Контакт

Македонија

Македонски концепт: Пратениците да бидат волонтери, да не користат трошоци за пат и за живеалиште

Објавено пред

Пратеници волонтери е предлог на Македонски концепт со кој пратениците ќе бидат волонтери во служба на граѓаните. Тие се залагаат за закон со кој пратениците ќе работат на волонтерска основа, и за тоа нема да бидат платени од Собрание, нема да патуваат и да користат патни трошоци, нема да користат трошоци за живеалиште. Овој закон е и еден од условите за Македонски концепт да придонесе и да се вклучи во формирање влада.

dobivaj vesti na viber

„Години наназад слушаме за енормни суми за патни трошоци што ги побаруваат пратениците, слушаме за афери дека пратениците од другите градови имаат сопствени станови во Скопје, кои ги изнајмуваат, а државата на нив им плаќа за престој. Слушаме баснословни суми потрошени во собраниската кафетерија, за плати на пратениците а за возврат што добиваме. Добиваме закони за кои граѓаните не го дале својот глас. Добиваме пратеници кои дејствуваат соодветно партиските цели, Влада и Парламент што се производ на пазарења и договарања. Многу празни ветувања се изнаслушавме во изминативе 20 години, многу поделби, многу разочарувања за граѓаните и фрустрации, зошто некој да троши толку државни пари, пари што граѓаните ги даваат а не работи во корист на истите тие граѓани. Време е за закон за пратеници волонтери”, рече на Жарко Бошкоски, носител на листата од изборна единица 4.

Македонски концепт верува дека има начин како да го реши овој проблем. Пратениците волонтери ќе си ја продолжат својата професионална кариера според нивната примарна вокација и ќе останат во своите живеалишта, а законите ќе се донесуваат само еден ден во неделата.

„Со законот за пратеници волонтери, Парламентот ќе стане институција и вистински народен парламент. На Македонија ѝ требаат вистински ‘народни’ пратеници, блиски до граѓаните. Пратеници на кои мандатот во Собрание нема да им биде бизнис и печалба, туку ќе им биде чест и можност да служат на народот. Време е да се реализираат ветувањата и да се понудат решенија, наместо само декларативните изјави. Време е да создадеме нормална држава во која пратениците ќе бидат дел од граѓаните и ќе работат за граѓаните”, потенцираше носителот на ИЕ 4, Бошкоски.

Пратениците волонтери ќе бидат овозможени да користат слободни денови од работните места, кога заседава Собранието. За тие денови ќе им биде обезбеден и организиран превоз или автобуска карта, без никаков надоместок. Исто ќе биде обезбедена бесплатна храна во собранискиот ресторан. За пратениците кои работат во приватен сектор, државата ќе им надомести дневници на сопствениците на компаниите, кои имаат чест да вработуваат републички пратеник, само за оние денови кога истите се отсутни од работа, поради службени потреби. Оние кои работат во јавен сектор, ќе користат само слободни денови, за кои ќе примаат редовна плата.

 

Македонија

(Видео) Весна Петрушевска: Мајката и сестрата на Вања се болни, во целата колективна траума заборавивме на нив

Објавено пред

Актерката Весна Петрушевска објави видео на својот „Инстаграм“ профил во кое вели дека сестрата на Вања била подложена на операција на срцето, а мајката има сериозни здравствени проблеми со дишењето.

dobivaj vesti na viber

„По целата оваа колективна траума, заборавивме на мајката на жртвата Вања и нејзината сестричка. Многу зборуваме за злосторниците и да, така треба, но ги заборавивме жртвите на насилство, во овој случај тие се директни жртви на насилство, нејзината мајка и нејзината сестричка. Само сакам да ви укажам дека треба да размислите пред што било да објавите или да коментирате. Да размислите на овие две невини суштества чијашто тага во овој момент е немерлива, нивниот живот е скратен, тие се живи мртовци. Тагата е огромна“, вели Петрушевска.

Додека се зборува за камерите, „цитроенот“, за прес-конференцијата, вели актерката, никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка.

„Тоа е поразот наш, и тоа е она што нас ќе нè зафркава во овој животен век. Не сум сигурна дали оставаме добар свет за оние генерации коишто доаѓаат“, вели Весна во видеото.

Денес за првпат се огласи мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, која кажа дека има хронична болест, но се држи, а другата ќерка моментално е болна, но сите се надеваат дека ќе биде добро. Во разговорот, мајката им порача на новинарите да не ја прашуваат ништо за нејзината друга ќерка и за тоа како таа се справува со ситуацијата. Не сака да каже колку години има другото девојче, и во моментов најважно и е да ја заштити.

Мајката на Вања во разговорот рече и дека се уште не може да разбере што се случило, а за поранешниот сопруг кажа дека биле во добри односи поради децата, но не знае што правел тој и со кого комуницирал.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски за обвинувањата дека доцни истрагата: Мицкоски се поставува како истражител и обвинител, ако има докази нека ги достави

Објавено пред

Лоцирани и приведени се извршителите на грозоморниот чин, а на прес – конференции и преку соопштенија јавноста е известена за сите преземени мерки од институциите за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Вака премиерот Димитар Ковачевски одговори на забелешките од опозицијата дека доцни истрагата. Рече дека не сака да навлегува во коментари кои се однесуваат на работата на институциите, но не штедеше зборови за однесувањето на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Што се однесува до коментарите на лидерот на опозицијата тој во многу случаи се има поставено и како истражител и како обвинител и така натаму. Нема да навлегувам во тоа со што сака да се бави, меѓутоа прикривање на докази, за кои вели дека ги има, е исто така кривично дело и затоа доколку има докази треба сите да ги достави до Министерството за внатрешни работи или до Обвинителството. Бидејќи се работи за еден грозоморен чин кој што е направен од нелуѓе, кои треба да бидат изведени пред лицето на правдата и согласно законите да бидат најстрого казнети“, рече денес премиерот Ковачевски по презентацијата на нова лабораториска опрема на Фармацевтскиот факултет.

ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски ја обвинија власта дека се направени низа пропусти во истрагата за убиствата на Палевски и побараа објаснување зошто веднаш МВР не тргнала во потрага по возилото на убиениот Панче туку истрагата е водена бавно и со пропусти.

На ваквите обвинувања, денес одгвори и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. За него тие се политиканство од најдолен вид, апелираше на одгворно однесување и најави дека ќе се испитуваат коминикациите на осомничените и со лица надвор од групата вмешана во убиствата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кузеска: Дали средбите на Мицкоски со монструмот Палевски се причина за манипулациите на ДПМНЕ

Објавено пред

Ова можеби е една од најтешките прес-конференции бидејќи сметавме дека нема да се случи волку ниско да поднат ДПМНЕ и најгрозоморното убиство во Македонија да го користат во дневна политика. Но, колку и да е тешко мора да побараме одговорност од Мицковски но и одговори на неколку прашања, го почна своето излегување пред новинарите портпароката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

Таа изјави дека Мицкоски и ДПМНЕ имаат очигледно изопачена потреба да ја полтизираат и злоупотребуваат смртта на Вања, но нивните настапи, вели, сега добиваат нова опасна димензија.

„Во интервју Мицкоски, без око да му трепне, рече дека има поинакви информации за случајот, за што треба итно да биде повикан во ОЈО и да ги достави. Сакаме да потенцираме дека прикривање докази е кривично дело. Очекуваме институциите веднаш да постапат. Доколку се докаже дека Мицкоски немал докази, сметаме дека постојат елементи за одговорност за негова и тоа првично за поткопување на истрагата, но и второ ширење паника и страв меѓу населението. Злоупотребата на убиството на дете во политичка цел и етички и од секој аспект е „еднакво злосторство“ како и самото убиство“, рече Кузеска.

Понатаму таа побара од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и да одговорат дали овие манипулации кои ги прават се со цел да дефокусираат од неодговорените прашања на Мицкоски за средбите што ги имал со Палевски.

„Го прашаа некои медиуми, а еве денеска ние повторно прашуваме дали се гледале и за што разговарале и договарале Мицкоски и Палевски? Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, кој јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица. Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии. Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО. Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении“, рече Кузеска.

Понатаму таа додаде надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници вклучително и Мицкоски.

Христијан Мицкоски во најмала рака, вели Кузеска, треба пред јавноста сам да одговори на сите прашања. Секој треба да одговара според закон доколку креира лаги особено за вакви сензитивни и сериозни настани како случајот со убиството на малата Вања, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Мајката на Вања: Сè уште не можам да разберам зошто моето девојче е сега во гроб

Не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мира и разговаравме само...

Македонија57 минути

Во Македонија уапсено лице од Косово кое се сомничи за убиство на Еквадор

Македонската полиција го приведе Рамзи Аземи од Косово поради распишана потерница по него во Еквадор за убиство на државјанинот на...

Македонија1 час

Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите и тоа не е добро. Ова го изјави министерот...

Македонија2 часа

Лога за екстрадицијата на Палевски: За релативно кратко време очекувам да биде меѓу нас и да докажува што се случило

Барањето за екстрадиција на Љупчо Пелвски- Палчо, осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14 – годишната Вања...

Македонија2 часа

Спасовски: Адвокатот на Палевски се’ уште е на распит во полиција

Васко Стојков – адвокатотот на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски, се’ уште е на распит во полициската станица. Министерот...

Македонија2 часа

Кривична ќе има и за возачот кој го носел Палевски до Турција

Возачот кој го превезуваше осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски,  во Турција и кој беше приведен на влез во земјава...

Македонија3 часа

Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради сторена тешка дисциплинска повреда

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна...

Свет3 часа

(Видео) Објавени снимки на кои се слушаат истрели: Русија вознемирена поради осмоодделенката која упадна со пиштол во училиште

Убиено е девојчето Марија Н., а уште пет лица се ранети во училиштето во Брјанск, Русија, кога утрово во одделението...

Свет5 часа

Бразил испраќа војници на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Бразил објави дека распоредува војници долж границата со Венецуела, откако венецуелската влада ги објави плановите за вклучување на областите контролирани...

Македонија5 часа

Запленети непријавени 50.600 евра на скопскиот аеродром

Запленети 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје не ги пријавил кај царинските службеници,...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се одговори зошто веднаш МВР не тргнало во потрага по возилото на убиениот Панче

МВР направи низа пропусти во истрагата за убиствата на Палевски, што ја отвора дилемата дали Вања можела да биде спасена,...

Свет6 часа

Сенатот го блокираше новиот пакет американска помош за Украина и за Израел

Пакетот нова безбедносна помош за Украина и за Израел во вредност од милијарди долари беше блокиран вчера од републиканците во...

Македонија18 часа

Адвокатот на Љупчо Палевски на распит во полициска станица

Адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, замина...

Македонија19 часа

(Видео) Пендаровски: За втор мандат ќе се произнесам кога ќе дојде време, не е момент во овие траорни времиња да зборуваме за втор мандат

Претседателот Стево Пендаровски денеска кажа дека не размислува за втор мандат во вакви траорни времиња. „Прашањето на вашата колешка беше...

Македонија23 часа

Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, информираат од ресорното министерство. Појаснуваат дека истото...

Македонија1 ден

Побарана екстрадиција на Палевски поради убиствата

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција за Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања...

Македонија1 ден

Пендаровски: Функционерите мора да работат и да градат, без да крадат, корупцијата најголем проблем за граѓаните

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна...

Македонија1 ден

Мажoт кој го возел Палевски до Турција доби 48-часовен притвор

Судија го прифати предлогот и определи мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. од Струмица, кој го возел првиоосомничениот...

Македонија1 ден

Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на „кафе“ со малолетно девојче од 13 години, му се обрати Паунов на Спасовски

Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци утрово преку друштвените мрежи му се обрати на Спасовски и рече дека граѓаните не...

Свет1 ден

Украина во голем страв од пораз, Зеленски нагло ја откажа средбата со Американците

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја откажа средбата со американските конгресмени поради несогласување околу идното американско финансирање за неговата земја. Виртуелните...