофали и договорите со Бугарија и Грција.

„Значајни се напорите на Владата на премиерот Заев за добрососедски односи. По договорот со Бугарија, најпосле, по 27 години залудни напори со посредство на ОН, се најде решение за спорот за името помеѓу Скопје и Атина. Овој историски договор претставува значаен чекор кон реализација на евро-атлантската перспектива на земјата“, оцени Хан.

Еврокомесарот додаде дека е неопходен успешен референдум и ги повика политичките фактори во Македонија да работат за постигнување на целта наместо да го загрозуваат напредокот на земјата со дневна политика.

Хан, говорејќи за 2025 година, како можен рок за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, потенцира дека датумот е многу амбициозен, но достижен.

За реформите во поглед на приспособување на стандардите на ЕУ, Хан укажа дека е потребно доста време бидејќи не станува збор само за законски промени, туку и за нивна практична примена. Еврокомесарот, во рамките на интервјуто, додаде дека Западен Балкан е опкружен со земји членки на Унијата и дека регионот ѝ припаѓа на ЕУ во географска, историска и културна смисла.

Е. Т.

Македонија

За изземање на Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“ ќе одлучува Јанева

Објавено пред

Судијката Марија Клетничка даде нова пауза до 14 часот, во која, шефицата на СЈО, во оставка, Катица Јанева треба да одлучи дали ќе ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во предметот “Титаник 3” за уништување изборен материјал.

Предлогот на адвокатот на Исмет Гури, Еленко Миланов, за изземање и на шефицата на СЈО, Катица Јанева, судијката го отфрли како неоснован.

Предлозите за изземање на обвинителите до судот утрово ги поднесе Миланов, по што беше дадена пауза.

Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, заменик директорот на УЈП Скопје. Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Според обвинението, Аљими и Гури влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. Првото рочиште за предметот се одржа на 16 март 2018 година.

Предметот е пред завршни зборови и пресуда.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се чистат диви депонии во Општина Аеродром

Објавено пред

Општина Аеродром во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ деновиве спроведува голема акција за чистење на дивите депонии на повеќе локации низ општината.
Целосно се исчистени депониите во непосредна близина на амбулантата во населба Лисиче, како и на просторот меѓу Лисиче и Реонски центар – Аеродром.

Службите денеска работат на расчистување на дивата депонија во местото познато како Бановина во Горно Лисиче, а за наредните денови се планира расчистување на Усјанскиот канал, како и диви депонии во Долно Лисиче.

Општина Аеродром истовремено ги охрабрува граѓаните доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации, да пријават на телефонскиот број ‎075-316-515. Комуналните инспектори на Општина Аеродром работат во две смени и викенди.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стоилковски: Дали постојат инкриминирачки материјали од Костадинов снимени во странство

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски праша кои се мотивите на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за да манипулира со информациите за случајот „Рекет“.

Опозцијата упати неколку прашања, меѓу кои дали постојат фотографии, материјали и тонски записи од Костадинов во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“.

„Зошто Костадин Костадинов е толку исплашен од неговиот довчерашен најдобар пријател Бојан Јовановски? Дали е точно дека има инкриминирачки материјали на Костадинов снимени во странство? Дали на овие материјали освен овие двајца се вклучени и други лица, политичари со потекло од една странска земја? Дали е точно дека Костадинов е и чест посетител на скапите, развратни забави организирани од еден од осомничените во „Рекет“, пред неколку месеци во два големи града во една соседна држава? Дали Костадинов на овие луксузни забави трошел и народни пари? Ако ова е точно тогаш нека одговори Костадинов што точно правел на тие забави со Бојан Јовановски?“, праша Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

За изземање на Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“ ќе одлучува Јанева

Судијката Марија Клетничка даде нова пауза до 14 часот, во која, шефицата на СЈО, во оставка, Катица Јанева треба да...

Топ2 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија2 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Свет2 часа

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија2 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа3 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет4 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија15 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет16 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет16 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија17 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет17 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт19 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија23 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион23 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет2 дена

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Досие