Контакт

Македонија

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Објавено пред

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор.

Предлогот беше усвоен со консензус, без расправа на Комисијата за избори и именувања, а изборот на Ацевски за директор на Државниот завод за ревизија треба да се случи на пленарна седница што ќе ја закаже претседателот на Собранието.

Претседателот на комисијата, Илија Димовски, рече дека на одлуката претходеле интензивни и конструктивни разговори со сите пратенички групи при што дошле до заедничко најприфатливо решение.


„Мислам дека ова е најдоброто решение, Максим Ацевски од Велес е професионалец со 20-годишно искуство во оваа област. Сакам да им заблагодарам и на другите кандидати кои исто така се врвни професионалци и на пратениците кои беа конструктивни и придонесоа да дојдеме до прифатлив предлог, кој наиде на поширока поддршка. Тоа е добро за демократијата и за подобри резултати на ова важна институција која долго време беше оставена без ревизор, а е особена важна и за организирање на претстојните избори“, рече Димовски.

Неодамна во изјава за медиуми премиерот Заев го обвини токму претседателот на Комисијата, Илија Димовски, дека две и пол години го блокира изборот на државен ревизор.

Според премиерот, со ваквата постапка биле заглавени и други закони, како за АВМУ, за Советот на МРТ и за Судскиот совет.

 

 

 

Македонија

Maлиот Ајан кој го победи карциномот заѕвони на ѕвонче пред да ја напушти Детската клиника

Објавено пред

По долга битка со леукозата, малиот херој Ајан денеска ја напушти Детската клиника во Скопје. Придружен со аплауз од медицинскиот персонал во болницата, Ајан гордо чекореше по болничкиот ходник, се качи на скали и заѕвони на обесеното ѕвонче за да ја обележи победата над болеста.

Персоналот од Детската клиника, со согласност од родителите, го сподели видеото кое предизвика многу емоции и позитивни реакции на социјалните мрежи.

„Овој свет постои оти низ него трчаат и растат децата. Конечно и Ајан истрча, со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан!“, пишува на Фејсбук страницата на Детската клиника.

Ѕвончето со кое Ајан стави крај на болеста, го донирало лице од Ласкарци – човек кој несебично помагаше да се спасат патниците откако автобус на „Дурмо Турс“ лани се преврти на автопатот Скопје-Тетово, а животот го загубија 16 лица.

Министерот за здравство, Венко Филипче, објави фотографија од него и од Ајан, направена за време на новогодишните празници.

„Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан! Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас!“, напиша тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мисовски: Илинден е концептот кој обединува и гарантира заедничка и просперитетна иднина

Објавено пред

Илинден е концептот кој обединува и гарантира заедничка и просперитетна иднина, изјави потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој ја претставуваше собраниската делегација на Мечкин камен во Крушево. Тој од негово име и од името на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој поради здравствени причини не беше во можност да се обрати денес, го честиташе Денот на Републиката. Рече дека денешното одбележување е невообичаено споредено со сите претходни прослави, поради состојбата со ковид-19, меѓутоа неопходно е почитувањето на препораките на Министерството за здравство и мерките преземени од Владата.

„Ќе го надминеме и ова, ќе ја победиме и пандемијата, со сите нејзини негативни последици. Ќе излеземе посилни, обединети и секако помудри и побогати за едно искуство, за една вредност која се чини секогаш ја запоставуваме, а тоа е здравјето и моралните вредности како што се солидарноста, хуманоста и пожртвуваноста, особено на нашите почитувани здравствени работници. Оттука, изразувам почит и благодарност за исклучителната професионалност, посветеност и несебичност што здравствените работници ја покажаа сиот овој изминат период“, изјави Мисовски.

Во обраќањето, Мисовски се осврна на ратификувањето на протоколот за членството во НАТО коментирајќи дека да се биде под чадорот на НАТО значи колективна безбедност, еден за сите – сите за еден, како семејство и заштитник.

„Нас животот не научил, ние секогаш сме биле мултиетничка, мултиконфесионална средина, во која секој си го наоѓал своето сино небо, своето топло сонце, својот душевен мир и парче леб за своето семејство и споделувал и добро и лошо со соседот, со блискиот и подалечниот. Дури повеќе во лоши мигови, затоа што, тагата долго време опстојувала на нашето поднебје. Се чини дека искористувањето на различностите беше инстантна и многу вирулентна почва за лесно подгревање на непријателствата и конфликтите. Меѓутоа, бевме мудри, се издигнавме над тие анахрони сфаќања и извлековме поука: цело е кога има сѐ! Цело е кога се сите среќни, задоволни, рамноправни граѓани, кога секој е правно заштитен и ги ужива истите права и слободи, подеднакво е конкурентен на пазарот на трудот, подеднакво е вреднуван за својот труд и придонес. Затоа што, ова е прекрасна и широкограда земја, во неа има место за секој добронамерник, за секој што ги надминал тесноградите и себични интереси и што ја гледа големата, заедничка слика во која постои взаемна почит и разбирање за поединостите кои не разликуваат, а кои всушност произведуваат најубав мозаик на човештвото“, истакна Мисовски.

Тој е уверен дека сите во земјата веруваат во европската перспектива на нашата земја и тежнееме кон тоа да ја исполниме и втората стратешка цел од независноста на државата, а тоа е да станеме дел од големото европско семејство. Во овој контекст, вели Мисовски, потребни ни се функционални и одговорни институции кои ќе можат да испорачаат видливи и ефективни резултати кои ќе бидат во линија со преговарачката рамка од Европската комисија, за да можеме да ги отвораме поглавјата за членство во Европската унија.

„Имајќи предвид дека неодамна имавме предвремени парламентарни избори и во очекување сме на одржувањето на конститутивната седница на Собранието, апелирам до сите политички чинители, без оглед дали се власт или опозиција, сите кои сме добиле одговорност да ја водиме државата доверена од граѓаните, со визија и мудрост да ја оправдаме нивната доверба и да ги исполниме ветувањата и заложбите дадени пред нив. Граѓаните со право очекуваат брз напредок и развој, безбедност и сигурност кои ќе овозможат својата иднина да ја гледаат и да ја градат дома, во нивните родни места, во нашата заедничка татковина“, додаде Мисовски во своето обраќање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Објавено пред

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче.

Tој апелира на почитување на мерките за заштита од ковид-19, за време на одморите.

„Да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци. Затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете!“, порачува министерот.

Филипче и синоќа на социјалните мрежи предупреди на изложеноста на опасностите за време на празничните денови, пишувајќи:  „Ти си на одмор, но вирусот не е“.

Објавите на министерот следат по информациите за зголемено присуство на народ на туристичките локации во земјава, по повод продолжениот викенд. На голем број снимки и фотографии кои беа објавени може да се забележи голем метеж на плажите и улиците, како и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Видео) Американските астронаути слетаа на Земјата

Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен слетаа во водите недалеку од брегот на Флорида. Спасувачкиот брод „Гоу Навигатор“ овозможи...

Регион8 часа

Преглед на состојбата во регионот: Албанија со нов рекорд на новозаразени, во Косово уште 13 починати

Преглед на состојбата со коронавирус во регионот во последното деноноќие. Нов рекорд на новозаболени во Албанија Откако Албанија вчера регистрираше...

Македонија9 часа

Maлиот Ајан кој го победи карциномот заѕвони на ѕвонче пред да ја напушти Детската клиника

По долга битка со леукозата, малиот херој Ајан денеска ја напушти Детската клиника во Скопје. Придружен со аплауз од медицинскиот...

Македонија13 часа

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче. Tој апелира на почитување на...

Македонија14 часа

Регистрирани 166 новозаразени со коронавирус во Македонија, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски: Помирување ни е потребно повеќе од било кога

Во ерата на националните романтизми и национализми, Илинден остана симбол на неспорно изрзената волја за својата држава, заснована врз демократските...

Економија16 часа

Јавниот и државниот долг се зголемени за над 8 проценти во период од три месеци

Јавниот и државниот долг во второто тромесечје се зголемени за над 8 проценти. Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот...

Македонија16 часа

(Видео) Mицкоски го честита Илинден и се извини за грешките на ВМРО-ДПМНЕ од минатото

Со зборовите од Крушевскиот манифест: „Ура! За ‘Афтономна Македонија’!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од струшкото село Ташмаруништа на граѓаните им го...

Топ17 часа

Mладо момче загина во сообраќајна несреќа кај Кратово, повредени се четири лица

Момче на возраст од 22-години почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат од селото Железница кон селото...

Свет18 часа

Во Мелбурн воведен шестнеделен ноќен полициски час

Во австралиската држава Викторија, чијшто главен град е Мелбурн, е прогласена состојба на катастрофа, а властите воведоа ноќен полициски час...

Македонија19 часа

Вино од Македонија најдено во шишиња со хрватски етикети

Инспекцијата на хрватскиот Државен инспекторат во голема акција за борба против трговијата со фалсификувана храна и пијалоци, кај пет хрватски...

Македонија20 часа

Свеченостите за Илинден годинава без масовни собири

Поради пандемијата на Ковид-19, свеченостите по повод државниот празник Илинден, годинава ќе се одржат во посебни услови во согласност со...

Македонија1 ден

Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е

Министерот за здравство, Венко Филипче порача да се почитуваат мерките за време на одморите. „Ти си на одмор, но вирусот...

Македонија1 ден

Спасовски: Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски денеска се обрати на Комеморацијата по повод сеќавањето на жртвите од Геноцидот над Ромите во...

Македонија1 ден

Штип зад Скопје по бројoт на активни случаи со коронавирус, регистрирани се 16 новозаразени

Во Штип денеска беа регистрирани 16 нови случаи на коронавирус, со што бројот на заразени во градот порасна на 431 лице....

Регион1 ден

Земјите од регионот бележат високи бројки на новозаболени од коронавирус

Во дел од земјите од регионот и денеска беа регистрирани високи бројки на новозаболени од коронавирус. Рекорден број заразени во...

Европа1 ден

Коронавирусот влезе во австриската влада

Австриските власти соопштија дека еден од вработените во Владата е позитивен на Ковид-19, но тој не работел непосредно со канцеларот...

Македонија2 дена

Регистрирани 138 новозаболени, починаа 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на...

Економија2 дена

Синдикатите и здруженијата бараат итно повлекување на одлуката за поскапување на струјата

Група синдикати и здруженија побараа од Регулаторната комисија веднаш да ја повлече Одлуката за поскапувањето на струјата. Зад барањето стојат Синдикат на...

Топ2 дена

Маж пронајден починат со повреда на главата

Скопјанец на возраст од 84 години, синоќа бил пронајден починат на улицата Ѓорѓи Сугаре. Полициските службеници констатирале дека мажот имал...

Досие