Контакт

Македонија

Македонски концепт: Бугарскиот националист Ангел Џамбаски со напад врз Богојески по нарачка на Каракачанов

Објавено пред

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки остро го нападна промоторот на Македонски концепт Петар Богојески, притоа сеејќи омраза помеѓу граѓаните на Македонија и Бугарија. Сето ова се должи на објавите на Богојески во кои повикува на разбирање од соседна Бугарија и изнаоѓање  разумно, заедничко и европско решение. Според Богојески, ова е класичен напад кон него, по нарачка на министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, соопшти Македонски концепт.

Според нив, „Џамбаски во својата објава вели и дека бугарското ВМРО нема да го поддржи почетокот на преговорите за членство во ЕУ на Република Северна Македонија, освен ако властите во Скопје не го спроведат Договорот за соседство веднаш и безусловно, и тоа не е предмет на преговори или какви било компромиси“.

„На овие напади Богојески одговори преку својот официјален фејсбук-профил, каде му порача на Каракачанов да не се плаши од ТВ-дуел, а доколку има потреба може да ги повика и европратеникот Џамбаски и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

„Господин Красимир Каракачанов, нема потреба да се плашите од ТВ-дуелот! Целта не е да шириме омраза, туку да ги разрешиме проблемите на транспарентен начин! Во недостиг на таа храброст, немавте потреба да го испраќате господин Џамбаски да одговара”, пишува Богојески, додавајќи дека омразата и заканите од соседна Бугарија не запираат. Јас го разбирам господинот Ангел Џамбазки дека не може да живее без омраза, тој таков јазик користи кон различни етноси во самата Бугарија, но европската идеја не повикува на ничии корени, туку на заедничка иднина. Жално е што Бугарија има вакви европратеници, кои се чемер и јад за цела Европа. Ја разбирам желбата на некои луѓе да им служат на туѓи интереси во Бугарија и Македонија, но се надевам дека иднината ѝ припаѓа на сериозни политичари кои ќе ги надминат старите страсти и јунаци”, додава тој.

Македонија

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

Објавено пред

„Прифаќање на „договори за добрососедство“, „анекси“ и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот „официјален јазик на РС Македонија“ или „македонски јазик според уставот“ се неприфатливи, бесмислени и самоуништувачки и нема да бидат на штета само на Македонците во Република Македонија, или надвор од неа, туку ќе бидат и на штета на сите говорители на македонскиот јазик. Имајќи го предвид сево ова, упатуваме апел до преговарачите од македонската страна да не прифаќаат разговори за категории, како јазик, нација и историја, за кои не може да „се преговара“ и да ги чуваат македонските државни и национални вредности, како и идентитетските обележја. Ова е ставот на лингвистите од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје за статусот на македонскиот јазик во преговорите меѓу Македонија и Бугарија.

По последните случувања поврзани со можното отворање преговори со ЕУ за членство и со барањата на Бугарија да не се именува нашиот јазик како македонски јазик, туку како официјален јазик на РС Македонија, научните работници во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, го изнесоа својот став.

„Кога го имаме предвид јазикот, треба да се осврнеме на Европската повелба на фундаментални права чиј чл. 22 гласи: „Унијата ќе ја почитува културната, религиозната и јазичната разноликост.“ Сметаме дека при сите разговори што ги опфаќаат јазичните и идентитетските прашања секоја земја членка на ЕУ мора да ја почитува оваа европска определба. Всушност, овој член ги поставува како беспредметни притисоците од Бугарија, но го поставува и прашањето за отсуство на реакција од ЕУ во врска со споменатите притисоци.

Во однос на изнесените негаторски ставови од бугарска страна и ставовите дека наводно македонскиот јазик „бил создаден“ во 1944 година треба да го имаме предвид развојниот процес на македонскиот јазик. Во лингвистиката се прифатени и се научно фундирани фактите дека дијалектната диференцијација во Македонија започнала од 11 век, од кога може да се следат бројни иновации, а основните црти на македонските дијалекти се проследуваат на преминот од 13 кон 14 век. Во текот на 19 век во Македонија се јавуваат бројни дејци, кои исцрпно се занимаваат со посебните јазични особености на македонските говори, во споредба со бугарските и српските говори, како што се: Х. Матов, П. Зографски, Е. Спространов, Т. Китанчев и други. Автентичната дејност и јазичен израз на Ѓорѓија Пулевски кој во Речникот од три јазици во 1875 год. пишува: „Наше отачество се велит Македонија и ние се именуваме сл. Македонци“, го отвора патот кон македонското наречје во книгите, речниците и учебниците и кон обработката на историјата во книгата „Славјанско-македонска општа историја“. Кон втората половина на 19 век започнале во Македонија да излегуваат учебници на македонски говори од Димитар В. Македонски, Димитар Хр. Узунов, Кузман Шапкарев, Венијамин Мачуковски и др. и почнале да се отфрлаат бугарските учебници како неразбирливи за учениците. Во 1891 год. е формирана Младата македонска книжовна дружина, која го издава списанието „Лоза“ во кое се употребуваат правописни правила што ги истакнуваат јазичните особености на македонските говори. Вистинска артикулација на идејата за македонски литературен јазик е книгата на Крсте Мисирков, „За македонцките работи“ од 1903 год., во која се изнесени основните критериуми за стандардизација на македонскиот јазик. Преку оваа книга и во списанието „Вардар“, Мисирков ја промовира правописната норма преку фонетската реализација на централните македонски говори. Македонскиот јазик во 1903 година бил и службен јазик на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петерсбург, на чие чело биле К. Мисирков и Д. Чуповски. Со прифаќањето на основните Мисиркови поставки за стандардизацијата на македонскиот јазик и нивна разработка се заокружи кодификацијата на македонскиот во 1944 год., чија јазична норма беше широко прифатена во сите сфери на општествениот живот“, велат лингвистите.

Според нив, од историска перспектива, за македонското малцинство е важно да се знае дека во периодот до 1948 се признава македонската нација и Пиринска Македонија, СР Бугарија, при што се постигнува и еден вид културна автономија, реализирана со: изучување на македонскиот јазик и историја, отворање Македонски народен театар во Благоевград (Горна Џумаја), печатење прилози на македонски јазик во „Пиринско дело“ итн. Таквата ситуација траела во изменета форма до 1958 год. кога почнал стриктно да се промовира ставот дека македонска нација не постои, односно дека е тоа бугарска нација, а сето тоа се промовира и преку текстовите на БАН во врска со историјата и со јазикот. Бугарија како членка на ЕУ, сѐ уште, ја нема ратификувано Европската повелба за регионални и малцински јазици. Македонците во Бугарија го употребуваат својот дијалект во секојдневната комуникација, а единствено во Благоевград излегува весникот „Народна волја“, како периодичен весник за историја, култура и уметност, во кој се објавуваат текстови и на македонски стандарден јазик.

„Ако ги земеме предвид демократските постулати на ЕУ и потребата од нивно спроведување, Бугарија се поттикнува да ги примени средствата за унапредување на јазичните права на малцинствата, поточно: Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, Европската повелба за регионалните или малцинските јазици на ЕУ, Универзалната декларација за човекови права и Конвенцијата против дискриминација во образованието на ООН. За македонските лингвисти, како и за сите Македонци, без разлика дали се државјани на Република Македонија или не се, е неприфатлива и синтагмата „македонски јазик според Уставот“, затоа што македонскиот им припаѓа на оние што го зборуваат, како што е, всушност, со сите други јазици во светот. Синтагмата „македонски јазик според Уставот“, е бесмислена самата за себе и не соодветствува на општествените законитости. Зашто, за да постои еден јазик не му е потребен устав. Современиот македонски јазик ги опфаќа сите негови пројави, и стандардната варијанта, и разговорните варијанти, но и дијалектните, од коишто, всушност, е произлезен стандардниот јазик.

За разлика од стандардниот јазик, за дијалектните варијанти на македонскиот јазик, кои се протегаат и надвор од границите на Република Македонија: во егејскиот дел во Република Грција, во пиринскиот дел во Република Бугарија, во малопреспанскиот крај, Голо Брдо и Гора во Република Албанија и во неколку села во горанскиот крај во Косово – не е потребен устав. Неоспорни се фактите за протегањето на македонскиот дијалектен ареал, потврдени од врвни дијалектолози, и Македонци и странци, врз база на научни докази и факти. Притоа, не треба да заборавиме дека имаме и голема македонска дијаспора што го зборува и изучува македонскиот јазик во многу земји во светот, каде што владее правото и демократијата“, се вели во соопштението потпишано од асистент-истражувач м-р Христина Андоновска и проф. д-р Наталија Андријевска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мултимедијална кампања за Меѓународен ден на лица со попреченост

Објавено пред

ЦИУЕ Театар Пи, Скопје во соработка со ЦПЛИП- Порака Скопје на 3 декември на меѓународниот ден на лицата со попреченост започнува со мултимедијална кампања со наслов „Прозорците што се смеат“.

Фокусот на проектот е да се развие разбирање за потешкотиите со кои ранливите групи се соочуваат кога се обидуваат да го изразат својот глас во општество. Кај нив, во изминатиов период како и кај сите граѓани е намалена комуникацијата, социјализацијата, самостојноста во извршување на сите активности. Со тоа лицата со попреченост може да станат поранливи. Ваквата состојба предизвикува и лицата со попреченост да станат поранливи, да се јави чувство на осаменост, која носи и други последици. ЦИУЕ Театар Пи изминатиов период заедно со лицата со попреченост подготвија изложба на уметнички инсталации, онлајн музички концерт и онлајн документарен филм.

Во текот на целата 2020 година лицата со интелектуална попреченост од дневниот центар Порака по нивни идеи и видувања на конкретната ситуација во која живееме, изработуваа цртежи и фотографии на големи дрвени прозорци кои ќе бидат изложени на отворено на плоштадот Филип Втори до црквата Св.Димитрија. Изложбата се отвара од 15:00 часот на Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 декември, 2020 година и ќе трае до 10 јануари 2021 година.

Вториот настан е концерт кој ќе биде онлајн емитуван на 18 декември во 19:00 часот
на фејсбук страницата на Театар Пи https://www.facebook.com/theatre.center.pi .

Третиот настан е документарен филм со наслов „Прозорците што се смеат“кој е поделен на два дела и ќе се емитува на 18 декември во 19:00 часот на фејсбук страницата на
Театар Пи https://www.facebook.com/theatre.center.pi .

Првиот дел од документарцот е сниман пред пандемијата во кој тие го покажуваат својот светоглед. Актерите низ различни сцени ги покажуваат своите таленти и можности и прават јасна динстинција помеѓу стереотипите кои се создадени кон нив и кои се во суштина тие како индивидуалци со сите свои можности. Вториот дел од филмот е сниман за време на пандемија во кој актерите имаат можност за изразување на нивните потреби и причини да креираат и така да го изминат овој период на изолација, да најдат своја форма и начин да се себеизјават и да ги идентификуваат своите проблеми и јасно да ги изговорат.

Проектот е поддржан од Град Скопје и Делагацијата на Европската Унија, Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Безбедноста на вакцините против Ковид-19 во фокус на самитот „Македонија 2025“

Објавено пред

Денеска е вториот ден од деветотто издание на самитот „Македонија 2025“, кое се одржува во дигитална/хибридна форма. Денот почна со интерактивна дискусија со наслов „Светот во време на криза“, организирана од клубот „Келог алумни“ на „Македонија 2025“, каде што свои излагања имаа Борут Штрукељ – универзитетски професор на Катедрата за фармацевтска биологија на Факултетот за фармација при Универзитетот во Љубљана, член на тимот за развивање на вакцината против Ковид-19, и Ѓорѓе Војновиќ – главен извршен директор на „Триглав осигурување“ АД Скопје.

Во моментот во фармацевтската индустрија, генерално, има две клучни работи, односно дилеми поврзани со откривањето на вакцина против Ковид-19, а тоа се безбедноста и ефикасноста. Колкава би биле безбедноста и ефикасноста доколку се земе предвид краткото време за развој – една година.

„Драго ми е што ќе зборувам на оваа тема. Токму тоа е основното прашање – како ќе развиеме вакцина за толку кратко време ако земеме предвид дека за тоа реално се потребни три-четири години. Беа инвестирани билиони евра за најкратката можна процедура, а тоа го олесни целокупниот процес. Секако, безбедноста е најважна. Кога станува збор за ефикасноста, новите вакцини се многу добри, но мора да се внимава на безбедноста. Новите вакцини се составени од РНК И ДНК-молекули, значи само од генетски материјал. Може да се каже дека на некој начин поради тоа се поефикасни и побезбедни. Сепак, мора да сме внимателни“, истакна професорот Борут Штрукељ.

Во своето излагање тој исто така ја објасни разликата меѓу типовите вакцини и направи споредба меѓу оние на „Модерна“, „Фајзер“, „Астра зенека“, руската и кинеската вакцина.

„Секоја земја, секое министерство за здравство, е одговорно за вакцинацијата и ќе има можност да избере од најмалку три вакцини на пазарот. Светот има повеќе опции. Но, сè уште е тешко прецизно да се зборува за безбедноста и ефикасноста“, истакна Штрукељ.

Понатаму, на панел-дискусијата „Исти правила – различни земји: Како да почнете и да изградите успешен бизнис?“, публиката имаше можност да слушне за искуствата од врвни докажани луѓе од сферата на домашниот и меѓународниот бизнис.

Вториот ден од самитот го заокружија Мајк Зафировски, коосновач и член на одборот на директори на „Македонија 2025“, и Харди Пемхива, извршен директор и управен директор на „Еконет глобал лимитид“ од Јужна Африка, со интересна дискусија на тема „Совршени животни метрики“.

Во обид да ѝ се помогне на сопствената држава, „Македонија 2025“ изработи и платформа за поврзување македонски компании со професионалци и експерти со македонско потекло од светот. Посетителите на виртуелниот самит може да очекуваат интересни содржини и во текот на утрешниот последен ден.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќање на „договори за добрососедство“, „анекси“ и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот „официјален...

Македонија3 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Македонија4 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија5 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија5 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија6 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија6 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет6 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион6 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет6 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион7 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија7 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет9 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет10 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет10 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет10 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија23 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија24 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија24 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Досие